Loading...
Дозволете да Ви ги покажеме придобивките од користењето IQOS! Регистрирајте се!
*
*
*
close
Како да го чистите вашиот IQOS уред
Како да го чистите вашиот IQOS уред

Како да го чистите вашиот IQOS уред

НЕПИШАНО ПРАВИЛО Е ДЕКА СЕТО ОНА ЗА КОЕ ВНИМАТЕЛНО СЕ ГРИЖИТЕ, ГО ЧИСТИТЕ И ОДРЖУВАТЕ, ТРАЕ ПОДОЛГО

И покрај тоа што редовното чистење на вашиот уред ќе му го продолжи животниот век, тоа гарантира и уживање во вкус на вистински тутун.

Но, пред да преминеме на правилно чистење на уредот, во период на масовно ширење на – COVID-19, мора да обрнеме внимание на две многу важни работи. А, тие се #СедиДома и посвети посебно внимание и на дезинфекција на надворешноста на уредот.

Бидејќи вашиот уред е секогаш и секаде со вас, тоа значи дека е изложен и на бактерии и микроби кои не се видливи за човековото око. Затоа не заборавајте да го дезинфицирате вашиот IQOS уред! Надворешноста на уредот, држачот или аксесоарите треба да ги избришете со марамче потопено во алкохолен раствор (62-71% изопропил или етанол). По чистењето, марамчето задолжително се фрла. Секако, овие средства користете ги само за чистење на надворешноста на уредот. Користење на овие средства во внатрешноста на уредот можат да го оштетат истиот!

Откако ќе ја дезинфицирате надворешноста на вашиот уред, може да продолжите со детално чистење на внатрешноста.

Зошто е важно да го чистите вашиот уред?

Иако тутунот не гори, поради топлината се испуштаат честички тутун и никотин кои потоа се собираат во држачот. Со редовно чистење можете да бидете сигурни дека ќе уживате во вистинскиот вкус на HEETS.

Кога да го чистите вашиот уред?

Нема потреба да го чистите вашиот држач после секоја употреба, но препорачуваме тоа да го правите по секоја потрошена кутија HEETS. А тоа не’ носи до следното прашање...

Како правилно да го чистите вашиот IQOS уред?

Без разлика кој IQOS уред го имате, IQOS 2.4 Plus, IQOS 3 DUO или IQOS 3 Multi, начинот на чистење е ист. Првото нешто што треба да го направите е да се осигурате дека држачот е комплетно изладен. Потоа, извадете го капачето и протресете го држачот доколку некои парчиња тутун останале заглавени. Следно, ја земате алатката за чистење, го користите подолгиот дел од истата, и со кружни движења го чистите држачот. На крај, со стапчињата за чистење правите нежни, кружни движења во држачот и грејачот. Со акцент на нежни движења бидејќи премногу сила може да го оштети грејачот. Затоа треба да внимавате со каква опрема го чистите уредот, немојте да користите чепкалки и стапчиња за чистење уши.

Како да бидете сигурни дека вашиот IQOS е чист?

Доколку делот околу грејачот на вашиот држач е бел или сив, значи правилно сте ги следеле претходните чекори. И, сега останува последниот чекор...Уживање во вкус на вистински тутун.

За да погледнете видео како да го исчистите вашиот држач за патрони кликнете на линкот на вашиот уред: IQOS 2.4 Plus; IQOS 3 DUO или IQOS 3 Multi.