06/07/2022

IQOS виртуелна зона - на еден клик од тебе

Брзиот ритам на твоето секојдневие често може да те спречи да посетиш некоја од нашите физички IQOS зони?

Сакаш брзо и лесно да направиш нарачка, да се запознаеш со уредите, нивните карактеристики и можности или пак да добиеш одговор на некое твое IQOS прашање?

Уште една причина зашто IQOS е поразличен! Сè ова е достапно, со само еден клик.

За некого многу добро позната и корисна, за некого нова и возбудлива, ја создадовме Виртуелната зона во февруари 2021-та година и гордо можеме да кажеме дека креиравме подобро и сосема уникатно дигитално корисничко искуство за сите IQOS корисници, кај нас.

iqos mk virtuelna zona

А сега, да се потсетиме што всушност претставува IQOS Виртуелната зона:

IQOS зона која што е достапна за своите корисници, има одговор на сите прашања поврзани со IQOS светот и место каде што дигиталното корисничко искуство е на напредно виртуелно ниво.

Со само еден клик на iqos-zone.mk или на копчето во долниот десен агол на нашата веб страница iqos.com можеш да започнеш разговор со некој од нашите IQOS експерти. Тоа се Матеа, Никола или Ана. Експертите од Виртуелната зона можат да го олеснат процесот на нарачка, поточно да ја направат во твое име, да ти дадат одговори на твоите IQOS прашања, во живо да ги презентираат уредите.

Според типот на прашање кое ќе го поставиш, одговорот може да ти биде проследен преку текстуална комуникација – пораки, разменување фајлови, и секако, споделување екран во живо и навигирање. Секако, за виртуелен разговор со нормален тек и без технички проблеми, потребно е да имаш добра интернет конекција и слободно време за разговор со нашите експерти. Да не ги заборавиме и претходно подготвените IQOS прашања. 😊

Корисничкото искуство кое го добиваш на зоните го реплицираме и преку нашата Виртуелна зона, од удобноста на твојот дом или на било кое друго место на кое ќе се најдете во тој момент.

Од понеделник до сабота од 09:00 до 22:00, нашите експерти од IQOS Виртуелната зона се достапни да одговорат на сите твои прашања, а доколку во моментот нема слободен експерт или прашањето го поставуваш надвор од работното време, со цел секогаш да бидеме тука за тебе, ја создадовме и опцијата за закажување разговор. Доколку во моментот кога сакаш да направиш повик, а сите експерти се зафатени, имаш опција да закажеш разговор во оној период од работниот ден, кога ти одговара. Дополнително, ако ги исконтактираш експертите надвор од работното време на Виртуелната зона, повторно имаш опција за закажување на разговор, со одбирање на ден и време кога ти одговара, во прозорчето за разговор.

Сè што треба да направиш е само да ни се обратиш со твоето IQOS прашање!


Виртуелното е новото удобно, уживај во виртуелното IQOS искуство и искористи ги предностите кои ги нуди.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе