14/07/2022

Прашања за експертите од IQOS Виртуелната зона

Инспирирани од желбата за врвна грижа за нашите корисници го создадовме единственото дигитално корисничко искуство кое овозможува брзо и лесно поврзување со нашите IQOS експерти, за сите твои нарачки, дилеми и прашања поврзани со IQOS уредите, нивното користење и одржување.

Секако, зборуваме за нашата IQOS Виртуелна зона, која за кратко време ги помести границите за тоа како треба да изгледа онлајн нарачувањето и достапноста за корисниците на еден сосема поинаков, виртуелен начин.

За оние кои прв пат се запознаваат со Виртуелната зона, прочитајте повеќе во нашиот претходен текст.

За малку подобро да се запознаеме со тоа кој ве навигира низ виртуелниот IQOS свет, зборувавме со тимот, односно експертите од IQOS виртуелната зона. Ана, Никола и Матеа, во продолжение одговараат искрено на нашите прашања:

ana - ekspert od iqos makedonija virtuelna zona
Ана – Експерт од IQOS Виртуелната зона

Колку време е потребно за да се направи нарачка преку Виртуелната зона?

Ана: Во просек за една нарачка потребно ни е околу 10-тина минути. Процесот започнува со креирање на сопствен кориснички профил, па се до бирање на омилена боја на уредот, за кој корисникот ќе се одлучи.

Која е твојата прва помисла кога започнуваш со твојот работен ден во IQOS Виртуелната зона?

Ана: Искрено, секогаш различно. Најчесто преовладува помислата колку успешен би бил овој работен ден, односно до колку луѓе ќе допрам за од конвенционалните цигари се префрлат на нашата подобра алтернатива.

nikola - ekspert od iqos makedonija virtuelna zona
Никола – Експерт од IQOS Виртуелната зона

Од која услуга на Виртуелната зона IQOS корисниците се најзадоволни?

Никола: Самиот концепт на Виртуелната зона е да ги обезбеди речиси сите услуги кои корисниците можат да ги добијат и на нашите физички зони. За време на повикот кон Виртуелната зона, имаме можност да ги претставиме уредите во живо, да ги појасниме нивните карактеристики и начин на користење, полнење, чистење и сè она што значи користење на уредите. Оваа услуга, заедно со онлајн нарачувањето преку Виртуелната зона се едни од најпопуларните, но мислам дека корисниците се најзадоволни кога ги известуваме за некоја активна промоција и најчесто се заблагодаруваат што ги информираме за истата.

Какво е чувството да бидеш првиот и, за сега, единствениот претставник на машката популација во IQOS Виртуелната зона?

Никола: Одлично! Сметам дека најважно е колку ја сакаш работата и колку си посветен, а полот тука не игра многу голема улога. Идеална работна средина и навистина сум задоволен што имаме супер соработка со колешките. 😊

matea - ekspert od iqos makedonija virtuelna zona
Матеа – Експерт од IQOS Виртуелната зона

Кој ти е омилениот дел од работата во IQOS Виртуелната зона?

Матеа: Помошта на корисниците околу процесот на користење на нашите уреди, како и самиот процес на нивно привикнување на истите дефинитивно би го издвоила како омилен дел од мојата работа. Да се биде дел од нечива позитивна промена, што при тоа претставува долгорочен процес и сосема нов дел од нивното секојдневие, ми предизвикува среќа и задоволство.

Што би им препорачала на оние кои сè уште не се доволно опуштени да ве контактираат и да постават прашање преку IQOS Виртуелната зона?

Матеа: Ние сме тука за нашите постојни и потенцијални корисници, подготвени да им одговориме на сите потреби. Сите оние кои сакаат да добијат било каква информација во врска со IQOS уредите, би им препорачала да нè контактираат слободно и тоа уште веднаш. Дополнително, постојано имаме некои IQOS новости да им понудиме, па преку Виртуелната зона можат постојано да се во тек со IQOS светот. На идните корисници кои сè уште не можат да се одлучат да започнат со користење на IQOS, кои имаат било какви прашања или се двоумат, препорачувам слободно да ни се обратат во Виртуелната Зона.


Ова беа нашите шест прашања за експертите, а кои се твоите? 🤔

Клик на iqos-zone.mk и пронајди ги сите одговори, експертите те очекуваат, од понеделник до сабота, од 09:00 до 22:00!

Најнови новости

Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе