Loading...
Дозволете да Ви ги покажеме придобивките од користењето IQOS! Регистрирајте се!
*
*
*
close
support header arrow НАЗАД

Често поставувани прашања

ПРОНАЈДЕТЕ ОДГОВОРИ

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО IQOS

Што е IQOS?

IQOS е револуционерен начин на уживање во тутунот за возрасни пушачи, кои би продолжиле да пушат. IQOS користи патрони од несогорлив тутун и нуди задоволство на вистински тутун. Бидејќи IQOS го загрева тутунот, наместо да го согорува, нема пепел или чад. (Важна информација: користењето IQOS не е без ризик. Никотинот создава зависност.)

Каков тип на производ е IQOS?

IQOS е производ наменет за сите полнолетни пушачи кои сакаат да продолжат со користење на тутнски производи и уживање во вистински тутун без непријатности како што се тутунски чад и пепел. IQOS е софистициран електронски уред кој го загрева, наместо да го согорува тутунот, при што се ослободува аеросол од вистински тутун без чад, пепел и со помалку непријатни мириси.
IQOS има единствено сечило за греење направено од керамика, прекриена со злато и платина. Содржи најсовремена елктроника која ја регулира температурата, со цел да се обезбеди исто ниво на перформанси при секоја употреба.
IQOS не е наменет за луѓе кои престанале со пушење или никогаш не биле пушачи. IQOS и патроните од несогорлив тутун не се наменети за малолетни лица (под 18 години).

Каде може да купам IQOS?

IQOS и целокупното портфолио на производи може да ги најдете и нарачате онлајн. Погледнете го целокупниот каталог на производи. Исто така, производите можете да ги најдете и во IQOS продажните места. Пронајдете го https://mk.iqos.com/mk/lokacii>IQOS продажното место најблиску до Вас.

Која е разликата помеѓу IQOS и цигари

IQOS е подобра алтернатива на пушењето поради тоа што го загрева тутунот наместо да го согорува. Таквиот процес нуди вистински вкус на тутн, без пепел, чад и со помалку мирис.
Со IQOS се испушта во просек 95% помалку опасни соединенија во споредба со цигарите.*
Целосниот премин на IQOS претставува помал ризик по Вашето здравје, во однос на тоа доколку би продолжиле со пушење.
Важни информации: IQOS не е без ризик. Никотинот создава зависност.
* Во споредба со референтна цигара (3R4F). Тоа немора нужно да значи и еднаков процент на намалување на ризикот од 95%.
Доколку сте загрижени за влијанието на пушењето на здравјето, најдобра опција за Вас е целосно да престанете да користите тутун и никотин.

Дали користењето на IQOS е без ризик?

Не. Користењето на IQOS не е без ризик. Со користење на IQOS се ослободува тутунска пареа која содржи во просек 95% помалку штетни соединенија споредено со цигарите*. Целосното преминување на IQOS претставува помал ризик во однос на продолжување со пушење.
Важна информација: користењето на IQOS не е без ризик. Никотинот создава зависност.

Дали IQOS произведува чад?

Не, IQOS не произведува чад, затоа што не го согорува тутунот. Со IQOS се создава тутунска пареа, и тоа е единственото што го гледате кога користите IQOS.

Дали ќе ми помогне IQOS да престанам со пушење?

Не, IQOS не е уред наменет за одвикнување од пушење. Доколку сте загрижени за влијанието на пушењето на здравјето, најдобра опција за Вас е целосно да престанете со користење на тутунски производи.

Дали може да користам цигари со IQOS?

Не. IQOS уредот е дизајниран исклучиво да работи со патрони од несогорлив тутун произведени од Филип Морис, и обратно.
Само со нивна заедничка употреба можете во целост да ги искористите сите предности кои ги ниди IQOS и кои се докажани од страна на PMI science. Сите наши студии се засновани на користење на IQOS уред и патроните од несогорлив тутун на Филип Морис.

Дали е дозволено да се користи IQOS во затворени простории?

Да, дозволено e IQOS да се користи во затворени простории. Законот за заштита од пушење го ограничува користењето внатре само на тутунските производи наменети за пушење. Законот за тутун, тутунски и сродни производи јасно дефинира дека користењето IQOS не е пушење бидејќи при неговото користење не се испушта чад како во случајот на цигарите и другите тутунски производи наменети за пушење.

Дали е IQOS безбеден електронски уред?

IQOS држачот на патрони и полначот се дизајнирани да бидат сигурни, како електронски уреди, кога се користат во согласност со насоките дадени во упатствата за корисници. Држачот и полначот се во согласност со барањата за електронска сигурност на потрошувачите на ЕУ која се означува со “CE" (Европска согласност) симболот на пакувањето. За повеќе детали погледнете го упатството за корисници.

ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

Каде може да се обратам доколку имам прашања поврзани со IQOS?

За сите прашања поврзани со IQOS контактирајте го нашиот тим за грижа на корисници:
Телефон: 0800 99 099
Е-Пошта: contact.mk@iqos.com

За мене е IQOS е нешто ново? Дали нудите персонализрана поддршка? Дали е бесплатнa?

Знаеме дека за некои полнолетни пушачи е предизвик да се префрлат на IQOS.
Затоа Ве охрабруваме да се придружите во нашата бесплатна и ефикасна програма за поддршка откако ќе го набавите Вашиот IQOS уред.
Вашиот личен IQOS преставник ќе биде тука за Вас за да Ви одговори на Вашите прашања преку телефон, е-пошта, инстант порака – како Вам најмногу Ви одговара.
Како овој програм Ви помага? Ќе добиете помош како да го користите уредот во првите неколку денови, ќе Ви се објасни како да чистите и одржувате Вашиот уред и ќе бидете во можност да добиете совети за IQOS уредот секогаш кога Ви е потребно. Нашите високо обучени претставници ќе Ве следат и Ве мотивираат на секој чекор од Вашето патување.

Како може да се пријавам во програмaта за персонализирана поддршка?

Контактирјате го нашиот тим за грижа на корисници преку бесплатниот телефонски број или преку е-пошта.
Нашиот тим е достапен од понеделник – сабота: 09:00 – 21:00 и недела: 10:00 – 18:00.
Бесплатен телефонски број: 080099099
Е-пошта: contact.mk@iqos.com
Или побарајте помош во најблиската IQOS продажна локација. Сите IQOS продажни локации обезбедуваат поддршка. Пронајдете го IQOS продажното место најблиску до Вас.

Кој може да се пријави за програмата за персонализирана поддршка?

За да се приклучите, мора да бидете полнолетен пушач кој би сакал да продолжи да ужива во тутунските производи и да премине од цигари на IQOS. Тоа е тоа!

Што да правам ако имам проблем со мојот IQOS уред?

Ако Вашиот IQOS уред не работи, едноставно ресетирајте го Вашиот уред.
Се уште имате проблем? Контактирјате го нашиот тим за грижа на корисници преку бесплатниот телефонски број или преку е-пошта.
Нашиот тим е достапен од понеделник – сабота: 09:00 – 21:00 и недела: 10:00 – 18:00.
Бесплатен телефонски број: 080099099
Е-пошта: contact.mk@iqos.com
Или побарајте помош во најблиската IQOS продажна локација. Сите IQOS продажни локации обезбедуваат поддршка за гаранција. Пронајдете го IQOS продажното место најблиску до Вас.

Како да го исчистам IQOS уредот?

Можете едноставно да го исчистите Вашиот IQOS™ и капак во неколку чекори:
IQOS држач
Подготовка

  1. Исклучете го Вашиот држач за IQOS
  2. Почекајте најмалку 30 секунди за да се олади оштрицата
  3. Извадете го капачето
  4. Отворете ја алатката за чистење IQOS и проверете дали не е деформирана и без честички

Вметнете го чистачот
  1. Вметнете ја IQOS алатката за чистење со директно и нежно движење сè додека не го допре дното на комората за греење
  2. Сеуште на завртувајте

Исчистете
  1. Без дополнителен притисок, нежно завртете ја IQOS™ алатката за чистење 2-3 пати
  2. Престанете со вртење и извадете ја алатката за чистење од држачот
  3. Нежно допрете го држачот и алатката за чистење за да ги отстраните остатоците од тутун

Завршете – користете IQOS™ стапчиња за чистење како завршен допир
  1. Вметнете го IQOS™ стапчето за чистење директно по должината на комората
  2. Не притискајте или удирајте во грејачот
  3. Не обидувајте се да го исчистите грејачот
  4. Во случај IQOS™ стапчето за чистење да се заглави, не присилувајте. Едноставно, повторно искористете ја IQOS™ алатката за чистење и повторете ги горенаведените чекори.

IQOS Капаче
  1. Исчистете ја внатрешноста на капачето на IQOS одозгора со помош на стап за чистење IQOS
  2. Исчистете го дното на капачето со помош на IQOS™ алатка за чистење:

  3. a. Вметнете ја IQOS™ алатката за чистење сè додека не го допре дното на капачето
    b. Без дополнително притискање, нежно завртете ја алатката за чистење IQOS 2-3 пати
    c. Престанете да вртите и нежно допрете го капакот и IQOS™ алатката за чистење IQOS за да го отстраните остатокот од тутун.

Како да ја исчистам IQOS алтката за чистење?

Нежно допрете ја IQOS™ алатката за чистење на цврста површина и користете крпа за да се ослободите од остатоците.
Не ја чистете со вода за да избегнете контакт на електрониката на IQOS™ со влага.

Колку често треба да го чистам мојот IQOS?

За да го осигурате оптималниот вкус, препорачуваме да го чистите Вашиот IQOS™ еднаш дневно или по искористени 20 патрони од несогорлив тутун.
Доколку сакате можете да го чистите и почесто.
Редовното чистење на вашиот IQOS ™ ќе го направи процесот на чистење брз и едноставен.
Користете само оригинални IQOS ™ алатки за чистење IQOS за да го исчистите Вашиот IQOS.

Кои се оптималните услови за чување на IQOS?

Чувајте го IQOS уредот подалеку од вода, дирекно на сонце и/или топлина.
Не го оставајте IQOS уредот на подолг временски период на жешки места, како што е во автомобил, затоа што батеријата и електониката може да се оштетат или значително да им се намали функцијата.

Зошто да се регистрирам и кои се продобивките?

Со регистрацијата, ќе добивате новости и информации за IQOS™ производи и услуги, покани за учество во специјални настани и активности, како што се презентација на нови производи или попусти и промоции, персонализирани информации за производи и специјални понуди и/или услуги, пристап до ексклузивни содржини или настани и новости кои се релевантни за Вас.

Како наједноставно да го регистрирам мојот IQOS?

Можете да го регистрирате Вашиот IQOS™ уред со пополнување на сите потребни информации во формуларот за регистрација и со прифаќање на Условите и правилата, или со посета во една од нашите IQOS продажни локации, каде што ќе го регистрирате Вашиот уредот со помош на нашите IQOS експерти за продажба. Пронајдете го IQOS продажното место најблиску до Вас.

СООПШТЕНИЕ ЗА IQOS ОД FDA

Што е FDA?

FDA (Food and Drug Administration) т.е. Агенцијата за храна и лекови е федерална агенција во рамки на Министерството за здравство и социјални услуги на Соединетите Американски Држави, едно од извршните федерални министерства на САД. FDA е одговорна за регулирање, меѓу другото, на производството, продажбата и дистрибуцијата на тутунски производи во САД со цел заштита на јавното здравје и намалување на употребата на тутун кај малолетните лица.

По сеопфатна анализа на научните докази, Агенцијата за храна и лекови на САД го одобри налогот за пуштање на пазарот за IQOS, со следниве заклучоци:

По сеопфатна анализа на научните докази обезбедени од страна на Филип Морис, FDA даде дозвола IQOS да се комерцијализира во Соединетите Американски Држави со следниве информации:

“a) IQOS го загрева, а не го согорува тутунот;
б) употребата на овој уред значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии;
в) научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS значително ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.”

Важни информации: IQOS не е без ризик. Со негова употреба се ослободува никотин, кој создава зависност.
*Извор: Налог на FDA за комерцијализација на системот IQOS од 7 јули 2020 година.

Што е MRTP?

MRTP е кратенка од Modified Risk Tobacco Product, што во превод значи тутунски производ со модифициран ризик.
На 7 јули 2020 година, Агенцијата за храна и лекови (FDA) на САД даде овластување за комерцијализација на IQOS уредот во САД, заедно со три различни варијанти на HeatSticks, со тврдење дека со нивна употреба се намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни состојки. Со ова IQOS е првиот и единствен систем за загревање тутун во САД кој е одобрен како тутунски производ со модифициран ризик и кој ги информира потрошувачите за намалена изложеност на штетни и потенцијално штетни состојки.
Агенцијата за храна и лекови на САД ги донесе ваквите одлуки по неколкугодишни прегледи на сите научни докази кои се достапни за IQOS. Од почетокот до крајот на научните прегледувања, FDA постави 86 прашања во врска со примената на производот, бараше појаснувања или дополнителни податоци.
Откако ги разгледа научните докази за IQOS, Агенцијата за храна и лекови на САД го одобри налогот за пуштање на пазарот за IQOS, со следниве заклучоци:
“a) IQOS го загрева, а не го согорува тутунот;
б) употребата на овој уред значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни хемикалии;
в) научните истражувања потврдуваат дека целосен премин од класичните цигари на IQOS значително ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.”

Важни информации: IQOS не е без ризик. Со негова употреба се ослободува никотин, кој создава зависност.
*Извор: Налог на FDA за комерцијализација на системот IQOS од 7 јули 2020 година.

Која е разликата помеѓу одобрение и овластување од FDA?

FDA т.е. Агенцијата за храна и лекови е владина агенција во САД одговорна за заштита на јавното здравје. FDA регулира разни производи за потрошувачите, вклучувајќи и тутун. Сепак, американскиот закон експлицитно забранува да се тврди, изрично или имплицитно, дека тутунскиот производ е „одобрен од FDA“, бидејќи законските стандарди што важат за тутунски производи не се наменети да покажат, меѓу другото, дека тутунскиот производ е „безбеден“ или „ефективен“ (т.е. стандардите што важат за лекови и медицински помагала) со оглед на тоа што не сите тутунски производи се без ризик. Наместо тоа, FDA овластува (или не) пуштање на тутунски производи на пазарот во САД како „тутунски производи со модифициран ризик“, кога тие се наменети да се продаваат со тврдења за модифициран ризик или изложеност. Philip Morris International достави повеќе барања за MRTP за системот IQOS.
По детално разгледување, FDA издаде налог за модифицирана изложеност, со кој се потврдува дека IQOS „значително го намалува создавањето на штетни или потенцијално штетни состојки“ и дека „целосното преминување од конвенционални цигари на системот IQOS значително ја намалува изложеноста на штетни или потенцијално штетни состојки*.

Важни информации: IQOS не е без ризик. Со негова употреба се ослободува никотин, кој создава зависност
Извор: Испитувања за намалена изложеност на штетни состојки спроведени од PMI во траење од 3 месеци, во Јапонија и САД, во речиси реални услови. Во текот на овие испитувања, била мерена изложеноста на 15 штетни состојки и биле споредени нивоата забележани кај пушачи кои преминале на IQOS со нивоата измерени кај пушачи кои продолжите да пушат цигари.

Која е разликата помеѓу IQOS како MRTP и цигарите?

Одлуките на американската Агенција за храна и лекови, со кои се овластува комерцијализација на IQOS системот со информации за намалена изложеност на штетни состојки, покажуваат дека IQOS е фундаментално различен производ во споредба со цигарите. IQOS е подобар избор за возрасни пушачи кои би продолжиле да пушат. За разлика од цигарите, системот IQOS го загрева тутунот наместо да го гори. Ова значително го намалува создавањето на штетни или потенцијално штетни состојки во споредба со чадот од цигарите.
Покрај тоа, научните студии покажаа дека целосното преминување од конвенционални цигари на системот IQOS значително ја намалува изложеноста на телото на штетни или потенцијално штетни состојки.*

Важни информации: IQOS не е без ризик. Со негова употреба се ослободува никотин, кој создава зависност.
*Извор: Испитувања за намалена изложеност на штетни состојки спроведени од PMI во траење од 3 месеци, во Јапонија и САД, во речиси реални услови. Во текот на овие испитувања, била мерена изложеноста на 15 штетни состојки и биле споредени нивоата забележани кај пушачи кои преминале на IQOS со нивоата измерени кај пушачи кои продолжите да пушат цигари.

Која е разликата помеѓу IQOS како тутунски производ со изменет ризик и производите за „вејпинг“?

Слично на нашиот систем IQOS кој загрева, а не согорува, производите за „вејпинг“ се производи без тутунски чад кои се алтернатива на пушењето. Сепак, има и важни разлики помеѓу нив. Електронските цигари не содржат тутун. Наместо тоа, тие ја загреваат електронската течност (e-liquid) која содржи никотин и ароми и така се создава аеросол.
Досега, ниту еден производ за „вејпинг“ не е овластен за продажба од страна на американската FDA.
Системот IQOS е првиот и единствен систем за загревање тутун кој е овластен во САД како тутунски производ со модифициран ризик. FDA заклучи дека целосно преминување на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни или потенцијално штетни состојки.*

Важни информации: IQOS не е без ризик. Со негова употреба се ослободува никотин, кој создава зависност.
* Испитувања за намалена изложеност на штетни состојки спроведени од PMI во траење од 3 месеци, во Јапонија и САД, во речиси реални услови. Во текот на овие испитувања, била мерена изложеноста на 15 штетни состојки и биле споредени нивоата забележани кај пушачи кои преминале на IQOS со нивоата измерени кај пушачи кои продолжите да пушат цигари.

Како соопштението од FDA на САД ја менува продажбата на производите без тутунски чад на Филип Морис?

Одлуките на американската FDA, со кои се овластува комерцијализирање на IQOS на пазарот во САД со информации за намалена изложеност, нè поттикнува да ја продолжиме нашата мисија за замена на цигарите со производи засновани на наука, без чад и со примена на нашите одговорни продажни практики.

Продажните практики на Филип Морис мора секогаш да се придржуваат кон следниве четири основни принципи:

1) Ние ги пласираме и продаваме нашите производи на возрасни пушачи.
2) Ние ги предупредуваме потрошувачите за здравствените ефекти на нашите производи.
3) Промоцијата на нашата производи е транспарентна и точна.
4) Го почитуваме законот.

IQOS 3 DUO

Што е претставува новиот IQOS ProtectPlus™ систем?

IQOS ProtectPlus™ овозможува многу напредни карактеристики поврзани за дизајнот и технологијата кои го редефинираат концептот на заштита и сигурност на IQOS 3™ уредите:

  • јака надворешност што дава голема отпорност на уредот
  • странична врата која обезбедува одлични перформанси
  • нова технологија што обезбедува долг животен век на батеријата
  • електронска комора* на вашиот IQOS 3™ држач е редизајнирана и дава голема издржливост на уредот

*Електронската комора се однесува на делот на IQOS™ држачот каде се сместени сите електронски елементи.

Која е оптимална работна температура на IQOS 3 DUO уроедот?

IQOS 3 DUO е дизајниран да работи на голем температурен опсег, но надобар вкус на патроните од несогорлив тутун се постигнува кога уредот се користи на температура од 0°C до 50°C.

Што означуваат вибрациите на уредот?

Вибрациите на IQOS 3 DUO држачот се активираат во следните ситуации:

  • На почетокот на загревањето (штом го притиснете копчето на држачот за почеток) – една вибрација
  • Кога уредот е спремен за користење – две вибрации
  • Кога користењето е речеси готово (30 секунди пред крај) – две вибрации

Како да го проверам статусот на држачот за патрони од несогорлив тутун?

Постојат два начини на кои може да проверите кој е статусот на држачот на патрони, односно колку користења се можни без дополнително да се полни. Тоа може да го направите или преку самиот држач или преку полначот:
За да го проверите статусот преку држачот на патрони:
Притиснете и пуштете го копчето на држачот:

  • двете сијалички светат значи спремен за две користења
  • една сијаличка свети значи спремен за едно користење
  • Сијаличките не светат значи држачот не е наполнет

За да се провери статусот на држачот на патрони преки полначот:
Притиснете и пуштете го копчето на полначот.
  • две сијалички светат значи спремен е за две користења
  • една сијаличка свети значи спремен е за едно користење

Како да го ресетирам IQOS 3 DUO уредот?

IQOS 3 DUO уредот може да го ресетирате едноставно си притискање и држење на копчето на полначот во траење од 10 секунди (додека сијаличките не се угаснат), а потоа пуштете го копчето.
Сите сијалички кои покажуваат статус ќе се исклучат, ќе засветат три пати а потоа ќе се намали нивото на светлото на сијаличките со што се потврдува ресетирањето на уредот.

Како може да го проверам нивото на батеријата на полначот?

За да го проверите нивото на батеријата на IQOS 3 DUO полначот, притиснете и пуштете го копчето на полначот.
Сијаличката за статус на полначот ќе се вклучи на 3 секунди за да го означи нивото на батеријата:
4 LED = повеќе од 75% е наполнета батеријата
1 LED = ниско ниво на полнење на батеријата. Потребно е да се наполни.

Колку време е потребно да се наполни полначот на IQOS уредот?

Потребни се околу 120 минути за целосно да се наполни полначот на Вашиот IQOS 3 DUO. Полнете го исклучиво со IQOS AC адаптерот и USB кабелот кои ги добивте при купување на Вашиот уред.

IQOS 3 MULTI

Како може да го проверам нивото на батеријата?

Нивото на батеријата може лесно да ја проверите преку следните чекори:

  1. Притиснете го копчето на IQOS 3 MULTI во времетраење од една секунда.
  2. Сијаличките за статус на батеријата ќе се запалат и ќе го покажат нивото на батеријата, при што четири LED сијалички означуваат дека батеријата е 75% или повеќе полна, а една LED сијаличка значи дека батеријата е речеси празна и треба да се наполни.

Колку време е потребно да се наполни IQOS уредот?

Потребно е околу 75 минути целосно да се наполни Вашиот IQOS 3 Multi. Полнете го IQOS 3 Multi уредот исклучиво со IQOS AC адаптерот и USB кабелот кои ги добивте при купување на Вашиот уред.

Како да го ресетирам уредот?

Вашиот IQOS 3 Multi можете едноставно да го ресетирате со притискање и држење на копчето во траење од 10 секунди и потоа го пуштате копчето.
Светлото на сијаличките ќе намалува и зголемува, со што се потврдува ресетирањето на уредот.

Што означуваат вибрациите на уредот?

Вибрациите на IQOS 3 Multi се активираат во следните случаи:

  • На почеток на загревањето (штом го притиснете копчето за старт) - една вибрација
  • Кога уредот е спремен да се користи - две вибрации
  • Кога користењето на патронот е речеси пред крај (30 секунди пред крај на сесијата) - две вибрации

Што означувааат сијаличките на мојот IQOS 3 Multi?

Сите бели сијалички означуваат дека уредот извршува различни операции, како што се полнење, повторно иницијализација, подготвен за употреба, целосно наполнет итн. Сите црвени сијалички означуваат дека уредот е во дефет или уредот работи надвор од неговата работна температура (0 - 50 ° C).
Направете ресет на Вашиот уред и обидете се повторно.
Се уште имате проблем? Контактирјате го нашиот тим за грижа на корисници преку бесплатниот телефонски број или преку е-пошта.
Нашиот тим е достапен од понеделник – сабота: 09:00 – 21:00 и недела: 10:00 – 18:00.
Бесплатен телефонски број: 080099099
Е-пошта: contact.mk@iqos.com
Или побарајте помош во најблиската IQOS продажна локација. Сите IQOS продажни локации обезбедуваат поддршка за гаранција. Пронајдете го IQOS продажното место најблиску до Вас.

Која е оптимална работна температура на уредот?

IQOS 3 MULTI е дизајниран да работи во широк температурен опсег, но најдобар вкус на патроните од несогорлив тутун се постигнува кога уредот се користи на температури помеѓу 0℃ и 50℃.

IQOS 2.4 PLUS

Која е оптимална работна температура на уредот?

IQOS 2.4 Plus е дизајниран да работи на широк температурен опсег, но најдобар вкус на патронот од несогорлив тутун се постигнува кога уредот се користи на температури помеѓу 10℃ и 40℃.

Што означува црвената сијаличка на држачот за потрони од несогорлив тутун?

    Црвената сијаличка на држачот на IQOS 2.4 може да означува дека:
  1. Држачот не е наполнет
  2. Уредот е надвор од оптималната работна температура (10 ° C – 40 ° C)
  3. Сте притиснале на копчето на полначот додека го корисите
  4. Дефект на држачот
    За да го решите проблемот, можете да го пробате следново:
  1. Проверете дали IQOS 2.4 Plus полначот е вклучен и има доволно батерија
  2. Вратете го држачот во полначот и почекајте додека не се наполни целосно (до 4 минути)
  3. Проверете дека контактните површини на дражачот се чисти
  4. Доколку ниту едно од горенаведените работи не помага, направете ресет на Вашиот уред
    Се уште имате проблем? Контактирјате го нашиот тим за грижа на корисници преку бесплатниот телефонски број или преку е-пошта.
    Нашиот тим е достапен од понеделник – сабота: 09:00 – 21:00 и недела: 10:00 – 18:00.
    Бесплатен телефонски број: 080099099
    Е-пошта: contact.mk@iqos.com
    Или побарајте помош во најблиската IQOS продажна локација. Сите IQOS продажни локации обезбедуваат поддршка за гаранција. Пронајдете го IQOS продажното место најблиску до Вас.

Што означува црвената сијаличка на полначот

  1. Црвена сијаличка на полначот на IQOS 2.4 Plus означува дефект на држачот.
  2. Трепкачка црвена сијаличка додека се полни значи дека батеријата на држачот го достигнала крајот на својот животен циклус.
  3. Црвена сијаличка на долната сијаличка на полначот означува дефект на полначот или уредот е надвор од оптималната работна температура (10 ° C - 40 ° C)

Ве молиме, направите ресет на вашиот уред и проверете дали е во оптималната работна температура
Се уште имате проблем? Контактирјате го нашиот тим за грижа на корисници преку бесплатниот телефонски број или преку е-пошта.
Нашиот тим е достапен од понеделник – сабота: 09:00 – 21:00 и недела: 10:00 – 18:00.
Бесплатен телефонски број: 080099099
Е-пошта: contact.mk@iqos.com
Или побарајте помош во најблиската IQOS продажна локација. Сите IQOS продажни локации обезбедуваат поддршка за гаранција. Пронајдете го IQOS продажното место најблиску до Вас.

Како да го ресетирам уредот?

Ресетирањето на Вашиот IQOS 2.4 Plus уред може да го направите едноставно со истовремено притскање и отпуштање на копчињата за Bluetooth и копчето за вклучување додека сијаличките не затреперат кратко.

Што означуваат вибрациите на уредот?

Вибрациите на држачот на патрони од несогорлив тутун се активираат во следните ситуации:

  • На почеток на загревањето на патронот (кога ќе го притиснете копчето за старт)
  • Кога консумацијата на патронот е речеси готово (околу 30 секунди пред крај

Како може да го проверам нивото на батеријата на полначот?

Нивото на батеријата на полначот може да ја проверите едноставно со следните неколку чекори:

  1. Копчето за вклучување односно исклучување, притиснете го подолго од една секунда
  2. LED сијаличките ќе се вклучат и ќе го означат нивото на полнење, при што една LED сијаличка значи ниско ниво, а четири LED сијалички значи дека уредот е целосно полн

Колку време е потребно да се наполни IQOS уредот?

Потребни се околу 120 минути за целосно да се наполни IQOS 2.4 Plus полначот. При полнење на IQOS 2.4 Plus уредот користете исклучиво IQOS AC адаптерот и USB кабелот кои ги добивте при купување на IQOS 2.4 Plus уредот.

ОНЛАЈН НАРАЧКИ

Дали можам да плаќам со картичка при испорака?

Да, при испорака на Вашата нарачка може да плаќате со картичка или во готово.

Дали може да платам онлајн?

Не, плаќањето на нарачаниот IQOS и/или соодветните додатоци се врши по достава, доколку имате избрано испорака до дома.

Што е потребно да приложам при подигнување на нарачката?

При испорака на нарачката на Вашата адреса, мора да го покажете кодот кој сте го добиле како и Ваш документ за лична идентификација на увид.

Дали може да нарачан онлајн за некој друг (пр. за подарок)?

Не, сите онлајн нарачки мора да бидат лични.

За колку дена од нарачката ќе ми биде испорачан IQOS на дефинираната адреса?

Вашата нарачка ќе биде испорачана најмногу во рок од 3 дена.

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација на производ?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате на бесплатниот телефонски број 0800 99 099 или преку e-mail на: contact.mk@iqos.com, дополнително вашата забелешка може да ја пријвите преку нашите официјални IQOS продажни места.

ПАТРОНИ ОД НЕСОГОРЛИВ ТУТУН

Дали патроните од несогорлив тутун содржат никотин?

Да, тутунските патрони содржат никотин кој предизвикува зависност.
Никотинот е природно присутен во тутунот кој се користи во патроните од несогорлив тутун. Се испушта во пареата која се генерира при користењето на IQOS.

Зошто патроните од несогорлив тутун имаат различен вкус од цигарите?

Вкусот на патроните од несогорлив тутун е различен од вкусот на цигарите затоа што IQOS го загрева тутунот, односно не го согорува.
Со загревање на тутунот, се ослободува вистински вкус на тутун.
Патроните се прават од специјално избрани мешавини на тутун.

Каков е составот на патроните од несогорлив тутун?

Патроните од несогорлив тутун се ултра-компактни и прецизно дизајнирани. Тутунските патрони обезбедуваат постојан вкус на тутун, задоволство и уживање кога се загреваат со IQOS уредот.
Тутунскиот дел се состои од внимателно избран, фино мелен и посебно припремен тутун кој дава најдобар вкус додека се загрева.
Нетутунскиот дел се состои од:
Чеп за ладење - направен од материјал кој се базира на пченка, кој се користи и во медицински и прехрамберни индустрии.
Комора за проток на воздух - дизајнирана е да го држи тутунот и да пренесе аеросол до чепот за ладење.
Заштитна фолија - заштитната алуминиумска фолија помага за добивање на постојано искуство.
Филтер - има слична улога како и кај филтерот на цигари. Произведен е од целулозен ацетат.

ПРЕПОРАЧАЈ НА ПРИЈАТЕЛ

Го изгубив мојот единствен код. Што да правам?

Јавете се на бесплатниот телефонски број 0800990 99 или посетете го најблиското IQOS продажно место и побарајте повторно да ви испратат СМС-порака со код.

Каде можам да го потрошам кредитот којшто го добив?

Кредитот можете да го потрошите само во одбрани IQOS продажни места. Списокот на продажни места коишто учествуваат во програмата можете да го најдете тука.

Како можам да го споделам кодот?

Кодот можете да го споделите на начин на којшто вам најмногу ви одговара, на пример преку: СМС-порака, Viber, WhatsApp, е-пошта...

Дали можам да потрошам половина од добиениот кредит?

Да. Кредитот можете да го трошите во делови, поделен по вредност од 300 денари, односно колку што е вредноста на еден ваучер. Доколку потрошите помалку од 300 денари, не добивате кусур за преостанатиот износ. Можете да доплатите за производи чијашто вредност е поголема од вредноста на кредитот.

До кога можам да го искористам добиениот кредит?

Добиениот кредит можете да го потрошите во рок од 6 месеци од денот на добивање на кредитот.

Дали можам да го дадам добиениот кредит на друго лице?

Не, кредитот не може да се пренесува. За да го искористите кредитот, потребно е да дојдете во продажно место на IQOS и со себе да го понесете вашиот мобилен телефон.

Колку време важи мојот код?

Кодот нема рок на траење, важи од денот кога сте ја добиле СМС-пораката со код.

Дали некој друг може да го искористи мојот кредит?

Не, само вие.

Го променив мојот телефонски број, што да правам во тој случај?

Потребно е да се јавите во корисничкиот центар на IQOS на 0800 99 0 99 и да им го објасните вашиот проблем на колегите коишто ќе ви помогнат истиот да го решите.

Мојот пријател купи уред користејќи го мојот код, но јас не добив дополнителен кредит.

Ве молиме да се јавите во корисничкиот центар на IQOS на 0800 99 0 99 за заедно да проверите во што е проблемот и истиот да го решите.

Како можам да ја откажам услугата за добивање известувања и активности?

Многу е едноставно, потребно е да се јавите во корисничкиот центар на IQOS на бесплатниот телефонски број 0800 99 0 99 и да ја откажете комуникацијата.

Колку пати можам да го споделам кодот со моите пријатели?

Вашиот код можете да го споделите повеќе пати со различни пријатели. Многу е важно вашите пријатели да бидат возрасни пушачи коишто досега не купиле IQOS уред.

Дополнителна поддршка