myiqos лого

Први чекори со IQOS 2.4 PLUS

Како да го користиш IQOS 2.4 PLUS?

1. Провери дали полначот е вклучен со кратко притискање на копчето на полначот.

2. Доколку сијаличките на полначот светат, уредот е подготвен за употреба, во спротивно вклучи го полначот со притискање на копчето околу 4 секунди или наполни го уредот.

3. Отвори го капакот на полначот и вметни го држачот. Кога ќе започне да трепка сијаличката на полначот, значи држачот се полни.

4. Со целосно полн држач, спремен си за користење. Вметни го патронот во држачот.

5. Притисни го копчето на држачот. Ќе почуствуваш вибрација со тепкачка сијаличка на држачот. По неколку секунди сијаличката ќе свети континуирано, а ти ќе можеш да започнеш со користење.

6. Кога сијаличката на држачот ќе се исклучи, користењето е завршено.

Како да го наполниш IQOS 2.4 PLUS?

1. Вметни го држачот во полначот и затвори го капакот на полначот. Трепкачката сијаличка значи држачот се полни. Со континуирано светење на малата сијаличка веќе имаш полн држач.

2. Кога статусот на батеријата од твојот IQOS 2.4 PLUS полнач повеќе не е полн, потребно е да го наполниш твојот уред, користејќи ги оригиналниот IQOS струен адаптер и USB кабел.

Како да го чистиш IQOS 2.4 PLUS?

1. По користењето, остави го држачот да се олади, а потоа отвори го капакот на држачот.

2. Вметни ја алатката за чистење и направи неколку полукружни движења, а потоа внимателно извади ја од држачот.

3. За да имаш целосно корисничко искуство, користи ги и стапчињата за чистење, избегнувајќи го сечилото

Кратки совети од нас, за тебе

iqos 2.4 plus

Секогаш правилно вметни го патронот

Никогаш не го навртувај патронот од несогорлив тутун додека го вметнуваш во држачот за патрони на твојот IQOS 2.4 PLUS, бидејќи тоа може да го оштети сечилото за загревање.

Погледни го видеото
iqos адаптер

Имај секогаш наполнет уред

Не забораваj секојдневно да ја полниш батеријата на полначот на IQOS 2.4 PLUS. Полнењето е побрзо ако е вклучено на штекер отколку на USB-портите на лаптопот или друг уред.

Погледни го видеото
iqos 2.4 plus

Чисти го редовно твојот уред за целосно искуство

Чистењето на уредот е најважната работа за одржување на твојот IQOS 2.4 PLUS. Не заборавај, уредот се чисти кога сечилото е оладено со IQOS сетот за чистење.

Погледни го видеото

Дали ти треба поддршка за користење на IQOS 2.4 PLUS?

Или можеби некои совети? Научи како да го користиш, исчистиш и наполнеш го твојот IQOS 2.4 PLUS и најди брзи совети.
Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.