Први чекори со IQOS 3 DUO

Како да го користиш IQOS 3 DUO?

1. Притисни на копчето на полначот за да го провериш статусот на батеријата.

2. Притисни на копчето на држачот за да го провериш неговиот статус. Доколку светат двете сијалички, имаш на располагање две користења, доколку свети една сијаличка имаш едно користење, а доколку не светат сијаличките мораш прво да го наполниш држачот во полначот.

3. Вметни го патронот во држачот и задржи го копчето на држачот за да започнеш со користење.

4. Прва вибрација претставува започнување на процесот на загревање. Втората вибрација те известува дека може да започнеш со конзумација. Пред самиот крај ќе ја почуствуваш и третата вибрација.

5. Отвори го капакот на држачот и одложи го патронот, а потоа затвори го капакот на држачот и врати го држачот во полначот.

Како да го полниш IQOS 3 DUO?

1. Притисни на копчето на полначот за да го провериш статусот на батеријата. Доколку е празен твојот уред, користи ги оригиналниот струен адаптер и USB кабел. Трепкачката сијаличка го означува полнењето на уредот. Кога сијаличката ќе свети континуирано, твојот уред е полн.

2. Доколку двете кружни сијалички на уредот светат континуирано, можеш да имаш две користења со држачот. Во спротивно, потребно е да се наполни држачот во полначот.

Како да го чистиш IQOS 3 DUO?

1. По користењето, остави го држачот да се олади околу 30 секунди, а потоа отвори го капакот на држачот.

2. Вметни ја алатката за чистење и направи неколку полукружни движења, а потоа внимателно извади ја од држачот.

3. За да имаш целосно корисничко искуство, користи ги и стапчињата за чистење, избегнувајќи го сечилото

Кратки совети од нас, за тебе

IQOS 3 DUO

Секогаш правилно вметни го патронот

Никогаш не го навртувај патронот од несогорлив тутун додека го вметнуваш во држачот за патрони на твојот IQOS 3 DUO, бидејќи тоа може да го оштети сечилото за загревање.

Погледни го видеото
IQOS 3 DUO

Имај секогаш наполнет уред

Не забораваj секојдневно да ја полниш батеријата на полначот на IQOS 3 DUO. Полнењето е побрзо ако е вклучено на штекер отколку на USB-портите на лаптопот или друг уред.

Погледни го видеото
IQOS 3 DUO

Чисти го редовно твојот уред за целосно искуство

Чистењето на уредот е најважната работа за одржување на твојот IQOS 3 DUO. Не заборавај, уредот се чисти кога сечилото е оладено со IQOS сетот за чистење.

Погледни го видеото

Дали ти треба поддршка за користење на IQOS 3 DUO?

Или можеби некои совети? Научи како да го користиш, исчистиш и наполнеш го твојот IQOS 3 DUO и најди брзи совети.
Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.