Loading...
Сакате да дознаете повеќе за IQOS? Оставете Ваш контакт!
*
*
*
close

Предизвици со IQOS 3 MULTI

Дали го наполнивте Вашиот IQOS 3 MULTI?

Дали го наполнивте Вашиот IQOS 3 MULTI?

Притиснете го копчето на Вашиот IQOS 3 MULTI; сијаличките за статусот на батеријата (на дното на уредот) треба да се вклучат. Ако не се вклучат, тогаш притиснете го и држете го копчето 4 секунди додека не се вклучи малата сијаличка. Сијаличките на батеријата треба да останат вклучени откако повторно ќе го притиснете копчето.
Ако не светат сијаличките, тогаш наполнете го вашиот IQOS 3 MULTI со затворање на капакот и со употреба на официјалниот адаптер за напојување и AC кабел за IQOS најмалку 20 минути*. Препорачуваме целосно да го наполните вашиот IQOS 3 MULTI. Полнењето може да трае до 75 минути. Откако уредот целосно ќе се наполни, сијаличките за статусот на батеријата ќе се исклучат.
*Имајте предвид дека USB-портите за лаптоп може да немаат доволно моќ да го наполнат вашиот џебен полнач. Наместо тоа, препорачуваме да користите штекер.
Погледнете го видеото

Ресетирање на Вашиот IQOS 3 MULTI уред

Ресетирање на Вашиот IQOS 3 MULTI уред

Ако Вашиот IQOS 3 MULTI е наполнет, но сè уште не работи, следниот чекор е да го ресетирате уредот.
Притиснете го и држете го копчето на уредот IQOS околу 10 секунди. Откако сијаличките ќе згаснат, продолжете да го држите копчето уште 2 секунди. Кога ќе го ослободите копчето, ќе забележите дека сите светла на кратко ќе трепнат во бела боја.

Како да го исчистите Вашиот IQOS 3 MULTI?

Како да го исчистите Вашиот IQOS 3 MULTI?

Дали е тешко да вовлекувате од патронот од несогорлив тутун додека го користите Вашиот IQOS 3 MULTI? Не добивате доволно аеросол кога го користите IQOS 3 MULTI? Овие проблеми веројатно може да се решат со употреба на сетот за чистење и стапчињата за чистење.
Чистењето на Вашиот IQOS 3 MULTI редовно и со соодветни алатки не само што ќе овозможи оптимално искуство, но може да реши и некои од проблемите со кои што може да се соочите со Вашиот IQOS 3 MULTI.
Погледнете го видеото

Вашиот IQOS 3 MULTI уред не се вклучува?

Вашиот IQOS 3 MULTI уред не се вклучува?

Ако Вашиот IQOS 3 MULTI уред не се вклучува, можеби е потребно да го исчистите. Едноставно извадете го капачето и исчистете ја рамната површина веднаш до комората за греење, како и внатрешноста на капачето со помош на стапче за чистење IQOS.

Предизвици со температурата на IQOS 3 MULTI

Предизвици со температурата на IQOS 3 MULTI

Дали Вашиот IQOS 3 MULTI уред трепка црвено или трепка бело по двапати?
Тоа може да се должи на тоа што Вашиот IQOS 3 MULTI уред е премногу ладен или премногу жежок. IQOS 3 MULTI работи во температурен опсег помеѓу 0° и 50° C. Ако температурата на околината е ниска, обидете се да го загреете држачот за патрони IQOS 3 во рака најмалку 1 минута. Ако е премногу жежок, однесете го на постудено место и треба да работи повторно откако ќе се олади.

Дали Вашиот IQOS 3 MULTI има скршено сечило или друго физичко оштетување?

Дали Вашиот IQOS 3 MULTI има скршено сечило или друго физичко оштетување?

Проверете дали Вашиот IQOS 3 MULTI има скршено сечило или било какво друго физичко оштетување. Ако тоа ви се случило, жал ни е што ви се случило тоа вам. Ве молиме контактирајте со центарот за грижа на корисници и ние ќе ви помогнеме во врска со овој проблем. Понекогаш чистењето на вашиот IQOS 3 MULTI може да го оштети сечилото во вашиот IQOS. Гледајте да не го притиснете со сила сечилото кога го чистите вашиот држач за патрони IQOS 3 MULTI. Исто така, гледајте никогаш да не ги завртувате патроните од несогорлив тутун HEETS додека се во држачот за патрони. Ова движење може да го оштети сечилото за загревање и со тоа да го наруши вашето искуство со IQOS.
Контактирајте нѐ

Повеќе информации за IQOS 3 MULTI

Превземете го корисничкото упатство за IQOS 3 MULTI
Kорисничко упатство за IQOS 3 MULTI
Секое искуство со IQOS е уникатно. Затоа го создадовме IQOS CARE PLUS како пакет на услуги наменет за да уживате во една поддршка скроена по ваши потреби, со покриеност и со други дополнителни придобивки. Време е да го подобрите вашето искуство со IQOS.
Дознајте повеќе
care plus care plus

IQOS 3 MULTI Дознајте повеќе

Дали ви треба поддршка за користење на IQOS 3 MULTI? Или можеби некои совети? Научете како да го користите, исчистите го и наполнете го вашиот IQOS 3 MULTI и најдете брзи совети.
Дознајте повеќе
Дополнителна поддршка