IQOS ORIGINALS DUO Turquoise полнач во рака
myIQOS

Предизвици со IQOS ORIGINALS DUO

Turquoise IQOS ORIGINALS DUO уред, струен адаптер и USB кабел
Твојот IQOS ORIGINALS DUO бавно се полни
За полнење користи официјален IQOS ORIGINALS DUO кабел и адаптер за напојување. Ако полначот на твојот IQOS ORIGINALS DUO е веќе целосно наполнет кога ќе го поврзеш со напојување ќе затрепка последната сијаличка за статус. Тоа е нормално и не означува дека полначот има проблем со полнење. Спротивно на тоа, ако твојот полнач за џебниот уред IQOS ORIGINALS DUO е целосно испразнет, тогаш можеби ќе треба да се вклучи со официјален адаптер за наизменична струја до 20 минути пред да се појави каква било светлина.
Silver IQOS ORIGINALS DUO наполнет полнач и статусни светла
Статусните светла на IQOS ORIGINALS DUO трепкаат
Ако двапати трепкаат бело: Можно е твојот IQOS ORIGINALS DUO да биде надвор од опсегот на работната температура (0 °C-50 °C). Во спротивно, можеби ќе треба да го вметнеш држачот за патрони IQOS ORIGINALS DUO во полначот.

Ако трепкаат црвено: Ресетирај го твојот IQOS ORIGINALS DUO. Ако црвените светла продолжат да трепкаат, контактирај со центарот за грижа на корисници.
Turquoise IQOS ORIGINALS DUO држач за патрони и полнач
Ресетирање на IQOS ORIGINALS DUO
Ако твојот IQOS ORIGINALS DUO е наполнет, но не работи, можеби ќе треба да го ресетираш. За да го направиш тоа, притисни го копчето за полнење додека сијаличките не згаснат, а потоа пушти го копчето. Сите статусни светла ќе се исклучат, ќе трепнат двапати и потоа постепено ќе се намалат што е потврда дека уредот се ресетира.
Turquoise IQOS ORIGINALS DUO држач за патрони и полнач
Делува дека IQOS ORIGINALS DUO нема доволно аеросол
Обиди се да го исчистиш твојот држач за патрони IQOS ORIGINALS DUO. Доколку редовно го чистиш твојот уред ќе спречиш да се собираат остатоци од патроните од несогорлив тутун. Не користи прекумерна сила како би избегнал кршење или оштетување на сечилото.
Turquoise IQOS ORIGINALS DUO уред и лап топ
Твојот IQOS има скршено сечило или друго физичко оштетување
Понекогаш чистењето на држачот за патрони IQOS ORIGINALS DUO може да го оштети сечилото. Не користи премногу сила кога го чистиш држачот за патрони. Исто така, гледај никогаш да не ги завртуваш патроните додека се во држачот за патрони. Ова движење може да го оштети сечилото за загревање и со тоа да го наруши твоето искуство со IQOS.
Scarlet IQOS ORIGINALS DUO држач за патрони и полнач

Дали ти треба поддршка за користење на IQOS ORIGINALS DUO?

Или можеби некои совети? Научи како да го користиш, исчистиш и наполнеш го твојот IQOS ORIGINALS DUO и најди брзи совети
Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.