Први чекори со lil SOLID 2.0 уредот

Како да го користиш lil SOLID 2.0?

1. Доколку прв пат го користиш уредот, притисни го копчето на уредот околу 2 секунди за да го вклучиш.

2. Отвори го капакот и вметни го патронот.

3. Притисни го копчето на уредот се до првата вибрација. ЛЕД сијаличката ќе започне да трепка. По неколку секунди, сијаличката започнува да свети континуирано и можеш да започнеш со користење.

4. Пред самиот крај на користењето ќе почуствуваш вибрација. Кога ќе завршиш со користењето уредот автоматски се исклучува.

5. За да го одложиш патронот, направи неколку кружни движења со истиот, а потоа одложи го.

6. Уредот можеш да го користиш 3 пати, последователно.

Како да го наполниш lil SOLID 2.0?

Притисни го копчето на уредот за го провериш статусот на батеријата. Следењето на статусот на батеријата е едноставно. Доколку сијаличката е:

- сина боја, статусот на батеријата е помеѓу 100-60%

- светло сина боја, статусот на батеријата е помеѓу 60-30%

-портокалова боја, статусот на батеријата е помал од 30%

- црвена боја, потребно е полнење

Како да го чистиш lil SOLID 2.0?

1. Исклучи го уредот пред чистењето и остави го да се олади по користењето.

2. Извади го капакот од уредот.

3. Вметни го бришачот за чистење и прави неколку полукружни движења.

4. Вметни ја четката за чистење и направи неколку полукружни движења.

5. Секогаш можеш да го користиш и автоматското чистење на уредот со пристикање 5 пати на копчето на уредот.

Кратки совети од нас, за тебе

Ротирај го патронот три пати при одлагање

Кога ќе завршиш со користење, не го одлагај веднаш патронот. Направи најмалку три кружни движења во иста насока со патронот, а потоа можеш да го одложиш.

Погледни го видеото

Имај секогаш наполнет уред

Со секојдневното полнење на уредот, во секое време ќе бидеш подготвен за негово користење. Секогаш користи ги оригиналниот IQOS струен адаптер и USB кабел.

Погледни го видеото

Внимавај на ЛЕД сијаличката од уредот

Прв пат го користиш уредот? Притисни на копчето околу 2 секунди или приклучи го на полнач. ЛЕД сијаличката ќе светне два пати во црвена, портокалова, сина или темно сина боја.

Погледни го видеото

Дали ти треба поддршка за користење на lil SOLID 2.0?

Или можеби некои совети? Научи како да го користиш, исчистиш и наполнеш го твојот lil SOLID 2.0 и најди брзи совети.
Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.