13/10/2022

Надградба со најнов софтвер на твојот IQOS уред

Ајде да ја завршиме неделата со една супер вест… Апликацијата за сам да направиш надградба на софтверот на твојот IQOS уред е конечно достапна!

Сите електронски уреди подлежат на редовни надградби на софтверот, а исклучок од тоа непишано правило не се и нашите IQOS уреди.

iqos надградба на софтвер

Се прашуваш кои се чекорите за правилно користење на оваа апликација?

Како за почеток, надградбата можеш да ја направиш преку лаптоп, десктоп компјутер или преку твојот мобилен телефон, а она што ти е потребно е да си поврзан на Интернет. Доколку одлучиш да правиш надградба на софтверот, преку твојот мобилен телефон најпрво треба да пристапиш кон инсталирање на Bluefy пребарувачот, а потоа да пристапиш кон линкот подолу во овој текст. Следи ги чекорите од апликацијата за да може да го поврзеш твојот уред преку Bluetooth опцијата.

Доколку се одлучиш да го надградиш софтверот на твојот уред преку лаптоп или десктоп компјутер, може да пристапиш преку твојот основен пребарувач.Самата апликација ќе те посочи кон поврзување на IQOS уредот со USB кабел.

Потребно е да почекаш успешно да се поврзат уредите, а потоа ќе ти се прикажат сите достапни надградби кои ќе можеш да ги направиш, со цел подобрување на твоето IQOS искуство.

iqos надградба на софтвер

Јасно и видливо, ќе бидеш известен за соодветната препорачана надградба – дали станува збор за надградба на софтвер на држач или полнач, а потоа ќе можеш да продолжиш со следните чекори.

Во зависност од достапните апдејти, потребно ќе биде да почекаш неколку минути додека трае процесот, а уредот и апликацијата треба да бидат постојано приклучени. По завршување на процесот, добиваш успешно надграден и најнов софтвер на твојот IQOS уред.

Имаш дополнителни прашања за тоа како да го надградиш софтверот на твојот уред?

Јави се на 0800 99 099 или посети нѐ на iqos-zone.mk и разговарај со нашите експерти. Тие се тука за тебе и твоите прашања од понеделник до сабота, од 09:00 до 22:00!

Грижи се за својот уред, како што се грижиш и за останатите работи кои ти значат!

Only IQOS.

Најнови новости

Славиме 10 години задоволство без чад
Прочитајте повеќе
Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе