Услови и правила на веб-страницата IQOS™

Добредојдовте на веб-страницата на IQOS. IQOS е производ увезен и дистрибуиран на пазарот на Република Северна Македонија од страна на Друштвото за производство и трговија со производи од тутун Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје, друштво основано според законите на Северна Македонија, со регистрирано седиште на ул. Максим Горки бр. 13, 1000 Скопје, (во натамошниот текст: „ФМТКП“), филијала на Филип Морис Интернешнл (ФМИ).

Веб-страницата на IQOS е наменета само за полнолетни.

Овие услови и правила го регулираат вашиот пристап и употребата на веб-страницата на IQOS.

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови и правила пред да започнете со користење на веб-страницата, затоа што на тој начин ќе се запознаете со содржината и функционирањето на веб-страницата на IQOS.

Со понатамошна употреба на веб-страницата на IQOS, потврдувате дека сте возрасни лица и се согласувате и ги прифаќате овие услови и правила.

Примена на услови и правила

Овие услови и правила се применуваат од 2020 година до нивното отповикување од страна на ФМТКП.

Гаранции и одрекувања од одговорност

Користењето на оваа веб-страница е целосно на ваша одговорност. ФМТКП и третите страни вклучени во креирањето на веб-страницата на IQOS не се одговорни за каква било штета, загуба или какви било трошоци што произлегуваат од употребата, промените во содржината на веб-страницата на IQOS или која било друга веб-страница. Исто така, ФМТКП не е одговорен доколку информациите на веб-страницата на IQOS се недостапни заради исклучување или дефект на мрежата, како и за причини што не се во наша контрола. Ова вклучува, но не е ограничено на штета предизвикана од софтверски вируси или дефекти како резултат на злоупотреба на содржината на веб-страницата.

Права на интелектуална сопственост

ФМИ и неговите филијали ги поседуваат сите авторски права и други права на интелектуална сопственост на текстови и други материјали на веб-страницата на IQOS (вклучувајќи ги сите информации, слики, текст, дизајн, видео и аудио материјали). Додека ја разгледувате содржината на веб-страницата на IQOS за некомерцијални цели, можете да преземете содржина и/или да ја испратите на други, но неопходно е во овие околности да се наведат авторските права и другите сопственички права кои припаѓаат на Филип Морис Интернешнл. Ниту еден дел од оваа веб-страница не смее да се продава или дистрибуира за комерцијална добивка, или да се модифицира или вклучува во други публикации или веб-страници. Сите трговски марки и знаци, како и ознаките за услуги прикажани на веб-страницата на IQOS, му припаѓаат на ФМИ и на неговите филијали. Забрането е користење на било која трговска марка или знак од оваа веб-страница. Ниту една содржина на веб-страницата на IQOS не треба да се толкува како лиценца за користење на некоја трговска марка.

Доколку сакате да го користите материјалот на веб-страницата на IQOS за која било друга цел, освен оние наведени во овие услови и правила, Ве молиме испратете барање до: contact.mk@iqos.com

Точност и пристап до веб-страницата на IQOS

Не гарантираме дека содржината на веб-страницата и/или линкуваните страници е целосна или ажурирана, или дека веб-страницата и/или линкуваните страници секогаш ќе бидат пристапни и достапни.

Го задржуваме правото во секое време да ја измениме или затвориме веб-страницата на IQOS, нејзината содржина, како и правото да ги смениме условите и правилата или да го прекинеме пристапот до веб-страницата без претходно известување/објавување.

„Колачиња“

На веб-страницата на IQOS може да се користат „Колачиња“ за да се оптимизираат услугите. „Колаче“ е датотека составена од букви, кои веб-серверот на IQOS ја испраќа во папка со колачиња од прелистувачот на хард дискот на вашиот компјутер. На овој начин, веб-страницата на IQOS е во состојба да воспостави врска помеѓу веб-серверот и веб прелистувачот, се со цел да ви претстави прилагодена веб-страница според вашите интереси и подобро да одговори на вашите потреби. Повеќето прелистувачи автоматски прифаќаат колачиња, но обично можете да ги промените подесувањата на прелистувачот за да спречите чување на колачиња. Ви укажуваме дека ако ги исклучите колачињата ќе ја ограничитe услугата што можеме да ја обезбедиме и toa може да влијае на вашето искуство како посетител.