Размислуваш да се откажеш од чадот?
Во IQOS, постојано размислуваме за понови, подобри, попаметни и поедноставни начини да ти помогнеме да го подобриш твоето искуство. Љубопитни сме да направиме уште повеќе.
IQOS ослободува значително пониски нивоа на штетни материи од цигарите.*
Во просек, 95% пониски. Ова е резултат на обемно истражување и развој, во кое учествуваат над 400 научници и инженери, посветени на тоа да го направат IQOS подобра алтернатива на цигарите.
Важни информации: Ова не мора да значи намалување на ризикот од 95%. IQOS не е без ризик.
*Намалување на нивоата на 9-те штетни материи што Светската здравствена организација ги препорачува за намалување на чадот од цигарите, кои не вклучуваат никотин. Погледни Важни информации.
За IQOS.
Нашата приказна.
Љубопитни тогаш. Љубопитни денес. Нашето патување кон иднина без чад започна во 2008 година. Знаевме уште тогаш дека мора да има подобра алтернатива за возрасните пушачи кои не се откажуваат. Нешто што нуди сличен вкус и задоволство, но без чад, мирис на чад или пепел. 9 милијарди долари инвестирани во истражување и развој доведоа до лансирање на нашиот прв IQOS уред во 2014 година. Оттогаш, над 22,1 милиони* возрасни пушачи од целиот свет се префрлија на IQOS.
*Финансиски податоци или проценки на ФМИ, панели со корисници на IQOS и пазарни истражувања на ФМИ заклучно со јули 2024 година. Корисници на производи на ФМИ за загревање на тутунот кои целосно престанале со пушењето цигари и кај кои патроните од несогорлив тутун на ФМИ претставуваат најмалку 70% од нивната потрошувачка на загреан тутун во последните 7 дена.
Љубопитни да ја разберете науката што стои позади IQOS?
IQOS ILUMA го користи нашиот напреден SMARTCORE INDUCTION SYSTEM™ за загревање на специјално дизајнирани патрони. IQOS ILUMA не го согорува тутунот, па затоа произведува во просек 98% помалку јаглерод моноксид (CO) во споредба со цигарите.*
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ: Ова не значи намалување на ризикот за 98%, а јаглерод моноксидот е само една од многуте штетни материи во чадот од цигарите. IQOS ILUMA не е без ризик и содржи никотин кој предизвикува зависност.
*Ги измеривме нивоата на 9-те штетни материи што Светската здравствена организација препорачува да се намалат во чадот од цигарите, кои не вклучуваат никотин, и тие се намалени во просек за 95%.
Истражи ја IQOS ILUMA i серијата.
IQOS ILUMA i PRIME
Breeze Blue
Breeze Blue IQOS ILUMA i PRIME уред
Нашиот најпрефинет и најнапреден.
IQOS ILUMA i
Leaf Green
Digital Leaf IQOS ILUMA i уред
За флексибилно и лесно искуство.​
IQOS ILUMA i ONE
Digital Violet
Violet IQOS ILUMA i ONE уред
Компактен уред.