Правила и Услови за Онлајн плаќање

1. ВОВЕД

1.1 Овие општи услови и правила за продажба се применуваат само на комерцијализираните Производи од брендот „IQOS“ и други Производи од Производителот, како што е дефинирано во продолжение, преку Веб-страницата mk.iqos.com, („Веб-страницата“), со којашто управуваат компаниите Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје („ФМТКП“), регистрирана со седиште на адреса Ул. Максим Горки бр.13, 1000 Скопје, Северна Македонија и компанијата Philip Morris Products SA („Производителот“), со регистрирано седиште на адреса Кеј Жанрено 3 200, Нојшател, Швајцарија (Quai Jeanrenaud 3 2000 Neuchâtel, Switzerland). Сепак, ФМТКП и Производителот не се страни во договорите за продажба на Производи, иако се сопственици или носители на лиценците за логоа, трговските марки, правата на интелектуална сопственост претставени на Веб-страницата и/или оние коишто се однесуваат на Производите, што е подобро опишано во Условите за користење на Веб-страницата достапни овде.

1.2 Продажбата преку Веб-страницата за Производите на брендот „IQOS“ и други Производи од Производителот се врши под ексклузивни права од продавачот ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопе, со седиште на Ул. Вангел Нечевски бр. 26, 1000 Скопје, со даночен број 4030990217433 и регистарски број во Регистар на деловни субјекти 4132092 („Продавачот“ или „ЕКСПАНДА ДООЕЛ“).

1.3. Во согласност со Законот за заштита на Потрошувачите, општите задолжителни информации за „Продавачот“ се следните:
ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје, со седиште на Ул. Вангел Нечевски бр.26, 1000 Скопје, и со даночен број 4030990217433 и регистарски број во Регистар на деловни субјекти 41320922.

2. ДЕФИНИЦИИ

а) „Општи услови“: општите права и услови за продажба во верзијата објавена на Веб-страницата во моментот на проследување на нарачката до продавачот; б) „Потрошувач“: секое физичко лице постаро од осумнаесет години (минимум осумнаесет години, што ќе се потврди, меѓу другото, во моментот на достава), кое ги купува Производите за цели кои не се поврзани со каква било претприемачка, комерцијална, занаетчиска или професионална активност со којашто можеби се занимава в) „Производ/-и“: различните видови Производи од портфолиото на „IQOS“ кои ги комерцијализира Групацијата Philip Morris и кои ги продава Продавачот преку Веб-страницата; г) „Цена/-и“: цените на Производите како што се наведени на Веб-страницата, во моментот на вршење на нарачката до Продавачот; д) „Кошничка“: виртуелна корпа присутна на Веб-страницата, во која се ставаат Производите избрани за купување; ѓ) „Испорака“: методите и сите трошоци за испорака и достава на Производите, како што е наведено на Веб-страницата и, во секој случај, во рамки на територијата, во моментот на вршење на нарачката до Продавачот; е) „Страна/-и“: продавачот и/или Потрошувачот; ж) „Територија“ значи територијата на Р. Северна Македонија.

3. ПРЕДМЕТ

3.1. Предмет на овие Општи услови е регулирање на купувањето Производи преку Веб-страницата.

3.2. Пред да направите што било во врска со купувањето Производи преку Веб-страницата, внимателно прочитајте ги и прифатете ги овие Општи услови. Со вршење на која било нарачка, Потрошувачот изјавува дека е запознаен со, и ги прифаќа во целост овие Општи услови.

4. ПРОИЗВОДИТЕ

4.1. Карактеристиките и составот на Производите се оние што се опишани и достапни на Веб-страницата, како што е наведено на секоја страница за Производот.

4.2. Пред да ја направат нарачката до Продавачот, Потрошувачите мора внимателно да го прочитаат описот за Производите на Веб-страницата.

4.3 Визуелниот приказ на Производите на Веб-страницата, ако го има, вообичаено соодветствува со фотографијата приложена кон страниците за Производите. Се подразбира дека сликите на Производите се дадени само со цел да се претстават за продажба и дека таквите слики не ги претставуваат совршено карактеристиките и квалитетот на Производите, кои може да се разликуваат по боја и големина. Во случај на какво било несовпаѓање помеѓу сликата и страницата за Производот, веродостоен е дадениот опис за Производот.

5. ЦЕНАТА

Сите плаќања ќе се вршат во македонска валута - македонски денари (МКД).
Доколку финансиските средства на платежната картичка се во странска валута, износот кој ќе се наплати од платежната картичка на Потрошувачот се добива со конверзија на цената од евра во македонски денари според тековниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија.

Кога наплаќате со вашата платежна картичка, истиот износ се претвора во вашата локална валута според курсот на асоцијациите на платежни картички. Како резултат на оваа конверзија постои можност за мала разлика од првобитната цена наведена на нашата Веб-страница.

5.1. Во цената изразена во дeнари (МКД) се вклучени стандардните трошоци за пакување на Производите плус ДДВ (ако е применливо) и сите индиректни давачки.

5.2. Во цената не се вклучени, освен ако не е поинаку наведено, трошоците за испорака кои се поинакви и алтернативни на стандардната испорака, која е бесплатна. Продавачот ги соопштува сите други начини на испорака и трошоците за нив, и тие се наведени на Веб-страницата. Во цените за Производите исто така не се вклучени трошоците за услугата за плаќање, а ако за тоа се плаќа во готово при достава, тоа ќе биде наведено на Веб-страницата во делот за резиме на нарачката пред да се продолжи со нејзино поднесување. Цените се предмет на промена во секое време без претходна најава, но таквите промени не се однесуваат на веќе поднесените нарачки.

5.3. Потрошувачот мора на Продавачот да му ја плати цената наведена во потврдата за нарачка испратена по е-пошта и/или вибер и доспеана во согласност со овие Општи услови. Доколку во моментот на нарачката Производите повеќе не се достапни, ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје е должен веднаш да го извести Потрошувачот. Продавачот исто така ќе ја врати наплатената сума најдоцна до 30 дена, зависно од банкарските правила и прописи, како и правната рамка, што Потрошувачот веќе ја очекува, а нарачката ќе се смета за прекината.

5.4. Потрошувачите се запознаени со фактот дека игнорирањето на трошоците, надоместоците, даноците и/или давачките од претходните клаузули 5.1 и 5.2, наведени во моментот на проследување на нарачката до продавачот, не претставува оправдана причина за откажување на овие Општи услови и дека во никој случај нема да биде дозволено ваквите трошоци да ги сноси продавачот.

6. ПРОСЛЕДУВАЊЕ НАРАЧКИ

6.1. Претставувањето на Производите на Веб-страницата претставува договорна понуда за купување.

6.2. За да направат нарачка, Потрошувачите ги избираат Производите што им се допаѓаат, а кои се достапни на Веб-страницата, ги ставаат во кошничката и ја проследуваат нарачката до продавачот. Како што е наведено во клаузула 6.9, нарачката е договорна понуда за купување. Сите нарачки може да се направат во однос на еден Производ или повеќе Производи; во вториот случај, Производите наведени во една нарачка може да се испорачаат заедно или одделно, според достапноста на залихите на продавачот, без дополнителни трошоци за Потрошувачите.

6.3. Нарачки може да направат само Потрошувачи кои се полнолетни (минимална возраст: 18 години), кои се регистрирани на Веб-страницата или веќе имаат профил на Веб-страницата на IQOS. За таа цел, по завршувањето на изборот на Производи и нивното ставање во кошничката, Потрошувачот може алтернативно: а) доколку Потрошувачот е веќе регистриран на Веб-страницата, да се најави со внесување на креденцијалите за најава и со тоа да пристапи до делот „Лични податоци“ на профилот на IQOS; б) ако сè уште не сте регистрирани, регистрирајте се на Веб-страницата, приложувајќи ги потребните податоци, вклучувајќи важечка адреса за е-пошта и број на мобилен телефон, прифаќајќи ги условите за користење на вашите лични податоци и Условите и одредбите на Веб-страницата.

6.4. По најавата или регистрацијата, во зависност од случајот, Потрошувачите можат да продолжат со проследување на нарачките, внесувајќи ги потребните информации при купувањето. Потрошувачите исто така можат да внесат адреса за достава на Производите (во рамки на Територијата) и/или телефонски број на кој ќе бидат повикани во случај на итна комуникација од страна на продавачот во врска со извршеното купување; адресата и бројот може да се разликуваат од оние наведени во моментот на регистрација на Веб-страницата.

6.5. При комплетирање на нарачката, Потрошувачите ќе ја добијат нарачката придружена со фактура, во која се наведени информациите кои се однесуваат на фактурирањето, вклучително и адресата за фактурирање. Курирот ќе ја провери возраста. Доставата може да го добијат само полнолетни корисници (18+).

6.6. Пред да ја направи нарачката, Потрошувачот може да го види резимето за нарачката, со детали за нарачката, кои сѐ уште може да се изменат пред да се поднесе нарачката. Пред да ја направат нарачката кај продавачот, Потрошувачите мора внимателно да ги прочитаат овие Општи услови,

6.7. За да направи нарачка кај Продавачот, Потрошувачот мора: да ја комплетира нарачката и да ја испрати до Продавачот со кликнување на копчето „Комплетирај нарачка“ на Веб-страницата.

6.8. При проследување на нарачката, од опциите кои се достапни на Веб-страницата, Потрошувачите можат да го изберат следново: а) начин на плаќање, како што е подобро наведено во следната клаузула 7; б) начин на испорака, каде што покрај стандардната испорака продавачот нуди и други начини на испорака.

6.9. Нарачката проследена до Продавачот има сила на договорна понуда за купување.

7. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

7.1. Цената може да се плати, по избор на Потрошувачот, со i) кредитна картичка и дебитна картичка (Master Card, Visa, Maestro ); според условите наведени подолу; ii) во готово при достава. Продавачот го задржува правото да понуди други начини на плаќање, што на соодветен начин ќе биде наведено на Веб-страницата.

7.2. При плаќање со кредитни и дебитни картички, износот на нарачката се наплаќа исклучиво во моментот на проследување на потврдата за нарачката од клаузула 8.2 и клаузула 8.3.

7.3. При плаќање со кредитна картичка, дебитна картичка, Потрошувачите се пренасочуваат на заштитена страница, а автентичноста на податоците за Потрошувачот директно ја проверуваат издавачите на картичките со цел заштита на Потрошувачите. Ако од која било причина не може да се задолжи доспеаниот износ, процесот на продажба автоматски ќе се блокира а договорот за продажба автоматски ќе се откаже, без надомест за Потрошувачите и без никаква одговорност за Продавачот.

7.4. Секоја комуникација во врска со плаќањето и податоците кои ги дале Потрошувачите во моментот на плаќањето се пренесуваат преку сигурни линии со целосна гаранција за заштита, благодарение на безбедносните протоколи на круговите за плаќање. Процесорот за плаќање (Monri) го спроведува протоколот SSL (Secure Sockets Layer) за да ги заштити податоците за кои е потребно високо ниво на безбедност (на пр. лозинки и броеви на кредитни картички). Благодарение на оваа технологија, информациите се шифрирани и заштитени од секаков вид кибер-напади.

7.5 При плаќање во готово при достава, износот на доспеаната сума е наведен во кошничката, во резимето за нарачката добиено по е-пошта. На денот на доставата, Потрошувачите му го плаќаат на курирот износот во готово.

8. ПРИФАЌАЊЕ НАРАЧКИ

8.1 По успешното проследување на нарачката, и без да е во спротивност со одредбите од клаузулата 8.3, продавачот испраќа порака за прифаќање на нарачката на адресата за е-пошта што Потрошувачот ја внел при регистрација на Веб-страницата.

8.2. Сите договори за купување на Производите се сметаат за склучени во моментот кога Потрошувачот ќе ја прими потврдата за нарачка од клаузулата 8.1.

8.3. Доколку при обработка на нарачката Производите повеќе не се достапни, Продавачот телефонски навремено го известува Потрошувачот за тоа. Продавачот исто така ќе му ја врати сумата што Потрошувачот можеби однапред ја платил најдоцна до 30 дена, зависно од банкарските правила и прописи, како и правната рамка, а нарачката / договорот меѓу страните ќе се сметаат за откажани.

9. ИСПОРАКА И ДОСТАВА

9.1. По испраќањето порака за прифаќање на нарачката, Потрошувачите ќе добијат порака по е-пошта со информации за нарачката, во случај на брза достава, пред доставата корисникот ќе прими телефонски повик од логистички курир, во случај на Click & Collect (Подигнување на нарачката од продажно место), Потрошувачот може да ја преземе нарачката во некоја од зоните или бутиците на IQOS.

9.2. Производите се испорачуваат на адресата наведена при купувањето, во согласност со претходната клаузула 6.4, и се доставуваат директно до Потрошувачот, а не до други страни, со проверка од курирот (i) дека Потрошувачот е полнолетен (минимална возраст: 18+) што може да се докаже со важечка лична карта која курирот ќе ја скенира за да потврди дека корисникот е полнолетен (18+) а податоците од личната карта нема никаде да се зачуваат при таа проверка и (ii) личните информации наведени во споменатата важечка лична карта соодветствуваат со името наведено во товарниот лист за нарачката на Потрошувачот. Во случај на какви било несовпаѓања помеѓу личната карта и името наведено во товарниот лист за нарачката на Потрошувачот, или во случај на одбивање да се приложи важечка лична карта или малолетност, курирот нема да го достави Производот.

9.3. Потрошувачите потврдуваат и прифаќаат дека, иако до Веб-страницата може да се пристапи од целиот свет, испораката и доставата на Производите може да се врши само на територијата на Северна Македонија и во границите на таа територија. Потрошувачите потврдуваат и прифаќаат дека ако наведената адреса не се наоѓа во границите на територијата, таа нарачка нема да може да се комплетира и, според тоа, нема да може да се изврши купувањето.

9.4. Освен во случаи на виша сила или непредвидливи околности, продавачот во моментов нуди стандарден начин на испорака со индикативна достава до 3 работни дена (со исклучок на сабота и недела).

10. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ, ВРАЌАЊЕ ПРОИЗВОДИ, ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Во случај на враќање на добрата и рефундирање на средства на Потрошувач кој претходно платил со една од платежните картички, делумно или целосно, без оглед на причината за враќањето, Продавачот е должен да го обработи повратот исклучиво онлајн преку VISA , EC/MC и Maestro начини на плаќање. Ова значи дека банката, на барање на трговецот, ќе го иницира враќањето на сметката на сопственикот на картичката, односно повратот на средствата ќе биде реализиран онлајн, преку е-банкарство.

10.1. Потрошувачите имаат право да се откажат од кој било договор склучен со продавачот, без да ги наведат причините, во рок од 30 дена од денот кога стекнале физичка сопственост на сите купени Производи.

10.2. Потрошувачите кои сакаат да го остварат правото на откажување на договорот, го известуваат Продавачот на следниот начин: со повик кон службата за корисници за својата одлука за откажување и тоа на бесплатниот број 0800 99 099 или преку е-пошта на contact.mk@iqos.com давајќи ги потребните информации, како телефонски број, број на нарачка и слично, потребни информација за подготовка на процесот на откажување и се разбира во согласност со Законот за заштита на Потрошувачите.

Службата за корисници ги контактира Потрошувачите и информира за процесот на враќање на Производите, давајќи можност за враќање на директни IQOS канали како што се зони или бутици или преку испорака од главниот логистички партнер, за која е потребна адреса за испорака. Доколку откажувањето на договорот подразбира поврат на средства, како што е напоменето погоре во овој член 10, сумата која Потрошувачот претходно ја наплатил, продавачот ќе ја врати најдоцна до 30 дена, зависно од банкарските правила и прописи, како и правната рамка, а повратот на средства за нарачки процесирани со платежна картичка се обработуваат исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro. Потрошувачот добива известување преку е-пошта за откажана нарачка и дека е инициран процес на поврат на средства.

Во моментот на враќање на Производите при откажување на договорот во некое од нашите официјални продажни места или по пат на логистички партнер, Потрошувачот потпишува изјава за поврат на нарачка.

10.3. Во моментов, продавачот нуди враќање на Производот преку логистичкиот партнер ЕЛС - Еко-логистик, без директни трошоци за Потрошувачите. За да можат да го користат овој начин на враќање, Потрошувачите треба ја следат процедурата што ја одредила службата за корисници.

10.4. Вратените Производи мора да бидат во иста состојба во којашто ги примил Потрошувачот. Како и да е, Потрошувачите може да сносат одговорност за секое намалување на вредноста на Производите како резултат на начинот на ракување со Производот кој се разликува од оној кој е разумно потребен за утврдување на нивната природа, карактеристики и исправност, или ако оригиналното пакување или кој било негов суштински дел (додатоци, кабли, упатства за употреба итн.) недостасуваат.

10.5. Доколку го користи правото за откажување, Продавачот му го враќа на Потрошувачот целиот износ што му бил платен на Продавачот, вклучувајќи ги и трошоците за услугата за плаќање во готово, ако ги има, за Производите вратени во истата состојба во која ги примил Потрошувачот, во рок од најмногу 30 (триесет) дена од денот на приемот на доставеното известување за откажување. Во секој случај, Продавачот има право да го прекине секое враќање на средствата додека навистина не ги прими Производите или додека Потрошувачот не пружи доказ за испорака на Производите ако тоа однапред било договорено со Продавачот во согласност со модалитетите.

10.6. Продавачот ги враќа средствата користејќи го истиот начин на плаќање (кредитирање на износот на кредитна картичка, дебитна картичка) што го избрал и користел Потрошувачот при вршење на нарачката за која го користат правото за откажување, освен ако не е поинаку договорено меѓу страните, и освен во случај на плаќање во готово при достава. Во случај на последниот пример, со цел да му се овозможи на Продавачот да ги врати трошоците за услугата за плаќање во готово, Потрошувачот треба да ги наведе деталите за својата тековна сметка за да може да се кредитира соодвентиот износ.

11. ГАРАНЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ – ПРАВНА ГАРАНЦИЈА

11.1 Производите се покриени со законска гаранција, која трае две (2) години од испораката, во согласност со Законот за заштита на Потрошувачите.

11.2 Во случај на утврдени неисправности кај купените Производи, Потрошувачот треба да ја контактира службата за корисници на бесплатниот број 0800 99 099 или да отиде до најблиското услужно место за IQOS (IQOS Boutique/IQOS zone/IQOS Partner store), или на адресата за е-пошта contact.mk@iqos.com, да ја пријави утврдената неисправност приложувајќи соодветен доказ. Покренување директна постапка за да се утврди несообразноста мора да ја изврши Потрошувачот, во рок од дваесет и четири месеци од доставата на стоката. Ако не го оствари ова право во овој рок, Потрошувачот ја губи гаранцијата.

11.3 Службата за корисници ги врши потребните проверки, за да ја утврди важноста на гаранцијата и постоењето на или пак несообразноста за која е поднесена поплака а доколку неисправноста постои, се одобрува враќање на неисправните Производи, во согласност со начините и на адресата што ќе ги достави самата Служба за корисници, со што се подразбира дека одобрувањето за враќање на Производите само по себе не претставува признание за несообразноста што ја пријавил Потрошувачот.

11.4 Откако ќе се потврди несообразноста, Потрошувачот има право, по свој избор и во рамки на Законот за заштита на Потрошувачите, да ја поврати, без надомест, сообразноста на Производите преку нивна поправка или замена во согласност со Законот за заштита на Потрошувачите.

11.5 Продавачот е одговорен пред Потрошувачот за каква било несообразност во моментот на достава на Производите и која ќе се појави во рок од две години од тој момент. Продавачот не е одговорен за неисправности кои настанале поради неправилна употреба на Производот од страна на Потрошувачот (како, на пример, употреба што не е во согласност со индикациите дадени во техничките листови за Производот и упатството за употреба).

ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ ЗА ТРАНСАКЦИЈАТА

При внесување на информации за платежна картичка, доверливите детали се пренесуваат преку јавна мрежа во безбедна (шифрирана) форма користејќи SSL протокол и PKI системот, како најнапредна криптографска технологија моментално достапна. Безбедноста на податоците при купувањето ја гарантира процесорот за платежна картичка. Деталите за платежната картичка во ниту еден момент не се достапни до нашиот систем.

Веб-страницата, mk.iqos.com го користи Monri WSPay како Payment Service Provider (PSP) (Давател на платежни услуги) за онлајн плаќања.

Monri WSPay е безбеден систем за онлајн плаќања, плаќања во реално време, кредитни и дебитни картички и други начини на плаќање. Monri WSPay им овозможува на клиентите и на трговците безбедно внесување и пренос на внесените податоци од картичката, што е потврдено со сертификатот PCI DSS што го поседува Monri WSPay. Monri WSPay користи SSL сертификат за 256-битна шифрирање и TLS 1.2 криптографски протокол како највисоко ниво на заштита при внесување и пренос на податоци.

Заштита на личните податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците на Европскиот парламент и Советот бр.2016/679-Регулатива и имплементација на Општата регулатива за заштита на податоците.

Monri WSPay, како извршител на овластување и наплата на кредитни картички, постапува со лични податоци во својство на обработувач и постапува со лични податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците на Европскиот парламент и Советот бр. 2016/679 и според строги правила на регулативата PCI DSS L1 за заштита на податоци и пренос на податоци.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци кои ги дале корисниците во однос на платежните инструменти и податоците кои се однесуваат на плаќањето при купувањето на Производите од портфолиото на IQOS, а кои се извршени преку Веб-страницата www.iqos.com (во натамошниот текст „Веб-страница“), како и податоците кои се неопходни за достава на Производите и извршување на нарачката и сите услуги по продажбата, вклучително и законската гаранција за Производите, ги обработува ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопе, со седиште на Ул. Вангел Нечевски бр. 26, 1000 Скопје (во натамошниот текст „ЕКСПАНДА ДООЕЛ“ или „Сопственик“), како независен контролор на податоци, и во согласност со Законот за приватност (ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, во натамошниот текст „33ЛП“).

Податоците кои ги даваат корисниците при регистрација на страницата се стекнуваат директно од Philip Morris Services d.o.o, независниот контролор на податоци на начин опишан во конкретните информации. Според тоа, истите ќе бидат доставене до ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје, кој ќе ги добие како независен контролор на податоци, за извршување на продажната услуга и за исполнување на регулаторните обврски кои произлегуваат од тоа.

ПОТЕКЛО, ЦЕЛИ И ПРАВНА ОСНОВА НА ОБРАБОТКАТА

Philip Morris, а во некои случаи и ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје, ги собираат личните податоци директно од субјектите и ги обработуваат во контекст на регистрација и навигација во рамките на страницата за следните цели:

  • а) да овозможи управување со, и обработка на нарачки, фактурирање и достава на Производите кои ги нарачале корисниците од Веб-страницата, од страна на ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје (продавачот на ФМТКП, од кој Експанда Дооел Скопје добива дел од податоците кои се потребни за обработка на нарачките);

  • б) управување со активностите по продажбата и можно враќање на Производите.

Податоците вклучуваат, на пример: • податоци за идентификација на Потрошувачите (на пр. име, презиме, идентификациски код, ID на нарачка) со цел управување со нарачката, наплатата и доставата • вашите податоци за контакт (на пр. е-пошта, адреса, поштенски број, телефон / мобилен број) заради достава и/или услуги по продажбата • Даночна шифра, корисна за наплата • Iban или други банкарски податоци. Давањето лични податоци за целите наведени во точките а) и б) е задолжително за комплетирање на купувањето како и за сите активности по продажбата, за исполнување на законските обврски, од причини кои се од легитимен интерес а ако не се приложат ваквите податоци, нема да може да започне процесот на продажба. Затоа, не е неопходно да се добие конкретна согласност од субјектите бидејќи правната основа за обработката е исполнувањето на договорните и/или законските обврски кои се однесуваат на извршувањето на услугата.

НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ, ПЕРИОД НА НИВНО ЧУВАЊЕ И СИГУРНОСНИ МЕРКИ

Личните податоци се обработуваат рачно и по електронски пат, според логика која е строго поврзана со горенаведените цели и, во секој случај, како би се гарантирале безбедноста и доверливоста на податоците.

Без да е во спротивност со конкретните законски обврски, и во согласност со начелото за неопходност санкциониран со ЗЗЛП, податоците се обработуваат онолку долго колку што е неопходно за исполнување на целите за кои се собираат. Безбедноста на податоците е загарантирана со технологијата за шифрирање податоци наречена Secure Sockets Layer (скратено како SSL). Со технологијата SSL информациите се шифрираат пред нивната размена преку Интернет помеѓу компјутерот на корисникот и централните системи на ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје, што ги прави неразбирливи за неовластени корисници и на тој начин се гарантира доверливоста на пренесените информации; исто така, трансакциите направени преку електронските системи за плаќање се финализираат исклучиво со користење на платформата Payment Service Provider (PSP) (Давател на платежни услуги).

Податоците ќе се чуваат во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци за целиот временски период неопходен за исполнување на целите наведени погоре. Контролорот на податоци може да ги чува податоците по испораката за да ги испочитува регулаторните и/или пост-договорните обврски во однос на законските барања; последователно, доколку престанат да постојат горенаведените причини за обработка, личните податоци ќе бидат избришани, уништени или едноставно анонимно зачувани.

При внесување на податоците за платежните картички, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со помош на протоколот SSL и системот PKI, што во моментов важи за најсовремена криптографска технологија.

Безбедноста на податоците при купувањето ја гарантира процесорот за платежни картички. Информациите за платежната картичка не се достапни во нашиот систем.

ОПСЕГ НА КОМУНИКАЦИЈА И ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

За остварување на горенаведените цели, ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје може да комуницира и да ги обработува личните податоци за корисниците/Потрошувачите, локално или во странство, од трети лица со кои имаме врска, во смисла дека таквите трети страни ни пружаат услуги на наше барање. На таквите трети лица ќе им ги дадеме само оние информации кои се неопходни за пружање услуги, преземајќи ги сите мерки за заштита на вашите лични податоци. Личните податоци може да се доставуваат до надлежните јавни агенции и органи со цел усогласување со законските обврски или за да може да се утврди одговорност во случај на кибер-криминал против Веб-страницата, и може да се достават до, или да им се стават на располагање на трети страни (во нивно својство како обработувачи на податоци или, во случај на даватели на електронски комуникациски услуги, автономни контролори на податоци), кои пружаат ИТ услуги (на пр., хостирање, управување со и изработка на веб-страници, итн.) и кои ЕКСПАНДА ДООЕЛ ги користи за извршување задачи и активности - вклучувајќи ги и оние од технички и организациски карактер - а кои се однесуваат на функционирањето на Веб-страницата. Исто така податоците може да им се обелоденат на трети лица во случај на промени во акционерското учество на компанијата, како што се спојувања, продажба на компанијата или нејзини филијали. Субјектите кои припаѓаат на горенаведените категории дејствуваат како посебни контролори на податоци или како обработувачи на податоци определени за таа цел од страна на ко-контролорите. Личните податоци може да им бидат обелоденети и на вработените/консултантите на ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје, кои изрично ги назначил како обработувачи на податоци.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Во името на mk.iqos.com, се обврзуваме да ја чуваме приватноста на сите наши клиенти. Ние собираме само неопходни, основни информации за клиентите/корисниците и податоци од суштинско значење за деловното работење и комуникацијата со корисниците, следејќи ги добрите деловни практики и со цел да обезбедиме квалитетна услуга. На клиентите им нудиме избор, вклучувајќи ја и опцијата да одлучат дали сакаат да бидат отстранети од мејлинг листите што се користат за маркетинг кампањи. Сите податоци за корисниците/клиентите се строго доверливи и достапни само за вработените кои ги бараат овие информации за нивната работа. Сите вработени на mk.iqos.com (и деловните партнери) се одговорни за придржување до принципите за заштита на приватноста.

ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ПОДАТОЦИ

1. Субјектите на податоците можат во секое време да ги користат правата предвидени со законот, вклучувајќи:

  • а. право на пристап до нивните лични податоци, добивање доказ за целите на обработката од страна на контролорот, категориите лични податоци за кои станува збор, примателите на кои ќе им бидат обелоденети личните податоци, важечкиот период на чување на податоците, постоењето автоматски процеси за одлучување;

  • б. право на коригирање без одложување на неточни лични податоци што се однесуваат на нив;

  • в. право на бришење лични податоци во дадени случаи;

  • г. право на ограничување на обработката и приговор на тоа, доколку е можно;

  • д. право на преносливост на личните податоци доставени до ко-контролорите, т.е. да ги добијат во електронска форма што вообичаено се користи и што може да се чита од автоматски уреди, вклучително и за пренос на тие податоци на друг контролор, во границите на, и предмет на обврските утврдени во ЗЗПЛ.

  • ѓ. да ја отповика согласноста, онаму каде што е дадена, без да се нарушува законитоста за обработката врз основа на согласноста дадена пред отповикувањето.

Субјектите на податоците можат да поднесат приговор и до надзорен орган во согласност со ЗЗЛП.

НАЧИНИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ПОДАТОЦИ

Корисникот може, во секое време, да ги оствари правата за субјектот на податоците во согласност со важечкото локално законодавство со испраќање на е-пошта или обично писмо до контролорот на податоците за предметот, во писмена форма до ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје. Адреса за е-пошта: info@expanda.com.mk поштенска адреса: ул. Вангел Нечевски бр.26, 1000 Скопје. За информации во врска со обработката на податоците што се врши на страницата iqos.com, видете ги информациите достапни на страницата.

Контролор на личните податоци е ЕКСПАНДА ДООЕЛ во лицето на привремениот правен застапник. Сопственикот може да се контактира во седиштето на ул. Вангел Нечевски бр.26, 1000 Скопје.