Најверојатно овде сте пренасочени од еден од нашите официјални IQOS страници на социјалните медиуми за Северна Македонија, конкретно од една од нашите IQOS страници за Грижа за корисници, кои заеднички во понатамошниот текст ќе се нарекуваат „
IQOS страници(-и)”.
IQOS страниците на социјалните мрежи се наменети за полнолетни пушачи кои сакаат и понатаму да користат производи од тутун, како и возрасни IQOS корисници кои живеат во рамките на пазарот на Северна Македонија, при што со учество на нашите горенаведени IQOS страници, Вие потврдувате дека ги исполнувате овие критериуми.
Кои сме ние?
Ние сме член на групацијата компании Philip Morris International („
PMI“). Повеќе информации за нас и деталите за тоа како може да нѐ контактирате се наведени на нашата веб страна: www.iqos.com каде што се објавени овие Правила за учество („
Правила“) или на соодветната IQOS Страница на специфичен социјален медиум.
Како ги прифаќате овие Правила за учество?
Со користење на секоја од нашите IQOS страници, Вие се согласувате да ги почитувате овие Правила. Во исто време се согласувате да ги почитувате сите други применливи посебни услови за користење платформи (како на пример Изјавата за права и одговорности на Facebook, итн.).
Добри практики за префрлување и нашата должност да информираме
Пред да Ви кажеме што не е дозволено да правите на нашата страница, би сакале да Вe информираме за неколку работи во врска со IQOS:
PMI нуди различни квалитетни, научно потврдени производи без чад кои претставуваат многу подобар избор од континуираното пушење. Нашата визија е дека нашите производи без чад еден ден ќе ги заменат цигарите.
- Пушењето предизвикува сериозни болести и зависност. Несомнено, најдобрата одлука која може да ја донесе секој пушач е целосно да се откаже од користењето тутун и никотин.
- Производите на PMI без чад се наменети за возрасни лица кои во спротивно и понатаму би продолжиле да пушат или да користат други производи од никотин.
- IQOS не е наменет за лица кои никогаш немаат користено производи од тутун или никотин или кои се откажале од користењето производи од тутун или никотин. IQOS не се замена за откажување и не е наменет да служи како помагало за прекин на пушењето.
- Овозможуваме целосна поддршка на нашите полнолетни корисници на IQOS во текот на нивното целосно префрлање преку едукација и насочување.
- За да ги почувствуваат придобивките на производите без чад, корисниците мора целосно ги променат навиките и трајно да престанат со пушење.
- IQOS не е наменет за малолетни лица
- IQOS не е наменет за бремени жени, дијабетичари и лица со кардиоваскуларни заболувања.
Вашиот придонес
Редовно ќе ги следиме IQOS Страниците, ќе даваме одговори и ќе пренесуваме колку е можно повеќе корисни препораки. Задоволство ни е што сте овде и очекуваме повратни информации и интересни разговори. Но, најпрво да ги објасниме правилата на позитивната комуникација на оваа страница.
- Вие сте одговорни за содржината што ја објавувате на оваа страница и го задржуваме правото да ги отстраниме сите објави кои содржат:
- Навредливи зборови или зборови кои содржат насилство
- Коментари со кои се искажува омраза или дискриминација во врска со расна, етничка припадност, религија, пол, попреченост, сексуална ориентација или политички верувања
- Линкови или коментари кои содржат материјал со експлицитна сексуална содржина
- Прекршувања на авторски права или права на интелектуална сопственост
- Непосакувани пораки (спам), мамење со линк или датотеки кои содржат вируси кои би можеле да наштетат на работата на компјутерите или мобилните уреди на други лица
- Напади кон конкретни групи или коментари чијашто цел е да вознемират, да послужат како закана или злоупотреба на одреден поединец
- Комерцијални побарувања или промоција на конкурент
- Доверливи информации или трговски тајни
- Лажно претставување како некое друго лице или организација.
- Го задржуваме правото да забраниме или да блокираме корисник кој објавува содржина како што е опишано погоре и повеќе несоодветни објави или она што сметаме дека е потребно во конкретниот случај, како и да отстраниме сите објави на нашите IQOS страници, доколку сметаме дека објавата не е во согласност со овие Правила или сите други применливи посебни услови за користење на платформа. Истовремено, укажуваме на тоа дека нема да имаме никаква обврска да Ве известиме за таквата одлука.
- Дозвола за користење на Содржина креирана од корисникот („UGC“). Би сакале повторно да ја користиме содржината што ја доставувате, ја објавувате и ни ја испраќате во Директна приватна порака (DM) на нашите IQOS Страници.
- За секоја Содржина креирана од корисникот (UGC) што ја споделувате со нас, изјавувате и гарантирате дека:
a) Вие сте тековен корисник на IQOS и имате најмалку 18 години (доколку не се појавувате во Содржината креирана од корисникот) или најмалку 25 години (доколку препознатливо се појавувате во Содржината создадена од корисникот);
б) Содржината креирана од корисникот е Ваша оригинална работа и не прекршува никакви права на интелектуална сопственост, личност или други права кои припаѓаат на трето лице;
в) Вашата дозвола за користење на Содржина креирана од корисникот во согласност со овој договор („Ваша дозвола“) не ги прекршува и не е спротивна на Вашите постојни договори или применливи закони;
г) Вие и сите лица кои препознатливо се појавуваат во Содржината креирана од корисникот имате најмалку 25 години и имате дозвола од тие лица да: i) ги фотографирате или снимате со звук и/или видео-снимка, ii) да ги вклучите нивните фотографии, звук и/или видео-снимка во Содржината креирана од корисникот и iii) доколку е применливо, да ги користите нивните имиња за да бидат споделувани од PMI и неговите филијали за потребите наведени подолу без да им се плати надоместок, и iv) да обезбедите за PMI примерок од нивната дозвола во писмена форма доколку PMI побара да го сторите тоа.
д) Вие ги задржувате сите Ваши права на Содржината креирана од корисникот, но му давате на PMI и на неговите филијали, трајна дозвола без надоместок, да ја користат и копираат, вклучително и за комерцијални потреби, Содржината креирана од корисникот за сите законски потреби вклучувајќи маркетинг, промовирање и/или рекламирање на несогорливите брендови на PMI, како и производи во врска со овие брендови, услуги и промотивни материјали, по сопствено видување на PMI и без каква било одговорност или гаранции (изречни или имплицирани) во однос на употребата на Содржината од наша страна, од датумот на кој ја давате Вашата дозвола на PMI и неговите филијали.
ѓ) Му давате на PMI и на неговите филијали права да репродуцира, да менува, да прикажува и да подготвува изведени работи, јавно да ја изведува, прикажува, дистрибуира, емитува или поинаку да ја користи Содржината креирана од корисникот, во целост или делумно како што посакува PMI (или која било од неговите филијали), за горенаведените намени, во секој медиум за објавување и секое географско подрачје.
е) Му давате овластување на PMI, како и на неговите филијали, да го користи името, прекарот, ликот, псевдонимот, правата на публицитет, гласот, изведба во живо или снимена изведба, автограф, фотографии и биографски информации од Вас и сите други лица вклучени во Содржината креирана од корисникот во согласност со нашето известување за приватност на деловните партнери достапно на https://www.pmi.com/legal/legal-documents и дека за овие услови ги имате известено сите други лица вклучени во Содржината креирана од корисникот.
ж) Во случај кога Содржината креирана од корисникот прекршува сопственички права на трето лице или нанесува штета или ги нарушува приватноста или правата на публицитет на некое друго лице, Вие ќе го обесштетите, одбраните и заштитите PMI и неговите филијали од и против какви било побарувања, барања, штети, одговорности, загуби, трошоци и издатоци кои произлегуваат од или се поврзани со ова прекршување.
з) Се согласувате дека доброволно ја давате Вашата дозвола и дека сте слободен(-на) да дадете Дозвола на PMI.
ѕ) Можете да се откажете од Вашиот договор за дозвола за идна Содржина креирана од корисникот во секое време така што ќе нѐ контактирате преку
contact.mk@iqos.com или со други средства следејќи ги насоките наведени во условите за користење на нашите канали, но дури и после такво откажување, Вашата дозвола ќе биде важечка и правосилна во однос на секоја Содржина креирана од корисникот за која ни имате дадено Ваша дозвола и/или која ја имате објавено на нашите канали, сметки, секаде што е применливо во согласност со соодветните услови за користење, пред откажувањето. Ве молиме имајте предвид дека обработката на Вашето барање за откажување може да потрае извесно време, но ќе се потрудиме да ја извршиме најбрзо што може.
и) Може да нѐ контактирате на
contact.mk@iqos.com за сите прашања или појаснувања во врска со Вашата дозвола, доколку сметате дека Вашиот материјал со заштитени авторски права или права на интелектуална сопственост се користел без овластување или дека се прекршени Вашите права на приватност или личност.
ј) Вашата дозвола ќе се регулира во согласност со законите на Швајцарија и ќе подлежи на судската надлежност на судовите во Лозана, Швајцарија, без оглед на меѓународните одредби за конфликт на правото и со исклучок на Конвенцијата за договори за меѓународна продажба на производи на Обединетите нации од 1980 година.
Запомнете, објавите од Ваша страна или други лица не секогаш ги изразуваат ставовите на Philip Morris International. Не сме одговорни за ниту една содржина или линкови кои ги споделувате Вие или други лица. Доколку сакате да ја споделите оваа страница или нејзината содржина со Вашето окружување, Ве молиме бидете сигурни дека луѓето кои ги гледаат Вашите објави се пушачи на законски дозволена возраст или возрасни IQOS корисници.
ОДГОВОРНОСТ И ОДРЕКУВАЊА
КОРИСТЕЊЕТО НА НАШИТЕ IQOS СТРАНИЦИ ОД ВАША СТРАНА Е НА ВАШ РИЗИК. НАШИТЕ СТРАНИЦИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ СЕ ДАДЕНИ „КАКО ШТО СЕ“ И „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“. ТАМУ КАДЕ ШТО Е МОЖНО, МОЖЕМЕ ДА ГО ОГРАНИЧИМЕ ВАШИОТ ПРИСТАП ДО НАШИТЕ IQOS СТРАНИЦИ ИЛИ СЕКОЈА НИВНА КАРАКТЕРИСТИКА ИЛИ ДЕЛ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ. СЕ ОДРЕКУВАМЕ ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ БИЛО ВИД, НЕЗАВИСНО ДАЛИ СЕ ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА ПОДОБНОСТ ЗА ПАЗАРОТ, ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ И ПОДОБНОСТ ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА И КОИ БИЛО ГАРАНЦИИ ДЕКА МАТЕРИЈАЛОТ НА НАШИТЕ САЈТОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ НЕ ПРЕТСТАВУВА ПРЕКРШОК; ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКА; ДЕКА НАШИТЕ САЈТОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ЌЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ ИЛИ ДЕКА ИНФОРМАЦИИТЕ НА САЈТОВИТЕ НА НАШИТЕ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ ЌЕ БИДАТ ЦЕЛОСНИ, ТОЧНИ ИЛИ НАВРЕМЕНИ.
ДОКОЛКУ НЕКОЈ ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ НАС ВО ВРСКА СО ВАШИТЕ ПОСТАПКИ ИЛИ ПРИДОНЕСИ, ВИЕ ЌЕ НИ ПЛАТИТЕ НАДОМЕСТ ИЛИ ЌЕ НÈ ЗАШТИТИТЕ ОД ИЛИ ПРОТИВ СИТЕ ШТЕТИ, ЗАГУБИ И ТРОШОЦИ ОД КАКОВ БИЛО ВИД (ВКЛУЧУВАЈЌИ РАЗУМНИ ПРАВНИ ДАВАЧКИ И ТРОШОЦИ) КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ТАКВАТА ТУЖБА.
НАЈМНОГУ ШТО ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВОТО ПРАВО, РАЗБИРАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ ЗА СИТЕ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ, КАЗНЕНИ ИЛИ СИТЕ ДРУГИ ШТЕТИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ИЛИ СЕ ПОСЛЕДИЦА НА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕМОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАШИТЕ САЈТОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ. ТОА ВКЛУЧУВА ШТЕТИ ЗА ГРЕШКИ, ПРОПУСТИ, ПРЕКИНИ, ДЕФЕКТИ, ОДЛОЖУВАЊА, КОМПЈУТЕРСКИ ВИРУСИ, ВАШАТА ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ГУБЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ, НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП ДО ВАШИТЕ ПРЕНОСИ И ПОДАТОЦИ И НИВНА ПРОМЕНА, КАКО И ДРУГИ МАТЕРИЈАЛНИ И НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ. ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ ВАЖИ НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ ШТЕТИТЕ СЕ ПОБАРУВААТ СОГЛАСНО УСЛОВИТЕ НА ДОГОВОР, КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕБРЕЖНОСТ ИЛИ ПОИНАКУ, ДУРИ И КОГА НИЕ ИЛИ НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ СМЕ ПОСТАПИЛЕ НЕБРЕЖНО ИЛИ СМЕ БИЛЕ ПОСОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВИ ШТЕТИ.
Приватност на податоци
Доколку ни давате лични податоци на IQOS страниците, ќе ги обработиме во согласност со известувањето за политика на приватност кое е достапно
овде.
Промени на овие правила
Повремено можеме да ги менуваме овие Правила без никакво известување. Ве молиме да ги проверите овие Правила при секој пристап и користење на нашите IQOS Страници за да бидете во тек. Доколку потоа продолжите да ги користите IQOS Страниците, користењето од Ваша страна ќе значи дека ги прифаќате ажурираните Правила. Датумот во горниот дел од оваа страница покажува кога последен пат биле ажурирани овие Правила.
Судска надлежност
Овие Правила и користењето на IQOS Страниците од Ваша страна се регулираат со законите на Швајцарија и Вие неотповикливо се согласувате со судската надлежност на надлежните судови кои се наоѓаат во Лозана, Швајцарија, без оглед на меѓународните одредби за конфликт на правото и со исклучок на Конвенцијата за договори за меѓународна продажба на производи од 1980 година.
Право на доделување, неможност за откажување, важност на поединечни делови од договорот
PMI може да ги пренесе своите права и должности во согласност со овие Правила на секое лице во секое време без да Ве извести, освен кога е потребно известување во согласност со применливите закони, но ова нема да влијае на Вашите права или нашите обврски од овие Правила.
Доколку неуспешно настојуваме или наложуваме строго следење на овие Правила, тоа не подразбира одрекување на некое од овие Правила или права на PMI. Корисниците секогаш треба да претпостават дека важат овие Правила.
Доколку некоја одредба во овие Правила се смета за неважечка или неспроведлива, останатите Правила и понатаму ќе бидат применливи.
Ви благодариме што го прочитавте овој документ. Ви посакуваме да уживате во нашата заедница!