Услови за онлајн нарачка и испорака
1. За нас
Платформата за испорака на нарачките направени преку www.iqos.com ја води Друштвото за производство и трговија со производи од тутун Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје, компанија основана според законите на Северна Македонија, со регистрирано седиште на ул. Максим Горки бр. 13, 1000 Скопје, Северна Македонија (во натамошниот текст: „ФМТКП“).
2. Што е намената на овие Услови?
- Намената на Условите за онлајн нарачка и испорака е да Ви ги објасниме основните правила и принципи за нарачка преку нашата платформа, како и правниот однос кој произлегува од истите. Овие Услови за онлајн нарачка и испорака намерно ги изоставуваат деталните описи на прашањата кои сами по себе се со јасен контекст. Условите се составени на македонски и англиски јазик. Во случај на несогласување, преовладува верзијата на македонски јазик.
- Платформата за онлајн нарачување и испорака е наменета за нарачки со адреса на испорака на територијата на Република Северна Македонија.
- За да се избегне несогласување, нарачките направени преку онлајн платформата на ФМТКП не создаваат обврзувачки договор помеѓу ФМТКП и Вас. Доставата и продажбата на производите се извршуваат од страна на Експанда ДОО (во натамошниот текст: Експанда), и притоа, сите заеднички права и обврзувања ќе бидат одредени меѓу Експанда и Вас.
- Според овие Услови, Вие прифаќате дека овластени претставници на Експанда може да ве контактираат Вас за работи поврзани со одредување на доставата и продажба на производите.
3. Зошто мора да ја знаеме Вашата возраст?
- Со оглед дека производите кои се нудат на нашата платформа за онлајн нарачка и испорака се електронски уреди за употреба на тутунски производи без чад, мораме да се осигураме дека производите кои се дел од нашата платформа нема да ги продаваме и испорачуваме на лица помлади од 18 години. Заради тоа, бараме Ваша верификација за Вашата возраст кога ја посетувате нашата веб страница и ја проверуваме возраста при регистрација, исто како што прават овластените претставници од Експанда за време на процесот на продажба и испорака на производите.
- Нашите производи нема да ги продаваме и испорачуваме на лица помлади од 18 години.
- Платформата за онлајн нарачки, продажба и испорака е достапна само за регистрирани корисници. Ја проверуваме возраста при регистрација и/или преку овластен претставник од Експанда при процесот на продажба и испорака, преку личните документи на корисникот (лична карта, возачка дозвола, пасош); сето ова го правиме како би биле во склад со законот.
- Ако сте помлади од 18 години и се регистрирате, Вашата регистрација ќе биде директно поништена штом ќе станеме свесни за тоа.
4. Како и каде се извршува испораката?
- Избирате производ и место на испорака во делот за нарачки, каде исто така можете да ги пронајдете сите информации за производите и нивните цени. Понудата на платформата за нарачки не е обврзувачка и важи сé додека ја има на залиха. Минимален износ за нарачка е 300 (тристотини) денари.
- Со комплетирање и праќање на формата за нарачка, праќате понуда за овластениот претставник од Експанда да стапи во контакт со Вас. Во рок од 5 дена понудата може да биде прифатена целосно или делумно (по заеднички договор) или понудата може да биде одбиена.
- Со прифаќање на понудата, се потврдува нарачката со Експанда. Сите други аспекти ќе бидат регулирани по постоечки законски регулативи и прописи.
5. Кога Вие станувате сопственик на нарачаните производи?
- Сопственоста над нарачаните производи преку платформата за онлајн нарачки преминува кај Вас после испораката на производот од страна на овластениот претставник од Експанда на Вашата адреса и откако ќе платите вкупната цена на производот, односно онаа цена која била валидна во моментот на нарачување.
- Ова подразбира дека Вие превземате ризик од штета на производите после примопредавање на производите.