31/10/2022

Совети за есенско IQOS костумирање

Есента е сезона на менување костими: природата е во својот креативен пик па вешто го дизајнира октомвриското сензационално одело составено од илјадници нијанси, луѓето полека ги враќаат во акција омилените парчиња топла гардероба, а ќебињата суптилно ни стануваат цимери и најдобри пријатели. И на прегратките со нив им нема крај!!

Затоа немој да заборавиш дека IQOS одлучи да ти подари уште една топла прегратка: со секоја нарачка на IQOS ORIGINALS DUO подарок добиваш поларно ќебе. Сезоната пред нас е едноставно совршена за маратонски уживања под ќебе, со омилената книга и полна шолја чај или кафе. Секако, со IQOS, бидејќи непријатните мириси, чадот и пепелта ги оставивме во минатото.

И покрај менувањето костими по повод разните актуелни настани, сите едногласно можеме да се согласиме дека месец октомври има универзален дрес-код што на сите ни е фаворит: топлите пижами.

Додека градските улици и дождот си ги разменуваат приказните, секој од нас со задоволство би кулирал дома покрај својот разгорен камин, или повеќечасовно јутјуб видео од разгорен камин, отколку да им се меша во влажните разговори. Но, за жал, секојдневните обврски нè повикуваат надвор, па понекогаш со тешко срце мора да излеземе и да се соочиме со есенските предизвици. И за да избегнеме извесни хорор сценарија и непосакувани стресни ситуации, нашиот подарок за tricks-or-treats ќе бидат неколку tips & tricks околу твојот IQOS уред:

  • • Не излегувај со празен уред. Наполни го својот IQOS уред неколку часа пред излегување. Но, во случај да заборавиш, ништо страшно. Смести ги адаптерот или кабелот во својата ташна или внатрешниот џеб од палтото. Ова се навидум мали и едноставни чекори, но верувај дека ќе ти заштедат на време и енергија;
  • • Редовно чисти го уредот. Благодарение на IQOS стапчињата сега многу лесно можете да го одржувате вашиот уред чист, а со тоа да си овозможиш оптимално IQOS искуство. Повеќе информации за одржување и чистење на IQOS уредите, овде;
  • • Следи нè. Нашиот IQOS тим постојано објавува новости и информативни содржини за сè она што е актуелно и што смета дека е важно да го знаеш. Редовно посетувај ги IQOS профилите на социјалните мрежи и нашата веб-страна. За сите прашања и дополнителни совети, тука е нашата IQOS Виртуелна Зона.

И не заборавај да избереш соодветен есенски костим за твојот уред. Персонализирај го IQOS уредот според професионалните потреби, според твојот аут-фит или темперамент. Ние се погриживме да имаш огромен спектар на бои и нијанси што ќе ти го олеснат изборот.

Додека останатите измислуваат идентитети за да ги одбранат своите костими, IQOS создава костими што ќе бидат гласници на идентитетот. Автентичност, иновација, иднина, или едноставно, IQOS!

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе