Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
14/12/2022
Што е она што го промени шопингот, но и потрошувачките навики воопшто? Што е тоа што за 180 степени ги сврте правилата за пазарење? Се разбира, онлајн продажбата. Инвазијата од дигиталното нарачување на добра во последната деценија го достигна својот врв. Особено кулминираше со појавата на друштвените мрежи, каде што дури и најмалите бизниси добија простор да бидат забележани. Но, сета таа магија не би била возможна доколку не би постоела следнава алка од синџирот: испорака на нарачаното!
Испораката од продавачите до своите клиенти се претвори во еден од најголемите и најраспространети бизниси. Со моменталната побарувачка, потребата од испорака експоненцијално расте. Она што до вчера ни изгледаше „како на филм“, денес е реалност.
Оваа активност без којашто шопингот не би бил ниту пола модерен или прогресивен од она што е денес, си има свој интернационален ден. Но не станува збор интернационален ден на било каква испорака, туку на бесплатната. #NationalFreeShippingDay. Секоја година се паѓа на различна дата, некаде помеѓу Black Friday и Божиќ. Оваа година е на 14-ти декември.
Ние во IQOS редовно следиме и поставуваме нови светски трендови. Затоа се повикуваме на овој датум, да ги потсетиме нашите постоечки и идни корисници дека за сите IQOS производи доставата е бесплатна. Не само на овој ден, туку постојано! Уредите IQOS ORIGINALS DUO и lil SOLID 2.0, со сите останати производи ти се достапни за онлајн нарачка, по која следи бесплатна испорака.
Неколку бенефити од онлајн нарачувањето и бесплатната испорака:
IQOS не престанува со доставување љубов до вашата адреса и вашиот живот. Бесплатно!