29/12/2022

Ретроспектива на 2022-ра низ призмата на IQOS

Уште една успешна година е зад тимот на IQOS. Во продолжение зборуваме со Петар Бошковски – менаџер за Комерцијални операции во ФМТКП. Оваа година ја одбележаа навистина големи проекти и иницијативи кои нема да ги собере во едно интервју, сепак на кратко ги пренесуваме истите до оние кои ги пропуштија и ги потсетуваме оние кои беа дел од целото искуство.

1. Со што може да ја одбележиме изминатава година, кога станува збор за IQOS?

Цела година можам да ја сместам во еден збор, УСПЕХ! Имавме навистина многу успешни иницијативи и не би можел да ги набројам сите, но некои мора да се напоменат. Имавме серија на автентични настани кои пратија уникатни пораки до нашите постоечки и потенцијални корисници. Почнувајќи од нашиот прв настан за корисници, посветен на новата варијанта патрони од несогорлив тутун – Russet, потоа следеше вториот роденден на IQOS во Македонија, кој го прославивме со стил и подароци за нашите лојални корисници. Следеше лансирање на лимитираната едиција IQOS уреди – We edition, посветен на инклузивноста и уникатноста на целата наша заедница на корисници. Ова лансирање беше проследено со ексклузивен настан, првата NFT галерија во нашата земја, која имаа можност да ја посетат дел од нашите најлојални корисници. Во летниот период не запревме, бевме домаќини и на првата Exit забава одржана во Македонија, а пет најлојални корисници добија можност да присуствуваат и на самиот Exit фестивал во Србија. Локална фестивалска поддршка дадовме и на нашиот Д-фестивал, каде бевме присутни со бројни активности, кои привлекоа навистина многу внимание. Летото го заокруживме со уште една лимитирана едиција на IQOS – Passion Red со која ја откривме страста на летото. Ова лансирање беше проследено со настан во Охрид и со супер изненадување, Instagram предизвик за фотографии од нашите корисници. Десетте најдобри фотографии добија IQOS Passion Red на подарок. Годината ја завршивме спектакуларно со оригинален настан, посветен на нашите најнови IQOS ORIGINALS, исполнет со уникатни искуства.

2. Што беше клучно за да се постигнат сите претходно набројани успеси?

Тука не би зборувал за стратегија, иницијативи и активности, се разбира имавме добар план. Би се фокусирал на тоа кој ја оствари оваа успешна приказна. Благодарение на еден огромен тим на страсни професионалци, заедно со нашите надворешни партнери, а во тимот би ја вклучил и целата малопродажна трговска мрежа. Сите заедно успеавме да испратиме јасна порака дека секогаш постојат алтернативи и навистина ја подигнавме свесноста за подобра алтернатива на пушењето цигари.
Ние секогаш ги мериме нашите резултати низ две призми, ШТО испорачавме и КАКО испорачавме. Секогаш втората призма многу повеќе ја вреднуваме и горди сме што нашите резултати ги испорачавме КАКО тим. Би почнал од тоа како тимот за Маркетинг и Дигитал ги имплементираше сите новитети во портфолиото на производи во текот на цела година, тимот за Корисничко искуство кој дополнително ја истакна важноста на нашите корисници, со моделот за задололство на корисници (NPS), тимот за Комерцијални операции кои со својата агилност во подигањето на инфраструктурата, ја доближија подобрата алтернатива со 82% географска покриеност од целата популација на полнолетни пушачи, преку мрежата на IQOS партнери, иницијативата IQOS караван и поставување на втората мобилна IQOS зона низ повеќе градови во Македонија, колегите од Синџир за набавки кои успеаа и покрај сите предизвици со глобалната криза да обезбедат непречено снабдување, тимот за Екстерни прашања кои преку едукација и подигање на свесност за категоријата, успеаа Концептот за намалување на штети (Harm Reduction) да биде препознаено начело во еден од стратешките документи на државата и цела оваа динамична композиција ја испратија колегите од Финансии со нивната несебична поддршка за профитабилно и одржливо работење. Ја користам оваа прилика на сите да им честитам на успешната година позади нас и да им посакам уште поуспешна 2023-та.

Петар Бошковски – менаџер за
    Комерцијални операции во ФМТКП

3. Што ти остави најголем впечаток во оваа година?

Еден параметар што мене лично ме прави горд е нашиот пристап преку користење на голем број канали и воспоставување синергија на истите. Тој пристап не е само декларативен, туку функционира во целост и во соодветен баланс. IQOS и целата комуникација поврзана за категоријата се достапни на сите релевантни канали за продажба. Овој пристап ни овозможува, пред сè да пратиме јасни пораки базирани на наука, за секој полнолетен пушач да може да донесе правилна одлука. Доволно сме храбри и не застануваме тука, убедени сме дека дигиталните канали и малопродажната трговска мрежа имаат уште поголем потенцијал и можат да направат уште поголем исчекор. На нас е да ги препознаеме сите шанси, да ја споделиме нашата храброст и амбиција со постоечките и потенцијалните идни партнери, да аплицираме соодветни програми и механики и да досегнеме до што поголем број полнолетни пушачи кои треба да станат свесни дека постои подобра алтернатива.

4. Кои се очекувањата за наредната година кога станува збор за IQOS?

Од самото лансирање на IQOS поставивме сериозно темпо на активности, од проширување на портфолио, до цела палета на програми и нашите корисници со право се во исчекување на иновации и изненадувања. Ќе ги има...
Би ја искористил оваа прилика, да се обратам до сите наши корисници и да им порачам дека секогаш сме расположени и спремни да одговориме на секое нивно барање и да сослушаме било каков коментар или предлог во врска со категоријата, а воедно би ги охрабрил да ги користат сите наши канали на комуникација, за споделување на истите. Навистина се што ќе добиеме како препорака или совет од нивна страна, сериозно го земаме предвид и најчесто го вградуваме во наши идни иницијативи.
Што се однесува до целокупната полнолетна пушачка публика, тука можеме да ветиме дека со уште поголема страст ќе се обидеме да ја доближиме нашата категорија производи и сите бенефити кои истата ги носи до што поголем број на полнолетни пушачи. Досегашните резултати ни го дадоа потребното ниво на самодоверба, за да бидеме уште поистрајни во нашата мисија – Иднина без тутунски чад!

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе