18/05/2023

Креативно изразување - #ЗаНеа

Пролетта е во полн ек. Надвор мириса на надеж, на нови почетоци и позитива. Шетаме, вибрираме и доживуваме. Природата полека, но сигурно ја црта својата нежност со својата препознатлива цветна палета.

Затоа, овој пат IQOS се обраќа на своите цветови, на дамите. Сакаме нејзината пролетна насмевка и ентузијазам да сјаат до максимум. Сакаме да додадеме магија во твојата бајка. Дозволете нашите додатоци и аксесоари да бидат она што ќе го заокружи твоето ремек дело.

IQOS ти нуди неколку колоритни комбинации кои ќе ја потенцираат твојата женственост. Доколку го уживате IQOS ORIGINALS DUO покрај капачињата за држач и капаците за полнач, имате неколку опции и за силиконски футроли кои би можела да ги адаптираш на твојот темперамент, професионална вокација, па дури и хороскопски знак.

Дај му акцент на твојот жесток шарм со Scarlet силиконската футрола. Нека црвенилото на љубовта ги разбрани твоите страсти. Но овде е и Slate, за љубеничките на јогата и за оние кои уживаат во енергетски баланс. Дозволи им на длабоките тегетни ноти да го урамнотежат твојот космички потпис. За сите оние кои одлучиле вечно да останат млади, овде е нашата Turquoise нијанса која ја чува искрата на искреност, длабочина, спиритуална чистота.

раце држат IQOS ORIGINALS DUO уреди со додатоци

Нормално, покрај нашите сугестии, оставаме простор за и за креативно изразување, така што ќе ги исфузираш овие бои со комбинација од некој друг IQOS аксесоар. Скокни во делот за додатоци и аксесоари и обој го твојот IQOS свет во омилените бои. За дополнителни информации и детали за било кој од листата на IQOS производи и услуги, слободно контактирајте го нашиот тим од Виртуелната зона.

Нека оваа пролет ги регенерира сите сетила, нека донесе наплив на хормони на среќа, нека подари тони радост. Диши длабоко и уживај во она што те прави среќна, без чад и пепел, со помалку непријатни мириси.

Ваш, IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе