14/01/2021

Замена на цигарите со подобрa алтернативa

IQOS е уред со долгогодишно научно истражување и тестирање. Тој е дизајниран за да ги замени ритуалите на пушење цигари.

Прекрасната работа во светот во кој живееме денес е тоа што имаме избор. Без оглед на нашите интереси, едноставното пребарување преку Интернет ни дава разни опции за истражување и избор. И да, дури и за возрасен пушач кој инаку би продолжил да пуши или да користи други производи од никотин, а кој е заинтересиран да проба други производи од тутун и/или никотин како замена за цигарите, постојат многу опции за истражување.

Ако сте возрасен пушач кој сака да ги замени цигарите, еве неколку корисни работи за алтернативите на цигарите.

Кои се различните опции за алтернативи за пушење?

Електронските цигари се една од алтернативите на цигарите. Тие не содржат тутун, туку користат е-течности кои вообичаено имаат одреден вкус. Е-течностите се загреваат со цел да се создаде аеросол, или како што некои корисници го нарекуваат, пареа. На пазарот има многу широк спектар на електронски цигари и е-течности, сите со различни перформанси. Доколку размислувате во насока на електронските цигари како замена за цигарите, една разлика што ја имаат е-цигарите во однос на цигарите е дека тие се без чад. Кај електронските цигари не гори тутунот, бидејќи нема ништо што би се запалило. Ова е важно да се забележи; како што ќе дознаеме малку подоцна во врска со цигарите.

Постои и друг вид на алтернатива за цигари, наречена „heat-not-burn“, која користи вистински тутун кој е специјално обработен. Иновативната технологија го загрева тутунот во уредот до одредена температура, што значи дека всушност ништо не гори. Ова спречува согорување, и како резултат, heat-not-burn производите и електронските цигари ја имаат истата разлика од цигарите, односно се без чад.

IQOS е една таква heat-not-burn алтернатива на пушењето. Развиен од Филип Морис Интернешнл, IQOS користи технологија наречена HeatControl ™ за прецизно контролирање на температурата на загревање на тутунот.

Како IQOS е различен од пушењето цигари?

Најважната разлика помеѓу употребата на IQOS и пушењето цигари е следната: иако IQOS не е без ризик и содржи никотин што предизвикува зависност, IQOS е подобар избор отколку да продолжите да пушите цигари.

Главната причина за ова веќе ја спомнавме - се заснова на тоа како IQOS го елиминира согорувањето. Запалениот крај на цигарите може да достигне температура околу и над 600 степени Целзиусови при горење на тутунот, односно истиот согорува. Преку согорувањето се произведуваат над 6.000 хемикалии, а многу од нив предизвикуваат болести поврзани со пушењето. Од друга страна, IQOS го загрева тутунот само до 350 степени Целзиусови, што спречува согорување на тутунот.

Користењето на IQOS како алтернатива на континуирано пушење цигари има неколку придобивки:

1. Нема чад: За разлика од цигарите, IQOS не произведува чад, туку пареа од тутун и испушта 95% помалку штетни хемикалии во споредба со цигарите *. Важни информации: Не мора да е еднакво на 95% намалување на ризикот. IQOS не е без ризик.
2. Нема пепел: Бидејќи IQOS не гори тутун, тој исто така не произведува пепел.
3. Остава помалку мирис: Пареата на тутун произведена од IQOS се распрснува побрзо од чадот од цигарите, притоа оставајќи помалку мирис отколку цигарите. Вашите раце, коса, облека - а можеби дури и оние кои се во Ваша близина - ќе Ви се заблагодарат!
4. Не остава дамки на прстите: IQOS нема да остави дамки на прстите како што тоа го прават цигарите.
5. Помалку пречи: Бидејќи IQOS произведува помалку мирис од цигарите, помала е веројатноста да им пречи на луѓето околу вас.

* „95% помалку“ претставува просечно намалување на нивото на низа штетни хемикалии (со исклучок на никотин) во споредба со чадот од референтна цигара (3R4F). Видете Важни Информации на IQOS.com

Најнови новости

Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе
Секојдневни ритуали што ја прават есента посебна
Прочитајте повеќе