05/03/2021

Како до вистинскиот подарок за секоја жена

Жените инспирираат. Жените се моќни и посилни од она што им се припишува. Тие се издржливи, храбри, успешни.

Да се биде жена значи во исто време да играш повеќе улоги и во сите нив да бидеш најдобра, да бидеш најпосветена.

Вредноста на жените е непроценлива, и токму поради тоа, како и сето она што стои во воведот на овој текст, ние мора да се осигураме секојдневно да им покажуваме и докажуваме колку ни значат, колку се тие сакани и почитувани.

Во пресрет на 8-ми март, направете пауза од секојдневните обврски и помислете на сите жени во вашиот живот и колку се тие важни за Вас. Помислете и на тоа кога последен пат сте им покажале колку тие Ви значат. Сте им го разубавиле ли денот, сте им се јавиле без особена причина или сте им подариле мал знак на внимание? Поминало доста време, нели?

Затоа, донесете одлука дека од време на време ќе го „паузирате“ она напорно темпо на Вашето секојдневие и ќе одвоите време за луѓето околу вас. Ќе ја повикате својата пријателка на кафе, ќе организирате ручек со својата мајка, ќе одите во шопинг со својата сестра. Нека ваквите мали знаци на внимание бидат Ваша навика, а во пресрет на 8-ми март потрудете се уште повеќе и осмислете начин на кој ќе им се заблагодарите на жените во Вашиот живот и ќе изберете подарок со кој ќе измамите искрена насмевка.

Ви требаат идеи за осмомартовски подарок?

Ние дефинитивно имаме неколку „безбедни опции“ за подарок за Вас!

Книга – секогаш добра опција кога станува збор за подарок. Размислете за карактерот на личноста на која ѝ подарувате и поврзете го со некој литературен жанр или автор кој нејзе ѝ е омилен.

IQOS уред - Доколку жената на која сакатe да ѝ го разубавите овој 8-ми март ужива во вкусот на тутун, подарете ѝ IQOS уред и дозволете ѝ да ужива во вистинскиот вкус на тутун. Совет при изборот на вистинскиот уред и боја, може да добиете од Теа, Стефанија, Јана и Вероника, нашите IQOS експерти во виртуелната зона. Едноставно кликнете го копчето за разговор во десниот агол на екранот и дозволете им да Ве водат по патот кон совршениот IQOS подарок.

Додаток за IQOS уред – ако специјалната жена во Вашиот живот веќе поседува IQOS уред, непогрешлив избор за подарок е некој од многуте IQOS аксесоари. Размислете за карактерот на личноста, кои бои ѝ се омилени, кој стил ја одликува нејзината личност и подарете ѝ практичен подарок кој без сомнеж ќе ја израдува! Не заборавајте, нашите девојки од виртуелната IQOS зона Ви стојат на располагање.

IQOS

Ако сепак не добивте идеја за подарок од нашата листа, не очајувајте – чоколадото е секогаш добредојден подарок на кој сите се радуваме! Секаде, во секое време :)

Нека е честит Денот на жената, нека секоја жена биде среќна, сакана и почитувана!

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе