15/10/2024

Чекор поблиску до тебе - IQOS Караван во Куманово

Во свет каде што иновациите се движечка сила, IQOS секогаш се стреми не само да биде чекор напред со промените, туку и да ги приближи до оние кои најмногу ги ценат – до нашите верни корисници.

Нашата мисија не е само да создадеме производ, туку да креираме искуства кои траат. Во последната декада, токму желбите и искуствата на нашите корисници се оние што нè водат напред и нè инспирираат да целиме кон совршенство кога станува збор за уживање во IQOS ритуалите.

Затоа и сега, со задоволство ти ја претставуваме новата локација на IQOS караванот:

Куманово – пред влезот на Алфи Техноцентар. Оваа привремена локација е место каде што секој корисник или полнолетен пушач може да дојде и од прва рака да се информира за сè она што го интересира и сè поврзано со нашите уреди и услуги.

Што ти нуди IQOS Караванот?

Посети го нашиот караван и:

Работно време:

IQOS караванот во Куманово ќе биде достапен со следново работно време:

  • Понеделник: 14:30 – 21:00 часот
  • Вторник – Сабота: 10:00 – 21:00 часот
  • Недела: 12:00 – 20:00 часот

Специјална понуда на IQOS трејлерот во Куманово за посетителите на Алфи Техноцентар:

  • ● Со купување на IQOS ILUMA ONE уред (цена: 990 MKD) се добива ваучер за Алфи во вредност од 300 МКД;
  • ● Со купување на IQOS ILUMA уред (цена: 1.490 MKD) се добива ваучер за Алфи во вредност од 500 МКД;
  • ● Со купување на IQOS ILUMA PRIME уред (цена: 2.990 MKD) се добива ваучер за Алфи во вредност од 700 MKD.

IQOS ILUMA – Три модели, една технологија

IQOS ILUMA, нашата последна иновација, достапна уште поблиску до тебе. Без разлика дали си долгогодишен корисник на IQOS или полнолетен пушач кој е љубопитен да дознаете нешто повеќе за оваа иновативна алтернатива, ова е одлична можност да се увериш во уникатноста на трите ILUMA модели.

Благодарение на напредната индукциска технологија на загревање со која тутунот се загрева наместо да се согорува, нашите уреди го намалуваат нивото и количината на штетни материи во просек и до 95% во споредба со чадот од цигарите.

Семејството на IQOS ILUMA уреди вклучува три различни модели, сите базирани на иcтата индукциска технологија која ти овозможува чисто и прецизно загревање, без пепел, без чад, без чистење, со конзистентно искуство при секое користење. Изборот е твој:

  • IQOS ILUMA ONE – компактност и елеганција во еден уред.
  • IQOS ILUMA – познат дизајн и врвно искуство.
  • IQOS ILUMA PRIME – префинет стил и врвна изработка.

Иако IQOS не е без ризик и содржи никотин кој предизвикува зависност, претставува подобар избор од продолжување со пушењето.

Затоа те чекаме во Куманово!

Доколку не си во околината на Куманово, IQOS ILUMA уредите исто можете да ги најдеш на продажните локации кај IQOS партнерите низ целата држава, во Скопје, вклучувајќи ги IQOS бутиците во Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол, IQOS зоните во Сити Мол, Веро Тафталиџе, мобилната зона на влезот на Веро Центар, во Тетово, Палма Мол. Дополнително, IQOS уредите се секогаш достапни и преку нашата веб страница.

Се гледаме!

Твој, IQOS.

Најнови новости

Теа - една од добитниците на патување во Токио
Прочитајте повеќе
Патот до Токио преку Together X платформата
Прочитајте повеќе
Одбележуваме 10 години IQOS
Прочитајте повеќе
Поинакво IQOS кафе искуство
Прочитајте повеќе