24/07/2025

Подготви се за IQOS лето во Охрид

Летото е време за нови предизвици и нови искуства. Тоа е периодот кога се препуштаме на магијата на прекрасните летни ноќи, во кои се случуваат мигови кои многу веројатно ќе ги паметиме засекогаш.

Оваа година, како и секоја, летна забава се случува во Охрид, а IQOS е таму да биде дел од создавањето на твоите најинтересни моменти ова лето и да ја поттикне твојата безгрижност и полетност.

summer

IQOS моменти на различни локации

Најубавиот македонски град има за секого по нешто во текот на летото. Во полн ек е 65-ото издание на Охридското Лето, оваа година и со поддршка од IQOS, каде нашите бренд амбасадори се присутни на повеќе настани од програмата. Кафулињата работат неуморно, а плажите се постојано со позитивни вибрации. Но, најдобрата забава е каде што е IQOS.

Lake View Cinema пред хотел SU

На тревникот пред хотелот, на самиот кеј на езерото, организираме кино проекции на отворено. Смести се во удобните IQOS lazy bags, нарачај вкусен пијалак и уживај во програмата која ја подготвивме. Секој вторник во 21 часот се прикажува нов филм, во периодот од 22 јули до 9 септември.

IQOS забава во Harbour Club

По напорната работна недела, посети го нашиот IQOS space - The Harbour Club во Охрид, а нашите бренд амбасадори, како и секогаш, ќе те пречекаат со изненадувања. Таму сме секој петок, речиси до крајот на летото.

summer

Интересни активности на Versus и Golden Beach

На плажата „Park Golden Beach“ во Охрид, но и на „Versus“ во Струга, секој викенд ова лето имаме IQOS corner каде што ќе има посебни предизвици за сите корисници и полнолетни пушачи. Пронајди ги големите коцки мраз за да дознаеш што точно се случува и како можеш да учествуваш.

IQOS мобилна зона веднаш до охридското пристаниште

Ако, пак, движењето ти е главно во центарот на Охрид и на преполното шеталиште, посети ја нашата мобилна зона веднаш до пристаништето каде можеш да ги дознаеш сите информации од светот на IQOS, но и да ги набавиш најновите IQOS ILUMA i уреди.

Нашите бренд амбасадори ќе се движат постојано низ целиот град, па не се изненадувај доколку ги пресретнеш и те изненадат со нешто специјално подготвено за твоето најдобро IQOS лето до сега.

Најнови новости

Velesi It’s On
Прочитајте повеќе
Love It's On
Прочитајте повеќе
IQOS dhe Velesi në të njëjtin ritëm
Прочитајте повеќе
Mundësi që nuk duhet humbur
Прочитајте повеќе