Унапредени, интуитивни, иновативни.
Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
09/10/2025
Чувството кога ќе влезете во нечиј дом и веднаш го забележувате тоа едно парче мебел кое поттикнува дијалог и те претвора во уметник со изразена способност за препознавање на уметнички дела. Постои бренд кој успева да ја втемели уникатна филозофија во дизајнот, нарекувајќи ја (R)Evolution како комбинација на револуција и еволуција. Запознајте се со Seletti, светски италијански бренд што од 1964 година до денес постојано ја менува дефиницијата за тоа што значи уметност во модерна смисла на зборот.
Што значи концептот на (R)Evolution?Концептот зад (R)Evolution е едноставен, но смел, а целта е да се предизвикаат класичните правила на дизајнот и да се создадат предмети кои освен што се визуелно привлечни, со себе носат приказна и емоција, а не само функција.
Наместо мебел кој совршено се вклопува во ентериерот и ја извршува својата цел, Seletti нуди нешто плус. Сите парчиња изгледаат како уметнички дела кои во исто време се практични.
За Stefano Seletti, човекот зад брендот, дизајнот секогаш започнува со интуиција и чувство. Тој бара нешто што пазарот сè уште не го нуди, предмет кој ќе ве изненади и ќе ве насмее, но истовремено ќе има своја функција. Така настануваат нивните познати ламби во форма на животни или скулптури кои можете да користите како маса или стол, предмети кои ве прават да се чувствувате како дел од една мала, авангардна приказна во вашиот дом.
Секоја колекција на Seletti е практично, но она што ја прави дополнително интересна е дека на некој начин раскажува приказна и пренесува емоција. Приказна за храброст, за хумор, за детската игра со формата. Затоа нивните парчиња често предизвикуваат дијалог и се заслужено центарот на вниманието во сечиј дом кој поседува барем едно парче мебел во својот дом.
Токму поради оваа уникатна филозофија, Seletti денес е повеќе од само име во светот на дизајнот. Брендот е симбол на автентичност и смелост, бренд кој ги инспирира оние што сакаат нивниот дом да има карактер и да е одраз на сопствената автентичност.
Со (R)Evolution, Seletti не само што создава мебел и декоративни предмети за уредување на домот, брендот создава култура на живеење во која уметноста и секојдневието се спојуваат во едно – што служи на секој ум кој размислува надвор од границите.