26/05/2020

IQOS конечно и кај нас

Се посветивме на тоа да ги замениме конвенционалните цигари со прозводи со низок ризик бидејќи веруваме во подобра алтернатива за возрасни пушачи. Ова е нашата визија за иднина без чад.

Конечно таа визија ја носиме и кај нас. Нашата најнова иновација IQOS отсега е блиску и до Вас.

Нашата визија

Филип Морис Интернешнл се стреми на возрасните пушачи да им даде пристап кон помалку штетни алтернативи, во споредба со конвенционалните цигари, и да го намали индивидуалниот ризик и ефектите врз населението.

Филип Морис Интернешнл ја препозна оваа потреба за помалку штетни алтернативи за пушење, и затоа како компанија е посветена на развивање на портфолио на производи кое одговара на оваа потреба.

Што е IQOS?

IQOS е иновативен производ кој благодарение на технологијата наречена HeatControl, создава нов начин на користење тутун, без чад. Уредот има сечило за топлина, кое преку напредна технологија го загрева тутунот без да го запали – притоа создавајќи пареа без чад.

Загревањето на тутунот, наместо согорување, може да изгледа како мала промена, но го редефинира целото искуство со тутунскиот производ. IQOS е за сите оние кои сакаат да уживаат во вистински вкус на тутун.

Дознајте повеќе за нашите производи на нашите IQOS продажни места

IQOS е нов начин за користење тутун и алтернатива без чад, наменета за полнолетни пушачи. Нашите продажни места нудат големо портфолио на производи за сите полнолетни пушачи кои бараат подобра алтернатива.

Нашите IQOS продажни агенти ќе ви покажат како да користите IQOS уред, како функционира технологијата и како правилно да го полните и чистите уредот. Секако тука се и да Ви помогнат во изборот на совршен уред. Ве чекаме во Скопје во Сити Мол, Капитол Мол и Рамстор Мол.

Нарачајте го Вашиот IQOS онлајн

Доколку не сте во можност да дојдете на некоја од IQOS зоните, тука е нашата онлајн продавница преку која секогаш може да го нарачате Вашиот нов IQOS уред или аксесоари со само неколку кликови.

Сега може да дознаете сѐ што Ве интересира за овој нов и иновативен производ на нашата веб страница, да го разгледате каталогот, а нашиот тим ќе се погрижи уредот да стигне безбедно до Вас преку бесплатна достава.

Станете дел од IQOS заедницата

Доколку веќе сте корисник на IQOS, регистрирајте го Вашиот уред тука и станете дел од IQOS заедницата. Бидете први кои ќе ги дознаете најновите информации и ексклузивни понуди.

Иднината без чад е тука. Бидете и Вие дел од промената.

Најнови новости

IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе
Ексклузивна онлајн понуда
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Битола и Прилеп
Прочитајте повеќе
Секоја приказна е единствена, а секоја промена е инспиративна
Прочитајте повеќе