18/04/2022

Чистиме со причина

Бидејќи чистењето за многумина е ‘болна’ и не баш омилена тема, да го започнеме текстот малку поведро и духовито. Еден мудар човек еднаш рекол: ,,Кога ќе почнам да чистам, не застанувам додека не е целосно исчистено”.

Без разлика дали мудрецот е во право или не, секој од нас во текот на животот посветува значајно време на чистењето. Чистиме на дневна база, правиме неделни, месечни или пак годишни чистки, чистиме ритуално и наменски, чистиме плански и ад-хок. Хигиената е премногу важен момент кај модерниот човек. Почнувајќи од личната, преку менталната, завршувајки со еко-свеста и чистењето на средината и хабитатот во којшто фунционираме.

Со самото чистење и редовно одржување, ја пролонгираме трајноста на нештата. Зошто четкаме заби секој ден? За да ни потраат што е можно подолго! Зошто од време на времe чистиме слики и видеа од телефон? За батеријата да ни издржи подого! Чистењето како рутинска навика го учиме и практикуваме од мали нозe, па сè додека нè држат истите.

IQOS

Ние во IQOS оваа пролет, а особено месец април, го посветуваме на чистењето. Како и сите останати предмети што секојдневно ги користиме, од алатки па сè до аксесоари, така и нашите уреди бараат редовно чистење и одржување.

При чистење на IQOS уредите, секогаш користете ги оригиналните алатки или стапчињата за чистење. Никогаш не експериментирајте со други предмети за да не дојде до оштетување на некојa компоненти на уредот. Официјалниот IQOS сет за чистење е совршено издизајниран за потребите на нашите уреди.

Ние постојано мислиме на искуствата на нашите корисници и затоа топло Ви препорачуваме редовно да ги чистите уредите затоа што само така можат да ви траат подолго и во потполност да уживате во нивниот квалитет. За оптимален вкус и ултимативно доживување.

И не заборавајте, овој месец може да нè посетите на некое од IQOS продажните места каде нашите експерти ќе направат детална проверка и чистење на твојот уред, а дополнително очекувајте и изненадување.

Нашиот тим секогаш нуди решенија. Градиме чиста иднина без чад, пепел и непријатни миризби. IQOS: чиста петка!

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе