lil solid 2.0
myiqos лого

Предизвици со lil SOLID 2.0

Твојот lil SOLID бавно се полни

Доколку имаш нов lil SOLID уред и се соочуваш со проблем, започни така што ќе го притиснеш копчето на уредот околу 2 секунди или ќе го приклучиш на полнач. ЛЕД сијаличката ќе засвети два пати во црвена, портокалова, сина или темно сина боја.
Следниот чекор е да провериш дали уредот е наполнет. За да ја провериш батеријата на lil SOLID уредот, притисни го копчето или приклучи го уредот со помош на USB кабел и струен адаптер. Следењето на статусот на батеријата е едноставно:
- светло сина боја, статусот на батеријата е помеѓу 100-60%
-сина боја, статусот на батеријата е помеѓу 60-30%
-портокалова боја, статусот на батеријата е помал од 30%
-црвена боја, потребно е полнење

ЛЕД сијаличка со црвена или портокалова боја

Доколку ЛЕД сијаличката свети црвено во траење од три секунди и во исто време уредот има вибрација три пати, тоа значи дека уредот е празен. Во тој случај потребно е да се наполни уредот.
Ако ЛЕД сијаличката свети портокалово во траење од три секунди, уредот е во ‘Sleep’ режим по 3 користења. Почекај 3 минути и 30 секунди за да се олади уредот.
Кога ЛЕД сијаличката ќе трепка пет пати, уредот не функционира исправно и потребно е да го ресетирате, така што ќе го притиснете копчето околу 8 секунди, па ќе продолжиш со притискање на копчето иако уредот ќе завибрира после 2 секунди. Кога ќе заврши ресетирањето, ЛЕД сијаличката ќе светне во светло плава боја на 1 секунда и истовремено ќе завибрира.

Како да го користиш двојниот чистач за lil SOLID

Двојниот чистач ти овозможува комплетно чистење на уредот, првиот чекор е со бришачот, а потоа го комплетираш процесот со четката. Со овој чистач, ќе можеш редовно да го одржуваш твојот lil SOLID 2.0 во одлична состојба.

lil SOLID нема доволно аеросол

Обиди се да го исчистиш твојот lil SOLID. Доколку редовно го чистиш твојот уред ќе спречиш да се собираат остатоци од патроните од несогорлив тутун. Не користи прекумерна сила како би избегнал кршење или оштетување на иглата.

lil SOLID има скршена индукциска игла или друго физичко оштетување

Понекогаш чистењето на lil SOLID може да ја оштети иглата Не користи премногу сила кога го чистиш уредот. Исто така, гледај никогаш да не ги завртуваш патроните додека се во уредот. Ова движење може да ја оштети индукциската игла и со тоа да го наруши твоето искуство со lil SOLID.

Потешкотии со одлагање на патронот од lil SOLID уредот

Со овој проблем може да се соочиш доколку во уредот има заглавени остатоци од патронот од претходното користење.
Исчисти го lil SOLID уредот со алатката за чистење.

Дали ти треба поддршка за користење на lil SOLID 2.0?

Или можеби некои совети? Научи како да го користиш, исчистиш и наполнеш го твојот lil SOLID 2.0 и најди брзи совети.
Потребна ти е помош? Исконтактирај нѐ!
Тука сме за тебе и на дигиталните канали.
Биди во тек со сите новости и понуди.
Доколку имаш прашања, пиши ни на нашата е-пошта.
Најчестите прашања поврзани со IQOS.
Повикај ги нашите експерти на 0800 99 099.