13/12/2024

Приказната позади IQOS сложувалката поставена во IQOS бутикот во East Gate Mall

Позади секој детаљ се крие приказна, а со IQOS сложувалката, таа приказна оживува преку уникатен спој на уметност и иновација. Сложувалката инспирирана од Скопје е дело на врвните македонски уметници Сања Симоска и Сали Ертунч, кои преку нивниот уметнички стил и креативен процес создадоа мурал што го претставува локалниот дух на градот.

Мотивите од сложувалката потекнуваат од муралот кој Сања и Сали го создадоа како дел од отворањето на првиот IQOS бутик во земјава. Уметниците заеднички креираа мурал инспириран од духот на градот Скопје. Преку сложувалката се доловени главните симболи на градот – мостовите, урбаните предели и културното наследство – кои се претставани во еден модерен и динамичен стил.

Сања Симоска е илустраторка од Скопје која работи со различни техники како дигитална илустрација, колаж, улична уметност, дизајн на книги и анимација, додека инспирацијата на Сали Ертунч произлегува од секојдневните активности на луѓето во неговата околина, чии рутини и интеракции ја поттикнуваат неговата креативност.

IQOS бутикот во East Gate Mall е хармоничен спој на елеганција и уметнички израз и претставува вистинско визуелно ремек-дело. Во овој модерен простор, посетителите можат да добијат поддршка од тимот, да го изберат својот омилен IQOS уред, да го изгравираат својот уред и едноставно да уживаат во уметноста.

Благодарение на Сања и Сали, ова парче уметност совршено се вклопува со визијата на IQOS и воедно ги поттикнува посетителите да ги истражат локалните вредности на еден нов, интерактивен начин.

Risitë më të fundit

Моќта на иновативниот дизајн на овогодинешниот Milano Design Week
Lexo më shumë.
Сѐ што (не) знаеш за кафето
Lexo më shumë.
Твојот IQOS ритуал преточен низ шолја кафе
Lexo më shumë.
Почетокот на пролетта нека биде твој Ден 1 за промена
Lexo më shumë.