14/08/2025

IQOS лето продолжува: Љубаништа, се гледаме од 28 до 31 август

Секое лето има своја кулминација, оној миг кога сонцето не попушта, езерото се однесува како огледало на сите летни насмевки, а деновите се доволно долги за да соберат цела колекција од авантури. Оваа година, IQOS реши да ја продолжи летната приказна таму каде што планината елегантно се спушта во Охридското Езеро - во Љубаништа!

Од 28 до 31 август, за време на JOJO’S UNITED настанот, ве чека летен коктел од активности кои ќе ве разладат, изненадат и насмеат: од топење и кршење на мраз, преку SUP авантури, па сè до оние мали IQOS моменти кои секогаш го креваат дружењето на поинакво ниво. Ова е вашиот повик да го фатите последниот голем летен бран и да го впишете лето 2025-та во листата на „легендарни лета“.

Љубаништа

Што ве очекува во Љубаништа?

Под капата на Curious for the Summer, IQOS ова лето веќе внесе свежина на плажите во Охрид и Струга, а сега ја збогатуваме листата со нова дестинација. Љубаништа ќе биде подготвено за комбинација на чиста летна еуфорија и моменти што ќе сакате да ги рекреирате во мислите:

  • Топење и кршење на мраз: активности со адреналин и изненадувања скриени во ледени скулптури. Ваша задача? Да го погодите моментот на топење или да го „ослободите“ со еден победнички удар.
  • SUP авантури: стоите на даска, езерото под вас, хоризонтот пред вас… и само една мисла одекнува во глава: „Животот е преубав“
  • IQOS изненадувања: од ситни подароци до големи насмевки, нашите Brand амбасадори ќе се погрижат секој момент да има приказна. И секако, тука се за сите ваши прашања околу IQOS ILUMA i.

Летните IQOS локации - веќе сте ги посетиле?

Ако сте пропуштиле некоја од претходните станици на IQOS летото, еве каде уште го шириме доброто расположение:

  • SU Hotel: секој вторник од 21:00, кино на отворено со различен репертоар и IQOS изненадувања.
  • Park Golden Beach: секоја сабота од 12:00, ве очекуваат SUP возбуди, забавни предизвици со топење или кршење на мраз и многу IQOS изненадувања. На плажата ќе најдете и диспензер со крема за сончање за целосна летна заштита.
  • Versus: неделите од 12:00 се резервирани за разладување и забава со предизвици за кршење или топење на мраз, проследени со IQOS изненадувања. Исто така, кремата за сончање е тука за да ви овозможи безгрижно уживање под сонцето.
  • Harbour: IQOS Space секој петок од 21:00 за уживање во ноќните часови.

Зошто не смеете да нѐ пропуштите во Љубаништа?

Затоа што ова е финалниот акорд на летото, совршен спој на локација од разгледница, активности што будат адреналин и друштво што ја разбира магијата на добриот провод.

Датум: 28-31 август 2025
Локација: JOJO’S UNITED CAMPING, Љубаништа

Подготви се за финалето

Секое лето има момент кога времето се топи побрзо од сладолед на плажа. Оваа година, тој момент е токму во Љубаништа. Спакувајте ја енергијата, љубопитноста и доброто расположение, и приклучете се на IQOS летната авантура.

Risitë më të fundit

New Ohrid IQOS Specialized Store
Lexo më shumë
Ohrid It’s On
Lexo më shumë
What if ash belongs to the past?
Lexo më shumë