30/09/2022

Пристигнаа новите IQOS Originals DUO

Оригиналноста е поим што доста често го среќаваме насекаде околу нас. На него се повикуваат индивидуалци и колективи од сите бранши: од уметници па сѐ до брендови.

Но што значи да се биде оригинален?

Оригиналноста може да се набљудува низ милијарда различни призми, различно да се толкува, но сепак на крајот на денот неколку компоненти остануваат нераскинлив дел од нејзината суштина: автентичноста, креативната енергија и поривот да се биде единствен.

Да се биде оригинален значи да се откриваат нови перспективи за одредена идеја, а со тоа да се променат обрасци, животи, светови. Ние во IQOS свесно го прифативме тој предизвик уште од самиот старт и затоа им пристапуваме на нештата храбро, но внимателно, плански, но иновативно. Чекориме таму каде што никој порано не се осмелил. Веруваме во идејата која свесно ја ветивме.

Затоа и после бурните летни настани и изненадувања, поплавата од новитети не престанува. За оригинално доживување, овој пат ти ги претставуваме IQOS Originals DUO.

Овие уреди со својата софистицираност и префинетост се уште еден чекор напред во целото IQOS патување. Дизајнирани за мали и големи совршенства, ти ја подаруваат иднината, без чад и пепел и помалку непријатни мириси. IQOS Originals DUO ги обоивме во следните 4 нијанси:

  • Vibrant Scarlet: за страсните уживачи во животот, за комплетирање на твојот најнов бизнис аутфит, за вечно вљубените;

  • Refined Slate: она што им недостасува на „ноќните птици“, на љубителите на црно бели фотографии и на модерните боеми за да блескаат во долгите ноќи;

  • Vivid Turquoise: сместете го бескрајот на небото во вашиот џеб. Нека твоето присуство зрачи со спокојот на морските хоризонти;

  • Shining Silver: „..а од накит носеше само сребрен IQOS Originals DUO”. Екстра компатибилен со ентериерот на твојот нов автомобил. Најдобар другар на твојот рачен часовник.

IQOS Originals DUO ќе бидат достапни само за онлајн нарачка или нарачка преку нашата виртуелна зона, од 29.09 до 02.10. Но затоа на 01.10 (сабота), како наш корисник, те очекуваме во канцелариите на Philip Morris ТКП на ул. „Максим Горки“ бр. 13 на отворен ден, за одблиску да се запознаеш со супериорноста на уредите. А во меѓувреме:

Не дозволувај да бидеш копија на копијата. Во себе носиш уникат. Откриј го и покажи му го на светот. Допадни се самиот на себе. Сега имаш избор.

Избери IQOS!

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе