26/11/2026
Онлајн купувањето е создадено да биде едноставно и практично, а одговорното купување е важен дел од целиот процес.
Нашите производи се наменети исклучиво за полнолетни корисници. Затоа, при онлајн купување на mk.iqos.com потребно е да направиш дополнителна потврда на возраста пред да продолжиш кон плаќање.
Процесот е едноставен и се завршува во неколку чекори. Следи ги чекорите подолу за да ја потврдиш возраста и да ја завршиш нарачката.
Потврдата на возраста е дел од процесот на онлајн купување. Кога ќе стигнеш до овој чекор, следи ги инструкциите на екранот за да продолжиш со нарачката.
Откако ќе ги избереш производите и ќе продолжиш со нарачката, избери го начинот на испорака или подигнување што ти одговара и продолжи кон следниот чекор.
Пред да продолжиш кон плаќање, ќе биде потребно да ја потврдиш твојата возраст.
Избери „Проценка на возраст преку лице" и продолжи со процесот.
Пред да започнеш, ќе добиеш неколку едноставни насоки за фотографирање. Намести се на добро осветлено место и погрижи се твоето лице да биде целосно видливо.
Кога ќе биде побарано, дозволи пристап до камерата на твојот уред.
Постави го лицето во предвидената рамка на екранот и следи ги инструкциите што ќе се појават.
Погрижи се лицето да биде целосно видливо и остани во рамката додека трае процесот.
Откако ќе заврши фотографирањето, проценката на возраста ќе се обработи автоматски. Овој чекор трае само неколку секунди.
По успешната потврда на возраста, на екранот ќе добиеш известување дека процесот е завршен.
Избери „Продолжи" за да преминеш кон плаќање и да ја завршиш нарачката.
Доколку ти е потребна дополнителна помош при процесот на онлајн купување, можеш да се јавиш во IQOS Контакт центарот на 0800 99 099, каде што тимот за грижа за корисници ќе ти помогне да ја завршиш нарачката.
IQOS производите се наменети исклучиво за полнолетни корисници. Дополнителната потврда на возраста при онлајн купување ни помага да обезбедиме одговорен пристап до нашите производи.
Фотографијата направена за проценка на возраста не се зачувува и се користи исклучиво за оваа проверка.
IQOS производите се наменети исклучиво за полнолетни корисници. Потврдата на возраста ни помага да обезбедиме одговорен пристап до нашите производи.
Во текот на онлајн купувањето избери „Проценка на возраст преку лице" и следи ги инструкциите на екранот. Ќе биде потребно да дозволиш пристап до камерата и да го поставиш лицето во означената рамка.
Проценката се обработува автоматски и трае само неколку секунди.
Не. Фотографијата направена за проценка на возраста не се зачувува и се користи исклучиво за оваа проверка.
По успешната потврда ќе добиеш известување на екранот и ќе можеш да продолжиш кон плаќање за да ја завршиш нарачката.
Доколку ти е потребна помош при онлајн купувањето, јави се во IQOS Контакт центарот на 0800 99 099. Тимот за грижа за корисници ќе ти помогне да го завршиш процесот и нарачката.