18/11/2022

Што е несогорлив тутун?

Идејата за несогорлив тутун наспроти согорувањето е достапна веќе некое време. После многу годишни истражувања и развој, Филип Морис Интернешанал (PMI) конечно нуди иновативна алтернатива на традиционалните цигари, за полнолетни корисници кои инаку би продолжиле со пушењето или со користење на никотински производи.

Цигарата мора да се запали пред употреба. Гори на 600°C, но може да достигне и температури над 800°C при консумација. При самиот процес на согорување ослободува најмногу штетни и потенцијално штетни хемиски соединенија, кои преку чадот ги вдишува самиот пушач.

Во спротивно, IQOS heat-not-burn уредот на PMI го загрева тутунот на температури до 350°C, без чад и пепел. Со загревањето на тутунот, IQOS не создава чад и ослободува 95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите*.

Важна информација: Не мора да биде еднакво со намалување на ризикот за 95%. IQOS не е без ризик.

Друга предност на IQOS е тоа што има помалку непријатни мириси во споредба со цигарите. Со загревањето на тутунот наместо негово согорување, при користење на IQOS уредите нема појава на пасивно пушење, бидејќи не се создава чад.

*Просечно намалување на нивоата на низа штетни материиии (со исклучок на никотин) во споредба со чадот од референтната цигара (3R4F).

Што се производи од несогорлив тутун?

Heat-not-burn производите, како што кажува и нивното име: го загреваат тутунот наместо да го согоруваат.

Распространетоста на heat-not-burn производите е голема, но IQOS е бренд број 1 како производ кој го загрева тутунот во светот**. Со иновативната HeatControl технологија, IQOS го загрева тутунот на 350°C без да го согорува. На овој начин се добива високо квалитетно тутунско искуство, без пепел, чад и помалку непријатни мириси на рацете, косата и облеката за разлика од цигарите.

**Извор: Глобална проценка на ФМИ на вкупната продажба на единици несогорлив тутун, заклучно со декември 2019 година. (со исклучок на Кина и САД).

Како работат IQOS heat-not-burn уредите?

Сите IQOS heat-not-burn уредит работат на ист начин: прво, се вметнува тутунскиот патрон во држачот. Следно, се притиска копчето на држачот, за да започне процесот на загревање. Кога користењето е завршено, тутунскиот патрон се отстранува од држачот и се одлага.

Нашата посветеност за висок квалитет

Овозможување на искуство со тутун од највисок квалитет за нашите полнолетни IQOS корисници е наша главна цел, а начинот на кој што го подготвуваме тутунот ја прави целата разлика. Тутунот внатре во секој од патроните од несогорлив тутун е специјално подготвен со користење на уникатен патентиран метод на обработка, неопходен за оптимизирање на тутунот за загревање. Во овој процес, тутунските листови со највисок квалитет се мелат во прав и потоа се реконституираат во тутунски листови. Оваа мешавина се комбинира со останатите неопходни делови и создава патрон од несогорлив тутун.

Патроните од несогорлив тутун наменети за IQOS уредите обезбедуваат искуство блиску до цигара и доаѓаат во голем избор на вкусови кои се движат од богати до рафинирани, вклучувајќи ја и аромата на ментол за да ги задоволат потребите на сите полнолетни корисници. Сигурни сме дека во нашата понуда на патрони од несогорлив тутун, секој полнолетен IQOS корисник ќе го пронајде вкусот кој најмногу му прилега.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе