06/10/2026

ФМТКП: Успешна приказна за трансформација, раст и партнерство

Миљан Жарковиќ

Миљан Жарковиќ

Генерален директор на ФМТКП

ФМТКП: УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА, РАСТ И ПАРТНЕРСТВО

Како нов генерален директор на ФМТКП, преземате компанија која зад себе има исклучително успешна деценија. Кои се најголемите промени што ја обликуваа компанијата во овој период и како тие ја поставуваат основата за следната фаза од развојот?

М. Жарковиќ: Кога доаѓате на чело на компанија која повеќе од десет години успешно гради силно присуство на пазарот, тоа е голема чест, но и обврска да покажете нова енергија, јасен правец и лична посветеност. За мене, оваа улога има и посебна лична димензија, бидејќи ФМТКП не е приказна што ја запознав од страна. Во дел од тој десетгодишен период бев дел од компанијата, иако на друга позиција, и имав можност одблиску да учествувам во промените, предизвиците и важните чекори што ја обликуваа нејзината трансформација. Токму затоа враќањето во ФМТКП за мене не е само нов професионален предизвик, туку и чувство на продолжување на една приказна во која сум вложил дел од своето искуство и енергија, и во чиј потенцијал искрено верувам.

Денес ми е особено драго што се враќам во нова улога, со можност да го продолжам растот на тим кој веќе докажал дека знае да создава резултати и да се менува кога тоа е најпотребно. Низ кариерата научив дека најсилните промени не се случуваат преку една одлука, туку преку доверба во луѓето, дисциплина и секојдневна подготвеност да се учи и да се оди чекор понатаму.

Гледајќи наназад, горд сум на она што ФМТКП го постигна. Стратешкото партнерство меѓу Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот комбинат Прилеп покажа дека јасна визија, знаење и долгорочна посветеност можат да создадат модел што носи вредност за компанијата, за партнерите и за пошироката заедница. Денес ФМТКП не е само компанија што произведува и продава традиционални тутунски производи, туку дел од глобална трансформација во која науката, технологијата и иновациите имаат сè поголема цел. Во следната фаза ќе продолжиме од тие темели, со уште поголем фокус на иновации, нови технологии и одржливост, но и со истата енергија што нè доведе до тука: партнерски однос, заедничка визија и храброст да се менуваме во согласност со глобалните текови.

„Партнерството меѓу Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп ја постави ФМТКП во поширок, современ производствен синџир – со повисоки стандарди, модернизирани процеси, нови знаења и производствен капацитет што денес има регионална и меѓународна релевантност"

Стратешкото партнерство меѓу Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп често се посочува како пример за успешна трансформација. Кој е резултатот со кој најмногу се гордеете и зошто?

М. Жарковиќ: Најмногу се гордеам со тоа што ова партнерство од предизвик создаде стабилност, а од стабилност – простор за раст. Тутунскиот комбинат Прилеп влезе во партнерството во период на сериозни финансиски тешкотии, а денес зборуваме за компанија поставена врз здрава основа, со позитивни резултати и јасна перспектива.

Оваа промена не се случи преку ноќ. Таа е резултат на многу работа, трпение и верба дека со правилен пристап може да се промени една цела приказна. Мене лично најмногу ме мотивира токму тој дел – кога ќе видите дека тимот не се плаши од промена, дека луѓето прифаќаат нови стандарди и дека секој чекор напред има реално влијание врз компанијата и заедницата.

Преку унапредување на откупните процеси, модернизација на производството, поефикасно управување со трошоците и воведување иновации, сметам дека ТКП успешно ја чува традицијата на македонското тутунопроизводство, и тоа на современ и одржлив начин, поставувајќи ја индустријата во поконкурентен и долгорочно стабилен правец.

Како развојот на производството, вклучувањето во меѓународни производствени текови и растот на извозните активности ја променија позицијата на една фабрика од Прилеп и какви мерливи резултати донесе тоа за ФМТКП, за Тутунски комбинат Прилеп и за македонската економија?

М. Жарковиќ: Ова е една од најсилните потврди дека кога локалната традиција ќе се спои со меѓународно знаење, јасна визија и дисциплинирана реализација, квалитетното локално производство може да биде многу поголемо од рамките на една компанија. Партнерството меѓу Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп ја постави ФМТКП во поширок, современ производствен синџир – со повисоки стандарди, модернизирани процеси, нови знаења и производствен капацитет што денес има регионална и меѓународна релевантност.

За мене, најважно е што ова не е само приказна за бројки, туку приказна за трансформација на локален потенцијал во конкурентна вредност. Кога она што се создава дома може да одговори на барањата на странските пазари, тоа испраќа силна порака дека растот не е случаен, туку резултат на знаење, луѓе, капацитет, дисциплина и долгорочна посветеност.

Влијанието и растот се гледаат и низ развојот на производството и извозот: извозната компонента, која започна во 2023 година, до крајот на 2025 година порасна повеќекратно, што ја потврдува способноста на локалното производство да одговори на барањата на меѓународните пазари.

Но суштината е уште поголема: стабилен производствен синџир, директна поддршка на над 700 работни места, континуирани инвестиции, развој на локалната заедница, поттик на извозот и значаен придонес кон јавните приходи. Затоа придонесот кон македонската економија не го гледам само како финансиски резултат, туку како создавање долгорочна вредност – за компанијата, за луѓето, за Прилеп и за Македонија.

Која беше најхрабрата одлука донесена од Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп и како таа го промени текот на развојот на компанијата?

М. Жарковиќ: Лансирањето на IQOS на македонскиот пазар беше една од најхрабрите и најважни одлуки во развојот на ФМТКП. Суштината на оваа одлука не беше само претставување нов производ, туку понуда на помалку штетна алтернатива за полнолетните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат.

За мене, тоа беше важен чекор што отвори нов начин на размислување: од класичен пристап кон категоријата, кон пристап заснован на наука, докази, технологија и одговорност. Презентирањето нови производи и одговорната комуникација во период кога пазарот сè уште учи, а навиките тешко се менуваат, ни покажаа дека се потребни трпение, доследност, информираност и силна верба во насоката во која се движиме.

Затоа, од самиот почеток не се фокусиравме само на продажбата, туку ѝ дадовме приоритет на едукацијата и информирањето на полнолетните потрошувачи. Наша задача е тие да имаат пристап до точни, јасни и научно засновани информации за алтернативите без чад, нивните предности и ризици, за самостојно да донесат информирана одлука.

Во оваа насока продолживме и со претставувањето на новиот производ без чад, никотинските ќесички ZYN, кои станаа достапни на домашниот пазар од минатата година. Овој пристап ја отсликува глобалната визија на Филип Морис и нашата определба преку алтернативни производи, научно засновани информации и одговорна комуникација да придонесеме кон реално намалување на стапката на пушење и кон иднина без чад што се темели на наука.

Последниве години гледаме сè поголем интерес за производите без чад, а „Филип Морис" е меѓу компаниите што најмногу инвестираат во наука, истражување, технологија и развој на нови категории производи. Како оваа глобална стратегија и трансформација кон нови категории се отсликува на македонскиот пазар?

„Производите без чад се развиваат и оценуваат преку научен пристап – од анализа на аеросолот и токсиколошки испитувања, до клинички студии и следење на однесувањето на потрошувачите"

М. Жарковиќ: Оваа трансформација не е само комерцијална, туку пред сè научна и технолошка. Производите без чад се развиваат и оценуваат преку научен пристап – од анализа на аеросолот и токсиколошки испитувања, до клинички студии и следење на однесувањето на потрошувачите.

На домашниот пазар тоа значи дека продолжуваме да вложуваме во информирање на полнолетните пушачи за достапните алтернативи, нивните предности, ограничувања и ризици. Нашата цел не е овие производи да стигнат до што поширока публика, туку до вистинската публика: полнолетните пушачи кои бараат подобра алтернатива од продолжување со цигари.

Во исто време, нашата позиција кон малолетниците е целосно јасна: не дозволуваме и не прифаќаме продажба на овие производи на малолетни лица. На ова начело стоиме без компромис – преку строги правила, проверки, обуки и одговорна комуникација во продажните канали, но и преку развивање кампањи за подигнување на свесноста и информираноста на младите. Верувам дека само така оваа трансформација има вистинска вредност: кога науката, иновацијата и одговорноста работат заедно, во интерес на возрасните пушачи и на поширокото општество.

IQOS

Во јавноста често постои дилема во однос на законските регулативи кои би требало да ја намалат стапката на пушење. Дали одговорот е во строги забрани, казни и рестрикции или во овозможување подобри алтернативи за пушачите?

М. Жарковиќ: Мислам дека одговорот не може да се сведе ниту само на едното, ниту само на другото. Искуството покажува дека најефикасниот пристап е комбинација од мерки со иста цел: намалување на употребата на цигари и заштита на јавното здравје.

Примерите од ЕУ покажуваат дека високите цени, казните и рестрикциите можат да бидат важен дел од политиката, но сами по себе не се доволни за значително намалување на стапките на пушење во различни земји. Напротив, тие можат да создадат и несакани ефекти, како зголемување на нелегалниот пазар и губење на јавните приходи.

Од друга страна, за алтернативните никотински производи мора да се зборува врз основа на научни факти, а не на перцепции. Ако возрасен пушач кој инаку би продолжил да пуши целосно премине на производ без согорување, научните податоци укажуваат на значително намалена изложеност на бројни штетни материи во споредба со продолжување со пушење цигари.

Тоа не значи дека производите се без ризик, ниту дека се наменети за непушачи или малолетници. Напротив, токму затоа регулацијата треба да биде строга таму каде што ризикот е најголем – во заштитата на малолетниците и контролата на продажбата, но и доволно информирана за да им овозможи на возрасните пушачи пристап до точни информации.

Успешна политика за заштита на јавното здравје е онаа што реално ја намалува стапката на пушење преку комбинација на превенција, контрола, борба против нелегалната трговија, одговорна регулација и пристап до научно засновани информации.

Денес успешните компании не се мерат само според финансиските резултати, туку и според нивниот придонес кон општеството. Каква компанија сакате да биде ФМТКП за своите вработени, партнери и заедницата?

„Лично верувам дека најсилната енергија во една компанија доаѓа од луѓето кои чувствуваат дека нивниот труд е виден, дека имаат простор да растат и дека се дел од нешто поголемо"

М. Жарковиќ: Успешна компанија е онаа во која резултатите одат заедно со одговорноста кон луѓето и средината во која работи. Лично верувам дека најсилната енергија во една компанија доаѓа од луѓето кои чувствуваат дека нивниот труд е виден, дека имаат простор да растат и дека се дел од нешто поголемо.

Затоа ми е важно ФМТКП да биде средина во која вработените се идентификуваат со компанијата, се развиваат, имаат глас и чувствуваат дека нивниот придонес навистина значи. Низ сопственото професионално искуство многупати сум видел дека довербата, менторството и отворената комуникација можат да бидат пресудни за нечиј раст.

Истите вредности ги градиме во компанијата и со нашите партнери – доверба, почитување на преземените обврски и односи што не се засноваат на краткорочен интерес.

Нашата одговорност оди и подалеку од деловниот свет. Преку донации, проекти и иницијативи се фокусираме на она што го оставаме зад себе и на иднината што сакаме да ја градиме за заедницата. Ако денешните одлуки создаваат постабилна, поодржлива и подобра средина за луѓето, тогаш знаеме дека се движиме во вистинската насока.

Како генерален директор на ФМТКП, каква е Вашата лична визија за компанијата во наредните години и какво наследство би сакале да оставите зад себе?

М. Жарковиќ: ФМТКП ја гледам како силна, модерна и конкурентна локална компанија која успешно ги спојува глобалните амбиции со локалната одговорност. Компанија длабоко поврзана со своите корени, со луѓето и со заедницата во која работи, која создава вредност не само преку своите деловни резултати, туку и преку својот придонес кон економскиот и општествениот развој на Македонија.

За мене, тоа е суштината на визијата за ФМТКП – да биде дел од глобалната трансформација на Филип Морис, а истовремено да остане цврсто вкоренета во Македонија, градејќи стабилна и одржлива иднина за сите свои засегнати страни.

Како човек кој е длабоко поврзан со оваа земја, искрено верувам дека успехот на компанијата е тесно поврзан со успехот на заедницата во која работиме. Токму затоа сум посветен на нејзиниот раст, на зацврстување на нејзината позиција и на креирање траекторија во која една локална компанија ќе претставува пример за стабилност, интегритет, позитивно влијание и континуиран економски напредок.

Сакам ФМТКП да биде препознаена како двигател на развојот и како доказ дека и од Македонија можат да се создаваат успешни приказни со регионално и глобално значење, инспирирајќи ги идните генерации да веруваат во сопствените можности и потенцијал.

Најголемите можности за идниот развој ги гледам во иновациите, дигитализацијата, технолошката модернизација и континуираното унапредување на знаењата и вештините на нашите луѓе. Светот се менува со невидена брзина, а успешни ќе бидат оние компании што имаат визија, храброст и способност да се трансформираат заедно со него.

Силата на ФМТКП лежи токму во тој баланс – да биде модерна и отворена кон глобалните текови и иднината на индустријата, а истовремено да остане блиска до своите луѓе, својата традиција и својата улога во развојот на Македонија.

„Светот се менува со невидена брзина, а успешни ќе бидат оние компании што имаат визија, храброст и способност да се трансформираат заедно со него"

Разговараше: Кирко Бошкоски

Најнови новости

Оваа есен, промени ги твоите ритуали
Прочитајте повеќе
За град што расте зелено: IQOS иницијатива што започнува со твојот придонес
Прочитајте повеќе
Нешто се крои во Скопје: IQOS x KOKEV
Прочитајте повеќе