28/11/2022

Алтернативи на пушењето цигари

Денес, полнолетните пушачи имаат можност за едно поинакво искуство од пушењето цигари. Доколку си полнолетен пушач, кој во спротивно би продолжил со пушење на цигари или користење на други производи кои содржат никотин, а си заинтересиран за подобра алтернатива од пушењето цигари, во продолжение ти споделуваме повеќе информации.

Кои се опциите за подобра алтернатива од пушењето?

Има две групи на алтернативи за пушењето: несогорлив тутун или ‘’heat-not-burn’’ производи и електронски цигари.

Производи од несогорлив тутун како подобра алтернатива од пушењето

Несогорливиот тутун, или ‘’heat-not-burn’’ уредите се подобар избор од пушењето на цигари. Уредите кои не го согоруваат тутунот користат вистински тутун кој е специјално произведен и спакуван во тутунски патрони. Тутунските патрони се вметнуваат во уредот, каде иновативната технологија го загрева тутунот до оптимална температура, со што не дозволува да согори. Како и кај електронските цигари, не се создава чад при загревањето на тутунот. Некои heat-not-burn уреди користат надворешни извори на загревање, што значи дека тутунскиот патрон се загрева целосно од надворешноста. Тоа значи, најпрво не се загрева тутунот, односно прво се загрева обвивката околу тутунскиот патрон. Ова може да влијае на вкусот. Други heat-not-burn уреди , како IQOS, користат керамичко сечило со платинум и злато. Тутунскиот патрон се вметнува директно на сечилото и на тој начин го загрева тутунот од внатре. На овој начин се овозможува најпрво загревање на тутунот, што овозможува вкус на вистински тутун.

Електронските цигари се алтернатива на пушењето

Електронските цигари се поинаква алтернатива на пушењето, која не користи вистински тутун. Тоа се електронски производи кои загреваат течност, во различни интервали на темепература, од 100 степени до 250 степени. Повеќето од нив користат систем наречен ‘’wick & coil’’, каде фитилот ја црта е-течноста, која содржи вкусови и никотин, врз елемент на обвивка за да ја загрее и да создаде пареата. При ослободување на пареата, не се создава чад. Електронските цигари се познати и по името ‘’вејпови’’. Некои од овие производи имаат отворен систем кој е целосно прилагодлив. Други типови на електронски цигари имаат затворен систем, каде тие се користат за една употреба или се надополнуваат.

Зошто алтернативите за пушење се разликуваат од цигарите?

Главната разлика меѓу алтернативите како електронските цигари или несогорливиот тутун и пушењето цигари е во несогорувањето на тутунот. Цигарите мора да се запалат пред да се користат, а запалена цигара предизвикува горење. Со производите кои го загреваат тутунот, тутунските патрони кои се користат со овие уреди се загреваат на оптимални температури без за согоруваат. На пример, IQOS го загрева тутунот на температури под 350 степени. Како резултат, не се создава чад, туку само тутунска пареа. Со елиминација на горењето, IQOS ослободува 95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите.*

Важна информација: Не мора да биде еднакво со намалување на ризикот за 95%. IQOS не е без ризик.

* „95% помалку“ се однесува на просечните намалувања на нивоата од широкиот спектар на штетни состојки (со исклучок на никотин) во споредба со чадот од референтната цигара (3R4F).

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе