14/07/2020

Kако да го нарачате Вашиот нов IQOS онлајн

Моментот на купување на првиот IQOS уред е искуство кое долго ќе го паметите – од моментот на комплетирање на онлајн нарачката, па сѐ до магичниот ритуал на отворање на кутијата и првиот момент на уживање во вкус на вистински тутун.

Модерниот дизајн на IQOS совршено се вклопува во секој момент од вашиот живот и станува неизбежен дел од вашето секојдневие. Тоа е искуство кое зaсекогаш ќе остане врежано во вашата меморија, искуство од кое ве делат само неколку клика.

Нарачајте го вашиот IQOS уред онлајн во неколку чекори

IQOS

Чекор 1: Регистрирајте се на iqos.com

Првиот чекор кон вашиот нов IQOS започнува со регистрација на веб страницата. Со ова станувате регистриран корисник во базата на корисници и секогаш први ќе имате можност да ги дознаете сите најнови промоции и информации.

IQOS

Со кликање на втората икона во горниот десен агол ви се отвара формата за најава – доколку сте постоечки корисник треба да се најавите, или доколку сте нов корисник потребно е да кликнете на копчето „Регистрирај се“. Откако ќе ги внесете потребните податоци, регистрирањето во нашата база ќе биде комплетирано откако ќе го внесете кодот кој ќе ви стигне на вашиот мобилен телефон. Сега сте спремни за купување.

Чекор 2: Одберете го вашиот IQOS уред

Откако ќе се регистрирате, пристапете кон каталогот на производи и одберете го вистинскиот уред за вас, зависно од вашите потреби. Дали сакате да уживате во две последователни употреби на патрони од несогорлив тутун, без потреба од полнење на држачот за патрони во меѓувреме? Тогаш IQOS 3 DUO е за вас.

Или, пак вратете се на основите со IQOS 2.4 Plus и искористете ги придобивките од онлајн купувањето - добијте го овој уред по специјалната онлајн цена.

Откако ќе го одберете вашиот нов IQOS во омилената боја, додадете го во кошничка.

Кога ќе завршите со бирање на производи, одете во вашата кошничка за да ја комплетирате нарачката. Важно е да знаете дека минимален износ за онлајн нарачка е 500 денари.

Користејќи ги придобивките од нашата програма за препораки, искористете го кодот кој сте го добиле од вашите пријатели и добијте попуст од 300 денари. Кодот треба да го напишете во полето „Внесете код“ пред да кликнете „Продолжете понатаму“.

IQOS

Чекор 3: Бесплатна и брза испорака

Откако ќе ја направите нарачката, ве делат само неколку чекори од вашиот нов IQOS. Сега топката е во полето на нашите IQOS експерти кои ќе ве контактираат истиот ден и ќе се погрижат вашата нарачка да стигне брзо до вас, каде и да сте. Времето на испорака е до 3 работни дена.

Чекор 4: Плаќање при испорака

Плаќањето се врши во моментот кога IQOS консултантот ќе ви го донесе вашиот нов IQOS уред. Плаќањето може да го извршите на начин на кој вам ви одговара, во готово или со картичка.

Чекор 5: Обука од IQOS консултант

За да биде комплетно вашето IQOS корисничко искуство, нашиот консултант ќе ве воведе во светот на несогорувачки тутун и ќе ве спроведе низ првите чекори за користење на вашиот нов, омилен уред.

Чекор 6: Уживајте

Последниот чекор е загарантирано уживање во вкус на вистински тутун.

Бидете и вие дел од светот на IQOS. Станете дел од промената и нарачајте го вашиот нов уред каде и да сте.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе