16/12/2022

Бизнис новитети, забава и награди

На 11-ти декември, во просториите на големата сала во Арена ,,Борис Трајковски’’ се одржа големиот настан од иницијативата за лојалност „Моја DigitalMK шанса“ наменета за трговците на мало, настан организиран од страна на тимот на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје, што за цел имаше да ја претстави новата платформа наречена ,Е-нарачка’ и да ја заокружи иницијативата за лојалност, спроведена во текот на изминатава година.

All in one

Да рекапитулираме:

Најпрвин збор-два околу самата платформа: ,Е-нарачка’ всушност претставува нова функционалност на DigitalMK апликацијата и чекор напред во поглед на нарачките кај трговците на мало и прва целосна дигитализација на севкупниот процес, од овој тип. Ова е систем што овозможува самите трговци на лесен и едноставен начин да ги планираат своите нарачки и да имаат увид, како во својата историја на нарачки, така и во финансиската состојба. Дополнително, според историјата на нарачки, за секое продажно место се генерира препорачана нарачка, која што може да се прифати како таква или пак да се измени. Ова претставува голема промена, што исто така подразбира и нарачката да биде направена ден претходно, со загарантирана испорака веќе следниот ден. Но, новиот бизнис модел ќе ослободи време за подобро и навремено планирање на нарачките, со тоа што обезбедува пристап до информации во секое време.

На самиот настан околу 2000 трговци на мало, како и бизнис партнери од целата земја, имаа можност од прва рака да се запознаат со новитетите кои следуваат и кои ќе бидат целосно имплементирани во блиска иднина.

Сите трговци, дел од DigitalMK платформата кои ги исполнија условите за учество имаа можност да партиципираат во извлекувањето за една од трите неверојатни награди: iPhone 14, Vespa Primavera и главната награда Citroen Berlingo.

Покрај официјалниот дел, за креавање на атмосфера и креаирање незаборавни моменти беа задолжени водителите Сашко Коцев и Маријана Станојковска.

All in one

Оваа комбинација од харизма и елеганција беше надополнета со одличен музички перформанс од нашиот Влатко Лозановски, а насмевките кај веќе разиграните посетители ги надополни стенд-ап настапот на комичарите Тино и Атанас. Шоуто го затвори триото ,,Фрајле’’.

All in one All in one

Освен уметничкиот дел, програмата имаше и неколку озненадувања: aerial dance performance, 360 video платформа и VR experience, каде што посетителите имаа можност преку виртуелниот сет да танцуваат со интерактивен робот.

All in one

Сепак, главна ѕвезда на вечерта беше нашиот лидер кон иднината без чад и непријатни миризби, нашето мало совршенство – IQOS. Особен фокус беше ставен на ORIGINALS портфолиото. Секој од присутните имаше прилика дополнително да се информира околу перформансите, опциите, боите и додатоците за нашите IQOS уреди.

All in one

Ние уживавме, вистински се надеваме дека истото искуство можат да го споделат и останатите посетители.

Only IQOS!

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе