15/01/2023

Интернационален ден за запознавање на корисниците

Месец јануари освен што е месец на празници и славење, исто така е познат по кроењето планови, поставувањето цели и креирањето одлуки кои би сакале да ги бидат остварени во текот на престојната година. Новогодишната еуфорија полека стивнува и нашиот мајндсет автоматски се ресетира на старите секојдневни обврски и активности. И овде започнуваат листите...

Во листата на IQOS стои само една мисија, една цел, секоја година, цела година, одново и одново:

Задоволни корисници!

Посветени сме и неуморно работиме на тоа да нашите корисници не бидат само обични купувачи, туку да изградиме заедница во која преку обострана доверба, споделувања и лојалност ќе разменуваме искуства, ќе растеме и заедно ќе учествуваме во нешто иновативно, прогресивно, нешто ново и свежо. Твоето задоволство и насмевки се наша единствена цел.

Затоа овој пат те поврзуваме со интернационалниот ‘Get To Know Your Customer’ ден. 15-ти јануари е ден посветен на разменување искуства низ непосредна комуникација. IQOS со своите корисници го прави тоа 365 дена во годината, преку настани, преку социјалните мрежи, преку нашиот веб-сајт. Твојот фидбек е горивото кое нè движи.

девојка држи iqos originals duo уред во раце

Бескрајно сме среќни што IQOS ORIGINALS и lil SOLID 2.0 уредите се почесто и почесто ги среќаваме по кафулиња, на улица, на состаноци, по домови, по фотографии. Различните профили на корисници се уште една потврда дека тоа што го правиме ’вибрира’ со луѓе од различни општествени групи и со сите отворени умови кои не се плашат да бидат свои, софистицирани и да чекорат кон подобра колективна иднина.

IQOS постојано работи на подобрување на својата достапност. Овде мора да ги споменеме нашите експерти од виртуелната зона кои секогаш ти стојат на разполагање за било какво инфо околу нашите производи и услуги. Ти требаат совети околу функционалностите на уредите или можеби инструкции околу одржувањето на истите? Посети го делот НОВОСТИ каде редовно објавуваме корисни содржини. Разгледај ја нашата онлајн продавница каде се наоѓаат сите аксесоари кои ти се потребни за комплетно уживање во супериорноста на IQOS.

И нормално, IQOS не би бил IQOS ако не ти овозможува дополнителни придобивки, затоа: препорачај ги нашите IQOS ORIGINALS или lil SOLID 2.0 на полнолетен пушач и доколку нарача еден од уредите со твојот уникатен код за препорака добиваш 450 денари на твојот IQOS профил што може да ги искористиш за некој од производите од нашето портфолио. Бескрајна благодарност за твојата доверба.

Отсега имаме уште еден начин да комуницираме и да ги слушнеме твоите искуства, доживувања и идеи. Тоа е новото копче СПОДЕЛИ МИСЛЕЊЕ кое се наоѓа на почетната страница на iqos.com, од десната страна.

Да споделуваме искуства. Да споделуваме IQOS!

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе