21/01/2023

IQOS те чека на Маврово

За да стигнеме до местата каде што се кријат нашите соништа, потребни ни се крилја. Но, понекогаш и пар скии можат да биде одлична замена и да завршат работа. Ски сезоната е пред нас. Мазните и блескави стази нетрпеливо чекаат да бидат исцртани од свежо наострените рабови на скиите. Планините со својот магично-снежен магнет ги привлекуваат љубителите на зимските спортови, но и љубителите на тандемот чај и рум.

IQOS-тимот можеби не е шампион во алпско скијање, но затоа е исклучителен во приредување на изненадувања, атракции, делење подароци. Овој пат те покануваме, на дружба во Маврово. Следните неколку месеци, со акцент на викендите, те очекуваме на заедничко уживање низ падините на Бистра, во волшебното Маврово.

А сега, стегни ги везовите, затоа што следи супервелеслалом низ листата од активности, настани и понуди кои ги припремивме за тебе. Полетуваме:

За загревање, прво имаш можност да добиеш некои од премиумите: како лојален корисник на IQOS ќе имаш можност да добиеш бандана, чорапи, лабело, крема за сончање, протеински колачиња или Powerbank, директно од нашите бренд амбасадори кои ќе бидат присутни во регионот. Како да ги препознаеш? Лесно е: бренд амбасадорите ќе бидат облечени во бели IQOS униформи.

Во “Ски школа” е достапна IQOS зона: овде нашите корисници ќе имаат можност да си набават буквално сѐ од нашето портфолио: од уреди до аксесоари. И да си заборавил нешто дома, ништо страшно. Ние сме овде за тебе, достапни и физички и логистички. Или можеби свежиот воздух ќе те понесе кон идеа да ги оставиш зад себе цигарите и да ги замениш со нешто свежо и иновативно, тогаш само краток спуст те дели од нашата IQOS зона, каде што те чека твојот нов уред.

Исто така, со локација кај “Тривкова колиба” поставивме Customer Care Point. За што станува збор? Овде ќе имаш можност да го исчистиш уредот, да му направиш надградба на софтверот, да го наполниш, а во меѓувреме додека се полни твојот уред да користиш друг, наполнет. Така да, нема зима за тебе.

А за да сѐ биде совршено, мора да се случи забава. Затоа посети ги нашите DJ пултови кои ќе бидат сместени на “Галичко бачило” и кај “Ски школа”. Нека ритамот ти пушти лавина од хормони на среќа.

Но, не застануваме тука. Нашите бренд амбасадори ти нудат можност за мал квиз во кој ќе одговараш на неколку прашања низ игра и на крај следи оценување за тоа каков тип на корисник си и според што во продолжение те очекува изненадување. Покрај тоа, амбасадорите ќе подаруваат и купон за пијалак или бургер, кои ќе можеш да го искористиш на “Тривкова колиба” или “Ски школа”.

Нека чистиот планински здив биде потсетник на тоа колку е убав животот без чад и непријатни мириси.

Се гледаме на Маврово!!!

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе