07/03/2023

Искористи го овој викенд за забава и авантура, во Маврово

Маврово важи за една од нашите најубави дестинации, во сите сезони и временски услови. Без разлика дали си во потрага по една од последните ски авантури на планина за оваа сезона, одмор и релаксација во природа или можеби добра забава, со изборот на Маврово никогаш нема да згрешиш.

Со самата подготовка на куферот или ранецот за викенд надвор од градот ќе почнеш да се опушташ и да ти се подобрува расположението. А кога ќе тргнеш, самото патување со добра музика и поглед кон снежните планински врвови, веќе ќе ти го освежи умот и ќе те подготви за сите убавини кои те очекуваат.

Секој викенд на Маврово е убав викенд, но овој ќе биде навистина посебен, а во продолжение ќе дознаеш зошто:

1. Скијање или бордање

Убавините на снежните стази те очекуваат, без разлика дали сакаш да скијаш или бордаш. Бистра масивот има неколку врвови повисоки од 2,000 метри, што нуди огромен терен за откривање и уживање. Недопрена природа, снег и бескрајни можности ги чекаат ентузијастите за зимски спортови.

девојка скија на Маврово

2. Чист воздух и прошетка во природа

Од самиот влез во националниот парк, Мавровската природа неизбежно те плени. Доколку ски-терените не те привлекуваат, тешко дека ќе одолееш на можноста да испиеш кафе со поглед на езеро пред да се упатиш кон жичарницата и да уживаш во сѐ почистиот воздух и погустата зимзелена шума.

природа на Маврово

3. IQOS x EXIT забава на Трифкова колиба

Конечно, време е да почнеш да се загреваш за EXIT и тоа на целодневна незаборавна забава во природа. Во сабота, на 11.03, со почеток од 12 часот на познатата Трифкова колиба ќе може да уживаш во посебна атмосфера со музиката на неколку од светски најслушаните диџеи: француската афро-хаус музичарка AWEN, позната по соработката со продуцентскиот колектив Keinemusik, грчките продуценти и диџеи Liva K и Atsou кои во јануари се најдоа на хаус топ-листите, како и Le Croque кој минатата година беше на „Траксорс“ листата на 500 најслушани изведувачи на електронската музика.

exit x iqos диџеи: le croque, liva k, atsou, awen

Влезот ќе биде слободен за сите посетители, со претходно купена карта за жичара, по промотивна цена!

4. Исклучително гастрономско уживање

Велат дека храната има посебен шмек кога се подготвува со убава енергија, токму како онаа што владее во нашето драго Маврово. По уживањето во прекрасните глетки што ги нуди планината, заврши го денот со некој од мавровските специјалитети. За каква храна и да се одлучиш, веруваме дека ќе биде баш по твој вкус.

храна на Маврово

Па како да не го сакаш Маврово? Се гледаме викендов таму!

Најнови новости

Твој IQOS, твој стил
Прочитајте повеќе
Зимска IQOS комбинација - достапно само онлајн
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Лимитираната едиција официјално пристигна – осветли го твојот свет!
Прочитајте повеќе
IQOS x Steve Aoki: Осветли го твојот свет со нова лимитирана едиција
Прочитајте повеќе