14/03/2023

IQOS & YAMUNA: Совршен моден пар на Fashion Weekend Скопје

Светот на модата е секогаш во потрага по иновативни партнерства кои ќе овозможат нова инпирација и свежина за вљубениците во оваа уметност. Токму тоа се случи на овогодинешниот Fashion Weekend Skopje, 26-ти по ред, кој се одржа во East Gate Mall на 9ти и 10ти март.

Нашата IQOS заедница е позната по пасијата за славење на уникатниот стил, па така директната соработка со нашата модна дизајнерка Мила Спасовска за ревијата за овој настан се случи многу природно.

Мила стои зад дизајнерскиот бренд YAMUNA, чијашто колекција беше презентирана на Fashion Weekend. Како дополнување на оваа колекција беа креирани уникатни марами, инспирирани од софистицираноста на IQOS ORIGINALS DUO уредите, односно од енегричните четири бои, кои сега имавме можност да ги видиме во облик на совршена модна креација.

iqos и yamuna на fashion weekend скопје iqos и yamuna на fashion weekend скопје

Марамите од колекцијата беа создадени користејќи “zero waste“ принцип, што подразбира максимално искористување на целиот материјал, без да се создава отпад. Ова се вклопува со визијата на самиот бренд YAMUNA, како и со напорите на IQOS за одржливост и заштита на околината.

Досега боите на IQOS ORIGINALS DUO можевме да ги видиме во различни комбинации преку персонализираните уреди според нашите стилови, а сега за прв пат ги видовме во совршена хармонија разиграна на свилени бранови.

iqos и yamuna на fashion weekend скопје iqos и yamuna на fashion weekend скопје

Партнерството помеѓу IQOS и YAMUNA на Fashion Weekend беше одличен пример за тоа како две навидум различни индустрии можат да се здружат и да создадат нешто навистина неверојатно.

По оваа успешна соработка, со нетрпение очекуваме да видиме што носи иднината, но и уникатните стилови на нашата IQOS заедница.

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS повторно на FWSK
Прочитајте повеќе