20/04/2023

Чист уред, оптимално искуство

Чист уред = оптимално искуство

Одржувањето на уредите треба да е клучен дел од твојата секојдневна рутина. Зошто? Затоа што не само што влијае на долговечноста на уредот, туку директно влијае и на твоето корисничко искуство.

Во овој текст, ќе ти ги откриеме сите позитивни аспекти на редовното одржување на твојот уред. Но, пред да откриеме некои „тајни” чекори до оптимално уживање, да напоменеме дека при чистење на IQOS уредите, секогаш е потребно да ги користиш оригиналните алатки и стапчиња за чистење. Никогаш не експериментирај со други предмети за да не дојде до оштетување на некојa од компонентите на уредот. Оригиналните алатки и стапчиња за чистење се совршено дизајнирани за потребите на нашите уреди.

iqos cleaning

IQOS ORIGINALS DUO

IQOS е револуционерен уред кој го загрева тутунот наместо да го согорува, а при тоа претставува помалку штетна алтернатива. Еве неколку причини зошто треба редовно да го чистиш твојот IQOS ORIGINALS DUO уред:
  1. Подобро искуство: Кога го користиш твојот IQOS уред, остатоците од тутун може да се наталожат на грејачот, што ќе влијае на вкусот на загреаниот тутун. Редовното чистење може да ти помогне да уживаш во целосниот, богат и оптимален вкус на тутунот.
  2. Подобри перформанси: Неисчистен IQOS уред може да предизвика дефекти, што може да влијае на неговите целокупни перформанси. Редовното чистење може да помогне да одржуваш непречено функционирање на твојот уред и да спречиш какви било проблеми.
Доколку сакаш визуелно да ги видиш сите чекори на чистење на твојот IQOS ORIGINALS DUO кликни тука . iqos cleaning

lil SOLID 2.0

Елегантниот и модерен “сè во едно“ уред, lil SOLID 2.0 исто така е важно да биде темелно исчистен за оптимално искуство, од следните причини:

  1. Унапредено искуство: Слично на IQOS, неисчистен lil уред може да влијае на вкусот на тутунот. Редовното чистење е олеснето кај lil Solid 2.0 уредот затоа што покрај опцијата за рачно, нуди и опција за автоматско чистење и одржување.
  2. Подолг животен век на уредот: Редовното чистење на lil SOLID 2.0 уред може да помогне да се продолжи неговиот животен век, овозможувајќи ти да уживаш во твојот уред подолго.

Доколку сакаш визуелно да ги видиш сите чекори на чистење на твојот lil Solid 2.0 кликни тука.

Откако се увери зошто е потребно да го чистиш твојот уред редовно, само да те потсетиме дека за уредите IQOS ORIGINALS DUO и lil Solid 2.0 се препорачува чистење после секои 20 употреби.

Стекни навика редовно да го чистиш твојот уред за да се осигураш дека секогаш го добиваш најдоброто искуство од твојот уред.

Најнови новости

Надополни ја твојата пролетна комбинација (#ЗаНего)
Прочитајте повеќе
Патувањето продолжува: IQOS караванот пристигна во Неготино
Прочитајте повеќе
Креативно изразување - #ЗаНеа
Прочитајте повеќе
„Сè во едно“ уред на загревање
Прочитајте повеќе