26/05/2023

Надополни ја твојата пролетна комбинација (#ЗаНего)

Визуелната комуникација е едно од клучните парчиња во сложувалката на нашата личност. Поголемиот дел од овој тип на комуницирање го диктираат токму боите. Покрај естетската, боите со себе носат силна симболичка позадина и поента. Секој наш избор на одредена точка од светлинскиот спектар си има своја причина и своја цел.

Живееме во време во кое табуата и обрасците на ‘машки’ и ‘женски’ бои полека но сигурно стануваат се повеќе ирелевантни, па така секој од нас може да се чувствува удобно со својот избор. Сепак, разните нијанси будат различни сентименти кај половите. Еволуцијата, културата и околностите со тек на време изградиле поинакви перспективи и начини на перцепирање.

машка рака држи IQOS Originals DUO уред со додатоци

Овој пат IQOS ќе се посвети на машкиот пол. Ќе ти препорачаме неколку комбинации и опции од нашата листа на додатоци кои би можел да ги искомбинираш со комлетната твоја персона низ сезоната која ни претстои. Без вистинската комбинација од бои нема вистински арт, затоа не потценувај ја нивната ‘тежина’.

Ако веќе си го направил вистинскиот избор и си преминал од традиционални цигари на IQOS, направи уште еден чекор напред и персонализирај го твојот уред и комплетирај ја целата своја појава. Оваа пролет ти нудиме можност да експериментираш со додатоците за IQOS ORIGINALS DUO уредот: одлучи се за едно од нашите разнобојни капачиња за држач или капаци за полнач.

машка рака држи IQOS Originals DUO уред со додатоци

Ако оваа пролет сакаш да блескаш на бизнис состаноците во твоето ново одело со боја на мастило, крунисај го својот аут-фит со капачето во Indigo нијанса. Или доколку си опуштен ’сангејзер’ и ја сакаш светлината на сонцето, за тебе го имаме Sunflower капачето. Во темелите на машкоста стои храброста, па затоа биди храбар и избери ја Lilac нијансата на капаче за држач. Да не заборавиме дека вистинските џентлмени подаруваат, затоа еден од овие обоени аксесоари може да заврши и како подарок за твојата сакана. Пролет е, мириса на љубов!

Доколку сакаш да прочиташ подетални информации за нашите додатоци и генерално за IQOS производите, нашата веб-страна ти стои на располагање. Покрај информации за производите, овде се и новостите за сите наши тековни акции, настани, промени. Ако имаш прашања и дилеми, слободно контактирај ги нашите тимови, ние сме секогаш расположени да помогнеме.

машка рака држи IQOS Originals DUO уред со додатоци

Уживај во IQOS шаренилото и не заборавај да бидеш свој и да ја најдеш вистинската нијанса која ќе ја разлие твојата убавина низ целиот универзум.

Only IQOS.

Најнови новости

Нов старт со IQOS ILUMA ONE и подарок
Прочитајте повеќе
IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе