Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
07/06/2023
Низ континуираниот развој во сферата на алтернативите за цигари, во последните неколку години едно име се двои над останатите и блеска со својата уникатност. IQOS - револуционерниот производ кој го загрева тутунот, кој ги испрати чадот и пепелта во минатото, а со тоа се претвори во суштински менувач на играта, како на светскиот така и на македонскиот пазар. Од своето претставување во 2020-тата година, па сè до сега растеме заедно со нашата енергична и страствена заедница на ентузијасти.
А дел од таа заедница си и ТИ!
Благодарние на нашата заедница на корисници, кои го препознаа потенцијалот, IQOS уредите станаа олицетворение на софистицираноста, нудејќи неспоредливо магични искуства. И сè беше скроено по мерка, целосно за твое уживање.
Од своето основање, IQOS е непоколеблив во потрагата по извонредност, постојано стремејќи се да ја задржи својата позиција во првите редови на пазарот. Така успеавме да стигнеме до префинетоста на IQOS ORIGINALS DUO. Постојано прилагодувајќи се на потребите и навиките на своите корисници, IQOS тргна да крстари по иновации, воден од волјата на својата заедница. Со безусловна посветеност за подобрување на целокупното корисничко искуство израснавме во синоним за квалитет, елеганција и технолошка моќ.
IQOS корисниците, се огромен дел од тоа што сме ние денес. Затоа и ја создадовме платформата наречена IQOS TogetherX, низ која ќе имаш можност дополнително да придонесеш во компонирањето на нашите идни настани. Ти избираш: преку гласање на story објави на Instagram профилот на IQOS МК ја креираш главната искра за возбуда за самиот настан.
Во темата на овогодинешната IQOS журка која го слави тригодишното патување, длабоко одекнува нашата суштина: „Позитивните одлуки заслужуваат да бидат прославени“. На 10-ти јуни, сабота, со почеток во 12 ч. добро познатиот Casa Bar ќе се претвори во оаза на адреналин и емоции. Дојди на овој настан и долови ја имагинацијата, запали ги сетилата и создади спомени кои ќе траат вечно. За атмосферата се задолжени хип-хоп легендите DJ Goce и DJ Chvare. Покрај сè ова, очекувај го и неочекуваното. Исто така на менито имаме и персонализирани изненадувања со помош на AI. И секако - освежување со уникатни пијалоци.
Ова е тоа премиум искуство кое ти сам ќе го создадеш. Секој детаљ, прецизно дефиниран, ќе ја одразува уникатноста и величественоста на секој корисник. Во нашиот свет, твоите желби заземаат централно место.
Да продолжиме заеднички да се трансформираме во нешто безвременско. Да ја донесеме иднината пред сите. На вистинскиот пат сме. Да го следиме чекорот.
3 години славиме заедно!
Only IQOS.