08/09/2020

Еден ден со консултант за IQOS

Динамични, посветени и позитивни се само неколку зборови со кои можеме да ги опишеме нашите консултанти за IQOS, кои се грижат Вашето корисничко искуство да биде единствено и Ви стојат на располагање да Ви пружаат комплетна поддршка секаде и во секое време.

Но, што е тоа што ги прави нашите консултанти за IQOS посебни? Што е тоа што ги мотивира секогаш да одат чекор подалеку за да Ви ја пружат најдобрата корисничка поддршка?

За да дознаеме повеќе, поминавме еден ден со нашиот консултант Александар Станојоски. Еден од „виновниците” зад секое ваше IQOS уживање одговори на неколку интересни прашања.

IQOS

Опиши го твојот прв работен ден како консултант за IQOS?

Од возбуда едвај и да се сеќавам! Бев многу среќен дека се приклучувам на екипата на консултанти за IQOS , што ме исполни со ентузијазам и желба за нови успеси. Мојот прв работен ден беше одличен, иако сè уште трае истото чувство.

Што е тоа што секојдневно те мотивира?

Убавите и среќни моменти со моите најблиски. Кога ќе се разбудам исполнет и со позитивни мисли, подготвен сум да се соочам со сите препреки на кои можам да наидам, а поддршката од пријателите ме мотивира да ги остварам сите мои замислени цели.

Твојата работа вклучува постојана комуникација и контакт со луѓе. Кои се предностите од ваков тип на работа?

IQOS

Работата со луѓе за мене е нешто што целосно ми одговара на карактерот. Предностите се во константно запознавање нови луѓе и разменување на желби, идеи, интереси, но и можност да им пренесеш нешто во кое веруваш и тие да го почувствуваат тоа.

Ако треба да издвоиш три работи кои се најважни во твојата работа, кои би биле тие?

Иако многу работи се подеднакво важни во мојата работа би ги издвоил - целосно верување во производот, харизма и способност за прилагодување на различни карактери на луѓето.

А, доколку мора да избереш три збора со кои би го опишал IQOS, тие би биле...

Промена, лидер, незаменлив.

Нашиот тим е секогаш тука за Вас, а на Вас останува само да уживате во вкусот на вистински тутун.

За да бидеме уште подостапни и поблиску до вас, отсега можете да нè најдете и на Facebook, на официјалната страница на IQOS Македонија.

IQOS

Најнови новости

IQOS турнејата продолжува во Охрид и Струга
Прочитајте повеќе
Зборуваме со тимот IQOS експерти
Прочитајте повеќе
Биди дел од IQOS CLUB
Прочитајте повеќе
IQOS пролетен квиз
Прочитајте повеќе