Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
16/06/2023
Посебните моменти се наменети за посебно одбележување!
Tокму тоа го направивме кога ја прославивме 3-тата годишнина на IQOS во Македонија - забава исполнета со
добра музика, дружба и незаборавни моменти, во екот на на секојдневните најкул трендови.
Омилениот Casa Bar беше нашиот избор на локација за оваа значајна пригода. На 10-ти јуни, со почеток во 12:00 часот, вратите се отворија, возбудата беше евидентна, додека бројот на гости кои беа желни да се нурнат во незаборавните искуства, се зголемуваше од минута во минута.
Да започнеме со нашиот Instagram corner:
Спојот на вкусови и уметничката презентација додадоа допир на елеганција на прославата. Но, тоа не е сè - иновацијата ја подигнавме на следното ниво со помош на вештачка интелигенција. Нашите миксолози со вештачка интелигенција создаваа уникатни и привлечни коктели кои ги изненадија и воодушевија нашите гости.
Секоја голтка беше излив на вкус, внимателно направена за да го збогати целосното искуство.
Музиката, исто така, беше подготвена со помош на AI. Преку гласање на Instagram Stories на @iqos.mk, нашата заедница имаше можност да ја обликува плејлистата и да ги избере своите омилени мелодии. Резултатот беше совршен спој на ритам што ја одржуваше енергијата на високо ниво, а подиумот за танцување преполн. DJ Chvare и DJ Goce наизменично ги вртеа траките избрани од посетителите во текот на целиот настан.
Покрај забавната атмосфера и добрата музичка селекција, поставивме IQOS зона каде секој корисник имаше можност да го исчисти својот уред и да добие одговори на сите прашања за светот на IQOS. На тој начин нашата заедница се поврза, сподели искуства и научи повеќе за иновативната технологија на IQOS.
Имавме подготвено посебно изненадување за нашите гости - уникатна музичка изведба на неверојатните Ringtones. Нивниот настап ја воодушеви толпата создавајќи наелектризирана атмосфера што ги крена буквално сите на нозе.
Прославата на три години IQOS во Македонија беше доказ за нашата посветеност да создадеме поинакво искуство за целата наша IQOS заедница.
Додека споделуваме со тебе детално како си поминавме, ја изразуваме нашата искрена благодарност до сите кои беа дел од овој настан и кои се дел од IQOS заедницата. Твоите ентузијазам и поддршка се тие што го направија IQOS тоа што е денес. Заедно, тргнавме на неверојатно патување и со нетрпение очекуваме уште многу години на иновации, заедништво и незаборавни моменти.
Запомни, добрите моменти вреди да се слават, а со IQOS, заедно создаваме моменти кои ќе останат со тебе засекогаш, па затоа, следи нѐ будно за да креираш уште едно ново искуство за претстојниот Д-Фестивал 2023.
Only IQOS.