11/07/2023

Поблиску до тебе: Нови IQOS локации

IQOS Мобилната зона е во движење, се сели од паркингот на Веро Тафталиџе, во Охрид, а ние ги доближуваме нашите услуги поблиску до тебе. Како и изминатите летни сезони, така и оваа година, IQOS мобилната зона ќе биде на добропозната локација, на кејот покрај Охридското езеро, во близина на пристаништето. Нашиот посветен тим од IQOS експерти e достапен на мобилната зона од понеделник до недела, од 10 до 22 часот, подготвен да ти го обезбеди целиот опсег на услуги што ги очекуваш од IQOS.

Постојано се стремиме да го направиме твоето искуство што е можно подобро и да сме што подостапни за тебе, па баш од оваа причина, досегашната локација во Веро Тафталиџе нема да остане без поддршка за постоечките и идни корисници. Веднаш по релокацијата на мобилната зона од паркингот, достапна е нова зона, внатре, во реновираните простории на маркетот Веро Тафталиџе. Работното време на оваа нова локација е од понеделник до сабота од 8 до 22 часот, а во недела од 10 до 20 часот.

IQOS Originals Duo уреди

Доколку си IQOS корисник, продажните места ти нудат:

  • • Купување на нов уред
  • • Подигнување на онлајн нарачка
  • • Чистење на уред
  • • Обука за правилно чистење на уредот со помош на оригиналните алатка за чистење и стапчиња
  • • Совети за правилно полнење на уредите со помош на оригиналните адаптер и кабел
  • • Комплетна тура низ IQOS светот од страна на IQOS експертите

Покрај тоа што нудат поддршка за корисниците, на IQOS продажните места ќе најдеш и широк избор на IQOS додатоци, што ги прави одлично место за да се подновиш, особено доколку сакаш да го „облечеш“ твојот уред во некоја летна комбинација.

Остани во тек за повеќе известувања и изненадувања во иднина. Се гледаме во Охрид и на старо-новата локација во Веро - Тафталиџе!

Only IQOS.

Најнови новости

The IQOS Summer Continues: Ljubanishta, See You August 28-31
Прочитајте повеќе
What does a curious summer look like?
Прочитајте повеќе
Refer and Receive – Now With Extra Benefits
Прочитајте повеќе
IQOS Вечер во Деус – Битола
Прочитајте повеќе