Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
28/07/2023
Сезоната на летувања и годишни одмори е во полн ек. Време е да го уживаш твоето долго-очекувано бегство, било тоа сам или со најблиските. Без разлика дали твојот избор е хибернација на плажа, активно истражување низ планина или урбана авантура во некоја метропола, IQOS уредот е твојот најважен сопатник. Во продолжение неколку IQOS патувачки совети:
Летните одмори се совршени за создавање на незаборавни спомени со пријателите, семејството, саканите. Спомени кои траат вечно. Додека се подготвуваш за твоето претстојно патување, не заборавај да го спакуваш IQOS уредот. Неговиот елегантен и компактен дизајн го прави идеален сопатник. Креиран со цел да ти пружи уживање каде и да си. Без разлика дали си опуштен покрај базен или споделуваш приказни околу логорски оган, IQOS го надополнува секое твоето искуство.
Нема потреба да се грижиш дали уредот ќе остане без батерија за време на патувањето. Со практичноста за полнење преку USB-кабел, можеш лесно да го наполниш твојот IQOS уред во кола, што го прави целиот процес уште поедноставен и подостапен, за загарантирано уживање без престан. Не заборавај го и комплетот за чистење за да се осигураш дека твојот IQOS уред ќе понуди врвен перформанс низ текот на целата авантура.
Веќе добро познато е дека IQOS има една единствена цел, а тоа е беспрекорно доживување. Затоа на нашите корисници им овозможивме огромен спектар на варијанти за персонализирање на уредите. Што и да избереш, биди сигурен дека IQOS ќе ти пружи ултимативни искуства. За релаксирано патување без стрес, погрижете се да ги спакувате сите неопходни IQOS додатоци. Заштитната футрола ќе го чува вашиот уред безбеден за време на патувањата, додека капачињата за држач и полнач, во најразлични бои, ќе му дадат уникатен изглед на твојот уред.
Вдиши ја позитивната летна енергија и вибрирај со адреналинот. IQOS уредот ќе биде покрај тебе да сведочи за возбудата. Епските зајдисонца и магичните изгрејсонца сега се твои, малите и едноставни нешта добиваат џиновски димензии. Ние во IQOS би биле пресреќни доколку ги споделиме малите парченца од твојата омилена летна авантура, со тебе. Да се инспирираме меѓусебно, како и секогаш.
Ти си наша инспирација!
Only IQOS