01/08/2023

Мистериозен однадвор, моќен однатре: Новиот IQOS ORIGINALS DUO Iridescent Purple

Кога иновативната технологија и беспрекорно елегантната естетика ќе се фузираат во еден уред, резултатот инстантно освојува на прв поглед, а уште повеќе по прво користење. На сцената во IQOS универзумот настапува нова атракција – IQOS ORIGINALS DUO Iridescent Purple.

Обвиен во атрактивна мистериозна надворешност, функционално усовршен и недискутабилно моќен во внатрешноста, новиот уред е лимитираната едиција инспирирана и дизајнирана за членовите на IQOS заедницата со префинет вкус.

IQOS Originals Duo Iridescent Purple уреди

Во својата суштина, IQOS ORIGINALS DUO Iridescent Purple е супериорна алтернатива на пушењето, која благодарение на керамичкото сечило за загревање, оптимално го загрева тутунот наместо да го согорува и овозможува вистински вкус на тутун, без чад и пепел.

Компактен е и совршено „легнува“ во раката, а тука е и опцијата за персонализирање на уредот, односно овој елегантен уред можете да го претворите во ваш уникатен придружник. Имено, самата лимитирана едиција одлично се комбинира со капаците за полнач и капачињата за држач од портфолиото на IQOS додатоци во привлечните нијанси: Lilac, Sunset Lavender, Electrical Teal, Steel Blue, Copper и Brilliant Gold.

Привлечната визија е идеална најава за она што ве очекува од IQOS ORIGINALS DUO Iridescent Purple, а впечатоците вклучуваат само суперлативи.

Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.

Најнови новости

Молекуларна миксологија со IQOS во East Gate Mall
Прочитајте повеќе
Дочекај го летото со нов IQOS пакет
Прочитајте повеќе
IQOS отвора нова урбана продавница во Тетово
Прочитајте повеќе
Кога традицијата ќе се сретне со уметноста на новото време
Прочитајте повеќе