Поедноставно и почисто искуство.
„Сѐ во едно уред“
23/08/2023
IQOS караванот не е една обична приколка. Караванот претставува модерна мини IQOS зона, дизајнирана за да може на лесен и едноставен начин да го доближи светот на IQOS до тебе. Во продолжение ти ги претставуваме практичните аспекти на IQOS караванот, неговата намена, неговата мисија и услугите што ги нуди.
IQOS караванот е нашата брзо и лесно подвижна зона. Започна со работа во јуни 2022 година и има за цел едноставно да се транспортира низ градовите во земјата. На овој начин овозможуваме непосредена комуникација со нашите постоечки и потенцијални корисници во што поголем број на градови.
Уште од своето деби, IQOS караванот покрива значителен терен, застанувајќи низ повеќе од 10 македонски градови. Бевме во Дојран, Прилеп, Струга, Битола, Скопје, Кавадарци, Велес, Кочани, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Неготино. Бевме дел од настани како што се Д-фест, Пиволенд, Пастрмајлијада. Караванот е секогаш стратешки сместен во срцето на секоја од локаците. Тоа значи дека е лесен за наоѓање и супер достапен.
Новата локација на мапата на IQOS караванот е Крива Паланка. Таму ќе биде до 29-ти август. Работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот. Во овој период возрасни пушачи ќе имаат можност да го истражат светот на IQOS и сите негови понуди, а постоечките корисници ќе можат лесно да добијат поддршка.
Како и регуларните IQOS продажни места, така и караванот ти ги нуди сите потребни услуги. Можете да купите IQOS уреди и да најдете низа додатоци кои го подобруваат искуството. Од алатки и стапчиња за чистење до адаптери и кабли, IQOS е сега поблизу до тебе. А за сите кои размислуваат да се префрлат на IQOS, опцијата „Пробај IQOS на 14 дена“ овозможува да изнајмиш уред на 14 дена, со бесплатна испорака до твојот дом и да ја искусиш нашта иновативност.
IQOS караванот е повеќе од мобилна станица. Тој е продолжение на нашата поддршка и ангажман со IQOS заедницата. Доближувајќи се поблиску до тебе, заедно градиме пат до новата иднина, без чад.
Only IQOS