28/09/2023

IQOSxAЯMMA на 27-то издание на Skopje Fashion Weekend

Љубители на модата и тренд ентузијасти, време е да заокружите нови датуми во вашите календари!

Од 28-ми до 30-ти септември, претстои нов викенд посветен на модата. Skopje Fashion Weekенд (FWSK) се враќа во главниот град, на нова локација: извонредниот комплекс Урбан Гарден (Urban Garden Complex), ветувајќи три дена исполнети со префинетост, креативност и иновација.

Со гордост ти соопштуваме дека и на ова 27-мо издание на Skopje Fashion Weekеnd IQOS повторно ќе биде присутен, со нова соработка. Како и секогаш така и овој пат, ти носиме незаборавно искуство кое ги спојува модата и технологијата на возбудлив и елегантен начин.

Модна фузија: IQOS соработува со локални таленти

Дозволете ѝ на уметноста да сјае: IQOS ги здружува силите со талентираната дизајнерка Амра Исмани, креативниот ум зад брендот „AЯMMA“. Резултатот? Спектакуларен судир на модата и технологијата, каде што брилијатните нијанси на најновата колекција „AЯMMA“ црпат инспирација од боите на IQOS ORIGINALS.

Дизајни на Амра Исмани

Не пропуштајте ја: „Тога Пула II’’

Во сабота, на 30-ти септември, ќе се случи големото финале на FWSК. Во 21:00 часот, пистата ќе блесне со модната ревија на колекцијата „Тога Пула II“ која ќе биде поддржана од IQOS. Ќе имате можност целосно да му се препуштите на магичниот спој на најсовремената мода и иновативниот дух на IQOS - синергија која ветува дека ќе ја редефинира твојата модна перцепција.

IQOS изненадување за нашите лојални корисници

Врвното искуство на членовите на IQOS заедницата ни е секогаш на прво место. За нашите корисници кои ќе присуствуваат на FWSК, имаме специјално изненадување: „АЯММА“ ексклузивни подароци кои ќе бидат претставени како ‘шлаг’ на настанот. Сè уште не ги откриваме точните детали, за возбудата да остане на завидно ниво.

IQOS е повеќе од искуство:

Низ целокупниот FWSК, IQOS тимот, како и секогаш, ќе биде посветен на твоето искуство. Нашите експерти елегантно облечени во дизајните на „AЯMMA“, ќе бидат на располагање за да ти обезбедат безусловна поддршка. Ова вклучува услуги за чистење и полнење на вашите IQOS уреди, проследени со подароци.

Но, тоа не е сè – нашите експерти ќе бидат достапни и за да споделат совети за предностите на IQOS и да дадат информации за сите тековни понуди, како би се осигурале дека ќе го искористиш максимумот од твојата посета на FWSК.

IQOS тимот нестрпливо те очекува на креирање позитивни искуства и спомени!

Најнови новости

5 брзи совети за максимално уживање во неделното утро
Прочитајте повеќе
Секој петок има своја приказна – твојата почнува на afterwork во Bonobo
Прочитајте повеќе
Промената започнува сега
Прочитајте повеќе
Нови искуства, нови моменти, нова инспирација во IQOS Spaces
Прочитајте повеќе